Велат дека убавината е во очите на оној кој ја бара, но еден неодамнешен експеримент покажа дека очите не се разликуваат само од човек до човек, туку и од култура до култура.
Ештер Хониг, 24-годишна новинарка од Канзас, испратила неуредена слика од себе на 40-тина фотошоп уметници во различни земји. Со фотографијата испратила и едноставно барање: “Направете ме убава.”
Со различен степен на вештини, некои од авторите и ја сменила бојата на кожата, некои и додавале шминка и исцртани веѓи, други пак, ја оставиле онаква каква што е. Иако структурате на нејзиното лице во основа останала непроменета, некои култури додале и делови од гардероба, како на пр. во Мароко и додале бурка.
Експериментот на Хониг дополнително ни покажа колку е тешко да се најде универзален стандард за убавина. “Photoshop ни дозволува да постигнеме неостварлив стандард за убавина, но кога ќе ги споредиме овие стандарди на глобално ниво, сфаќаме дека е сé поневозможно да се постигне идеалот.”
Погледнете ги интерпретациите кај некои од културите и посетете ја страницата на Хониг за да ја погледнете целата нејзина колекција на Пред и Потоа фотографии.
Бангладеш
САД
Филипини
Мароко
Аргентина
Виетнам
Израел
Грција
Индија
Србија
Украина
Оригиналната фотографија
Кога си веќе тука…
Неколку работи кои може веднаш да ги направи:
- Стани член на нашата Facebook група.
- Ако веќе сте член, покани ги и твоите пријатели во групата.
- Сакаш да научиш повеќе? Погледни ги нашите студиски програми и курсеви.