СПОДЕЛИ

Иновациите во Македонија допрва ќе се развиваат

Во денешната епизода на Вистински приказни наш соговорник е Александар Тасев, основач на Акота и Balkan Unlimited која стои за Balkan Venture Forum.

За почеток објаснете ни што всушност значи поимот ‘индустрија на иновации’ затоа што е релативно нов поим во нашата земја.

Иновациите се комерцијална примена на некој нов производ, технологија, нов бизнис модел, нова постапка. Морам да направам разлика со поимот инвенција кој значи технолошки производ без комерцијална примена. За разлика од иновациите каде има комерцијална примена во секојдневниот живот.

Според тоа колку има иновации од една земја се гледа и нејзиниот развој, мислите ли дека Македонија има потенцијал да биде земја од која ќе потекнуваат некој идни иновации?

Апсолутно, земјите се делат на земји чии развој се базира на иновации и земја кои го следат традиционалниот модел на развој односно нивниот развој се базира на оптимизација на трошоци. Водечките компании во светот се базирани на иновации како на пример во Америка, во Македонија за жал сеуште економијата се базира на оптимизација на трошоци. Сo самото тоа има голем потенцијал за развој на индустрија на иновации, а подоцна и економијата да почне да се базира на иновации.

Всушност Вие мислите дека не е доволно развиено но, дека има потенцијал допрва да се развива?

Да, има едно истражување кое дава информациија за тоа колку од вкупниод бруто домашен производ се влоѓува во иновации, во Европската Унија таа бројка е 2,2% од БДП додека во Македонија е 0,02%. Многу земји во нашето соседство вложуваат многу повеќе вложуваат во иновации на пример Србија, Хрватска, Словенија кои се блиску до европскиот просек. Недостига тоа вложување и од државниот и од приватниот сектор, но сепак во последните години тоа почнува да се менува па со наредните истражувања ќе видиме колку тоа е променето.

AleksandarTasev (2) Сведоци сме дека иновациите најмногу развој имаат во информатичката технологија , сметате ли дека тоа ќе остане тендиција или можеби иновациите ќе почнат да функционираат и во другите индустриски гранки?

Информатичката технологија бара многу мал капитал да се вложи за да се создаде некаков производ со самото тоа што има достапност и процесирање на информации им се овозможува на луѓето да комуницираат поефикасно носи голема вредност и е голем предводник на иновациите во целиот свет. На ниво на ЕУ има иницијатива за дигитална Европа за кое ЕУ вложува многу средства во дигитална економија. Информатичката технологија е навлезена во сите гранки економија, комуникација, медицина земјоделство. И оние кои не се занимаваат со информатичка технологија можат да го очекуваат бранот на иновации во своите гранки.

Кажете ни нешто повеќе за Вашата организација и како Вие би им помогнале на младите кои сакаат да се занимаваат со овој сектор?

Јас сум од непрофитна организација Балкан – aнлимитед и се занимава со подршка на млади претприемачи и иноватори, кога почнавме да го организираме првиот и најголемиот балкански настан за иновации и инвестирање, Балкан Венчр форум го одржавме до сега седум пати во седум различни држави во Балканот и тоа продолжува. Таму се собираат најдобрите иноватори заедно со инвеститорите. Toa е иницијатива која треба да продолжи, секако можете да не’ следите на нашата веб-страна. Од 2013 почнавме да се занимаваме со директна подршка и едукација на иноватори односно трениг на претприемачки видови компании преку првата екселаторска програма во Македонија која се вика Супер фаундерс, која истовремено беше прва и во Црна гора и Босна и Херцеговина бидејќи ја проширивме програмата и на регионално ниво. Програмата се одржа пет пати досега со преку триесет и пет учесници од целиот регион. На есен почнува и новата програма во меѓувреме можат да не’ следат на сајтот за да се информираат за сите новости на интернационално ниво. Се надевам дека ќе стапиме во контакт за да видиме колку би можеле што има потреба и како би ги консултирале.

AleksandarTasev (3)Кажете ни дали младите кои сакаат да се занимаваат со оваа професија имаат можност за тоа во нашата земја или тоа сепак е повеќе карактеристично за странство?

Ако некој сака со нешто да се занимава секако дека може да го постигне тоа. Секогаш постојат бариери, за жал во Македонија се дефинитивно малку поголеми во споредба со некои други земји, но и покрај тоа имаме успешни примери, создаваат вредност во економијата одржуваат успешни фирми, вработуваат луѓе иако не се глобални лидери. Ќе нагласам дека овде иновациите се излезот за индивидуалецот, преку нив може човекот да го искористи својот потенцијал нормално треба да работи на себе, да истражува, да се едуцира и да ги повишува своите стандарди во работењето и очекувањата од околината. Ако го има сето тоа мислам дека може да има успешна приказна во индустријата на иновации.

Интервјуто го водеше: Елена Максимова
Камера & монтажа: Сандра Ѓорѓиева

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.