СПОДЕЛИ

Го употребувате секој ден за трансакции на пари, за истражување, за пазарење и социјални медиуми, но, дали знаете како работи? Во овој курс, ќе ве запознаеме со технологијата која стои зад вебот, терминологијата и начинот на кој сите работи се вклопуваат за да овозможат веб сајтовите да работат. Курсот дава краток преглед на вклучените технологии (HTML, CSS, URL, DNS, HTTP, и  IPv6), и ја објаснува разликата помеѓу front-end (она што го гледаме) и back-end (она што не може да го видиме) на вебот, а сето тоа во водич низ светот на домените, серверите, базите со податоци и технологиите на “едноставен македонски јазик”.

Теми

  • Работа со веб клиенти и сервери
  • Разгледување на HTTP
  • Како работат прелистувачите
  • Структурирање на HTML
  • Контролирање на презентацијата со CSS
  • Скриптирање со JavaScript
  • Работа со податоци
  • Работа со систем за управување на содржина (како WordPress)
  • Употреба на услуги во облак

Кому му е наменет овој курс?

Овој курс им е наменет на оние кои сакаат да станат веб професионалци и сакаат да градат кариера во областа на вебот.

Практичен дел

Курсот е од теоретска природа и не содржи практичен дел.

Формат на курсот

Курсот се изведува на далечина, но не содржи менторска помош.

Цена

  • 0,00 ден

Вклучено во цената

  • 10 дена пристап до материјалите за учење

Прашања?

Доколку имате било какво прашање, обидете се одговорот да го најдете во делот Одговори на најчесто поставувани прашања.

пријава

Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.