СПОДЕЛИ

Во денешната епизода на Вистински приказни наша гостинка е г-ѓа Јасмина Поповска, директор на Фондот за иновации и технолошки развој (www.fitr.mk) со која нашата колешка Елена Максимова разговараше за финансирањето иновативни проекти и останатите можности кои Фондот им ги нуди на компаниите и младите претприемачи.

На ова поднебје постои убедување дека за да се започне сопствен бизнис потребно е да се поседува капитал. Дали сметате дека ова е точно? Дали, и каков капитал според вас е потребен за да се започне успешен бизнис? Дали капитал се само пари или е потребно и нешто друго?

За да се започне бизнис секако дека се потребни финансиски но и човечки ресурси затоа што сите идеи и иновативни решенија доаагаат токму од самите вработени кои тековно работат во бизнисот, кои што се соочуваат со сите предизвици и преку секојдневните истражувања можат да добијат идеја за подобрување на некоја услуга или производот. Бизнисите во Македонија често се соочуваат со проблеми од недостиг на човечки или финансиски капитал, тоа е заклучок од истражувањата кои се направени во Македонија. Мисијата фондот е да помага на старт-ап компаниите при обезбедување на финансиските средства за да се имплементира некои иновативно решени меѓутоа и за градење на капацитети им нудиме дополнителна техничка помош, затоа што луѓето што штотуку започнале свој бизнис имаат потреба да ги изградат своите капацитети и доколку немаат доволни кадри ги стимилираме да соработуваат со научно-високообразвни институции и на тој начин да дојдат до кадри и да остварат соработка.

Минатата година со работа започна државниот фонд за иновации и технолошки развој. Какви можности нуди фондот и кому му се наменети?

Фондот за иновации почна со работа во 2014 година првата година беше посветена на изградба на тимот а веќе во 2015та почнаа и првите повици. Интересно е што имаше интерес уште пред фондот да почне со работа. Многу истражувања ја покажале потребата од фондот бидејќи стартапите тешко доаѓаат до финансиски средства пр. кредит во банка. Самите подготовки за воспоставување на Фондот за иновации започнува уште во 2012 година со стратегијата за иновација и 2013 со Законот за иновациска дејност.

Фондот за Иновации нуди подршка на микро, мали и средни бизниси преку четири инструменти:

Првиот е за стартап и спиноф претпријатија до 30000 евра за иновативни решинија кои би ги преминеле и преку комерцијализација би заработиле, под стартапи подразбираме претпријатија кои не работат повеќе од шест години а под спиноф подразбираме академски или корпоративни претпријатија односно претпријатија кои се основани од научно-високо образовни институции кои го користат претпријатието за да коме за претпријатија кои сакааат да за претпријатија кои сакааат да за претпријатија кои сакааат да за претпријатија кои сакааат да за претпријатија кои сакааат дарцијализираат некакво истражување. Кај корпоративните компании подржуваме проекти кои компаниите сакаат да ги издвојат од другите бизнис операции.

Втор инструмент е за комерцијализација на иновации за претпријатија кои сакаат да комерцијализираат некој свој производ.

Освен овие два инструменти кои се однесуваат на иновациите имаме инструменти имаме инструмент за трансфер на технологии кои е наменет за микро мали и средни бизниси кои сакаат да ги унапредат своите технологии за да бидат поконкуренти и за да го подобрат извозот.

Последниот инструмент е за подршка на деловно-технолошки акцелератори. Тоа се субјекти за давање инфраструтурна подршка на иновациска дејност кои би дале дополнителен стимул во стартап еко-системот кој што би дале подршка во период од шест мест месеци интезивно да поминат во период на крадење на капацитети и пазари и би им го олесниле самиот опстанок и го намалиле успехот за нивниот неуспех.

Меѓу досега пристигнатите апликации ви пристигнаа и многу несоодветни проекти, особено од лица кои можеби имаат погрешно мислење за тоа што е иновација. Можете ли да ни објасните што всушност е иновација и што треба да поседува еден проект за да се смета за иновативен?

Иновациите подразбираат нешто што е ново може да е радикално решение во светски рамки но и може да е значително подобрување на веќе постоечки производ или услуга, треба да решава некаков проблем и секако да има комерцијална примена. Разликата меѓу инвенција и иновација е тоа што инвенцијата нема комерцијална вредност. Важно е во апликациите кои се доставуваат до фондото детално и прецизно да се објасни што е иновативното во тоа решение. Треба да се внимава и на пазарнипт потенцијал да има што поголема можност за извоз, јасно да се дефинирани начините за излез на пазарот, кои ќе бидат каналите дистрибуцијата и маркетингот. Претходно да има направено истражување со потенцијалните клиенти. И да има билансиран тим и технички кадар но и кадар за промоција и дистрибуција на самиот производ и на крај квалитетот на производот. Информациите да се презентираат јасно и детално.
Дали можете да ни кажете кои се критериумите за избор на иновативно решение? На што треба да внимаваат идните апликанти за да си ја зголемат веројатноста за успех?
Секој повик јавно го објавуваме и кажуваме колку средства ќе бидат издвоени за тој јавен повик, се зависи од тоа колку пријави ќе пристигнат и колку се квалитетни. Од тоа зависи на кој ќе му бидат доделени истите средства.Секојпат имате различни проекти со кој се натпреварувате. Важно за фондот е дека уште со неговото основање е обрнано посебно внимание на објективноста и транспарентноста во процесот на доделување на средства, токму затоа е формирано посебно тело Управен одбор тоа е комитет за доделување на инвестиции кои е составен со пет меѓународни експерти со над десет години работно искуство кои се кредибилитетни за да оценат кои проекти треба да бидат финансирани, истите можат да консултираат експерт од соодветната област. Секогаш правиме оценка на влијанието врз животната средина за да избегнеме финансирање на проекти кои влијаат негативно на животна средина. Нормално е дека бројката на апликантите ќе биде поголема во однос на бројката на апликанти кои ќе добијат средства но, сепак нивото на предло-проекти кои добиваат финансиска помош е многу висок во однос на други фондови кои работат во истава област. Оние кои се одбиени добиваат насоки за подобрување на нивниот проект за да го подобрат и аплицираат на некој нареден повик.

jasmina002Вашите јавни повици побудија голем интерес кај македонската јавност. Разбирливо, имаше доста одбиени апликанти меѓу кои има и такви кои се сомневаат во веродостојноста и квалитетот на избраните проекти. Некои одат и дотаму велејќи дека финансирањето се доделува по партиска линија. Кој всушност одлучува за тоа кое решение ќе се финансира а кое не?

Фондот подршката ја дава во вид на финансиски средства а не во капитал ние не се мешаме во сопственоста, кога некоја фирма ќе доби финансиска помош таа потпишува клаузули кои ја обврзуваат доколку проектот успее да враќа кон фондот 5 % од годишниот приход само од тој производ со цел да се финансираат и други претпријатија кои имаат добри идеи меѓутоа имаме горна граница дека не може да врати повеќе од 120 % од тоа што сме му го исплатиле затоа што не сакаме во недоглед да оди враќањето кон фондот затоа што така може да се наруши растот на компанијата. Од друга страна ако овој период заврши а ништо не е вратено кон фондот завршуваат и обврските затоа што после пет години иновацијата веќе е застарена.

Во развиениот свет иновациите се веќе силно развиена индустрија. Вообичаена пракса е инвеститорот, во случај кога сака да инвестира определена сума пари во некој иновативен проект, за возврат да бара определен процент сопственост во компанијата. Дали такво нешто бара и фондот за иновации од апликантите? Кои се условите кои вие ги барате и по што се разликувате од останатите фондови?

Пред да се основа фондот стартап претпријатијата немале можност за финансиска поддршка, претходно банките не влегувале во ваков тип на инвестирање претпријатијата се потпирале на сопствени извори на средства или од роднини пријатели и блиски луѓе, тоа е во ред, тој начин секогаш ќе си постои, тоа постои и во развиниети земји а не само во Македонија. Моја лична препорака е секој што има зрела идеја да аплицира бидејќи има можност што подоцна не би ја имал. Тоа ќе им биде искуство плус. Оние компании кои се селектирани некој 50–60 % се среќаваат со Комитетот за одобрување иновации и од нив добиваат директен фидбек за својот прокт.

Бројот на ново-отворените мали приватни бизниси со сигурност ќе биде многу поголем од бројот на проектите кои фондот може да ги финансира. Секогаш ќе има поединци кои ќе сакаат да започнат свој бизнис со свои или со средства од родителите. Што би им препорачале на оние кои можеби и никогаш нема да се решат да се јават на вашите јавни повици за финансирање?

Она што ние го бараме од апликантите е нешто што е стандард кој би бил интересен за инвеститорот да одлучи да инвестира. Во секој дел има одделни прашања кои водат до тоа што треба да биде понудено како информација и на што да обрнат внимание во апликацијата. На сите они кои од одредени причини нема да аплицираат им препорачувам да ги погледнат формуларите и да размислат подетално за пазарниот капитал, иновативноста и растот на нивниот бизнис. Фондот финансира новитети затоа што секаде во светот воведувањето на иновации е пресудно за опстанокот на фирмите бидејќи тоа им дава конкурентска предност. Компаниите веќе не можат да се борат со ценовна стратегија бидејки тоа е на краток рок.


jasmina004За крај, која е вашата порака до младите претприемачи и оние кои тоа сакаат да станат? На што да посветат најмногу внимание? Што може да им помогне најмногу за успех во приватниот бизнис за кој сонуваат?

Најважно е да се обидуваат и да ги користат сите можности, не само од фондот туку и од другите институции кои подржуваат млади претприемачи, за да се стекнат со нови знаења и вештини кои ќе им помогнат да успеат. Значајно е градењето на сопствените капацитети. Во малите претпријатијата целиот тим кој раководи е составен од неколку луѓе. На почетокот е тешко но ако идејата има потенцијал таа ќе успее. На почетокот може идејата нема да биде прифатена бидејќи прво доаѓа иновацијата па потоа и пазарната потреба за неа.

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.