СПОДЕЛИ

На 26 април ќе се одржува третиот Tech.O настан

Валосо Хуб Ве поканува да бидете дел од третиот Tech.O настан закажан за 26 април со почеток во 18 часот. На настанот ќе гостуваат тројца интернационални говорници кои ќе зборуваат на разни теми поврзани со најновите трендови во светот на ИТ и бизнис.

За оние кои не се запознаени со Tech.O, тоа е настан кој се фокусира на обединување на македонската ИТ и бизнис сцена, односно претприемачи, сопственици на стартап компании, ИТ експерти, инвеститори и талентирани млади луѓе. Ова претставува одлична можност за сите кои имаат иновативни идеи, сакаат да слушнат различни искуства, да се запознаат со најновите трендови во ИТ индустријата и да стекнат деловни контакти.

По два успешни настани, може да очекуваме и овој настан да достигне сличен или поголем успех. Проверете сами. Погледнете како се одвиваше вториот Tech.O настан во следното видео:

Регистрирајте се и бидете дел од овој ексклузивен настан.

За повеќе информации како и комплетната програма, посетете ја официјалната веб страна.

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.