СПОДЕЛИ

Научете сè што треба да знаете за да може да почнете да креирате Android апликации со Android Studio и Android SDK. Курсот почнува со краток преглед на историјата на Android и последната верзија, Android 6.0 (познат како Marshmallow). Потоа, откако ќе ја прилагодиме околината за развој, ќе ви покажеме како да подготвите физички и виртуелни уреди за тезтирање и да креирате нов проект: апликација за пазарење за фиктивна компанија за спортска опрема. Употребувајќи ја оваа пример апликација, ќе ви демонстрираме како да дефинирате кориснички интерфејс со XML и виџети, да го контролирате однесувањето на апликацијата со Java, да прилагодите  навигација на “екран помеѓу” и да прикажете листа на податоци и слики. Дополнително, ќе научите како да обезбедите поддршка за различни екрани и густини на пиксели на повеќе од 24.000 Android модели, колку што се моментално на пазарот.

Теми:

  • Инсталирање и конфигурирање на Android Studio
  • Креирање виртуелни уреди и поврзување физички уреди за тестирање
  • Работа со датотеки за проекти како манифестот и Gradle скриптите
  • Дефинирање кориснички интерфејс
  • Менување на теми на материјален дизајн и стилови
  • Прикажување пораки
  • Работа со настани и менување на ориентација на екран
  • Прикажување слики
  • Работа на навигација со активности и распореди
  • Поддршка за различни големини на екран
  • Работа со податоци

Кому му е наменет овој курс?

Овој курс им е наменет на:

  • почетници, заинтересирани за учење на Java програмскиот јазик
  • програмери и девелопери кои сакаат да градат софтвер и системи во Java
  • студенти

Предзнаења

За следење на овој курс потребно е поседување основни предзнаења за програмирање.

Практичен дел

Во рамки на практичниот дел од курсот, студентот ќе добие задачи кои ќе треба да ги изработи и достави до својот ментор.

Сертификат

По успешното завршување на курсот, учесникот добива сертификат за успешно завршен курс. Под успешно завршување се подразбира навремено доставување на најмалку 80% од предвидените задачи.

Формат на курсот

Курсот се изведува на далечина, со користење на методологијата менторирано учење на далечина.

Цена

7.669 ден (пакет Премиум)

Вклучено во цената

  • 30 дена пристап до материјалите за учење
  • 4 x 15 мин. менторски сесии (1-на-1, online)
  • сертификат за успешно завршен курс

Ментори

Бојан Илијоски е асистент – докторанд на факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство на предмети од областа на програмирање, алгоритми, податочно рударење, интелигентни системи и сл. Покрај академската кариера има работено и како софтверски инженер за развој на web апликации и апликации за мобилни телефони. LinkedIn

Иван Илиески е софтвер инженер со повеќе годишно искуство. Има работено на банкарски апликации со сензитивни безбедносни функционалности за клиенти од Швајцарија исто така има работено на апликации со специфичен дизајн и анимации. Моментално работи во Netcetera како mobile developer за Android и Ios.
LinkedIn

Прашања?

Доколку имате било какво прашање, обидете се одговорот да го најдете во делот Одговори на најчесто поставувани прашања.

предупредување

пријава

Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.