Досега веројатно дознавте дека да се биде веб развивач е доста добро платена работа која можете да ја работите самостојно односно како фриленсер за клиенти од целиот свет, или како член на поголем тим. Со искуството што ќе го стекнете, еден ден можеби ќе решите да основате и своја фирма во која ќе вработите поголем број специјалисти и ќе ја подигнете целата работа на едно сосема повисоко ниво.
Сето тоа веројатно ви звучи убаво, но најверојатно ќе се соочите со голем број прашања, како на пример:
- Што навистина треба да знам за да бидам веб развивач?
- Како да откријам која од различните технологии и јазици се вистинските за мене?
- Какви видови на работа постојат во веб развојот?
- Како навистина изгледа процесот на веб развој?
- Како да почнам да составувам портфолио за веб развој?
- Како да најдам клиенти, особено на почетокот?
- Што треба да знам за договори и работа со клиенти?
- Како да знам колку да ги наплатувам моите услуги?
- Како изгледа еден ден од животот на хонорарен веб развивач?
Со цел да ви помогнеме да го најдете одговорот на сите овие прашања па дури и многу повеќе од тоа, ја подготвивме книгата Како да станете веб развивач. Книгата е бесплатна за сите регистрирани корисници на блогот на веб академијата Еверест. Ако до сега не сте се регистрирале како корисник на нашиот блог, еве ви шанса тоа да го направите.
Преземање на книгата
За да ја преземете книгата треба прво да се најавите на нашиот блог (клик на НАЈАВА, сосема горе-лево) и дури потоа да кликнете на линкот
Внимание: Ако не сте најавени а кликнете на копчето за преземање, ќе добиете порака за грешка No Access.
Регистрација на нови корисници – кликнете врз линкот “НАЈАВА” во горниот лев дел од овој прозорец и потоа регистрирајте се како нов корисник со клик на CREATE AN ACCOUNT. Веднаш по регистрацијата ќе добиете меил со лозинка.