СПОДЕЛИ

Во последниве години, дизајнот на корисничко искуство или UX (User Experience) стана се попопуларна тема во заедницата на веб дизајнери, во која дискусиите се потпираат на успешни примери на добар UX дизајн.

Во однос на веб сајтовите, овој термин ги покрива сите аспекти на корисничко искуство на еден одреден сајт. Со други зборови, визуелниот распоред, архитектурата на информации, лесната употреба, графиките, интеракцијата со корисникот, сé. Дизајнот на кориснички интерфејс и HCI, или Human Computer Interaction (Интеракција помеѓу човекот и компјутерот) се вклучени во UX.

UX дизајнот ги влече своите корени од доцните 40-ти на минатиот век кога машините стануваа покомплексни и поприсутни во секојдневниот живот, но дури во 90-тите се популаризираше концептот на дизајнот на корисничко искуство и неговата врска со употребата на компјутерите.

Тој претставува мултидисциплинарно поле кое покрива аспекти од социологија, психологија, графички и индустриски дизајн и когнитивна наука.

ВИСТИНСКИ МОМЕНТ ЗА UX

Главната причина зошто сега е вистинскиот момент да станете дизајнер на кориснички интерфејс е тоа што компаниите сега го потенциираат токму тој елемент.

Влијанието на доброто корисничко искуство јасно се гледа во примерот на Apple. Сeкој детаљ е земен во предвид и ништо не е таму случајно. Ако некогаш сте биле во една од нивните продавници, тогаш знаете какво е чувството кога влегувате во нив. Се чувствувате сигурно и убаво. Опкружени сте со високо квалитетна технологија, при рака имате помош ако ви затреба и, дополнително, може да си поиграте со сите супер уреди за кои луѓето зборуваат. Дури не мора ни да чекате ред за да платите.

Ова е дизајн за потрошувачко искуство на работа, меѓутоа принципот е ист, а и резултатот. Кој не би сакал да купи нешто од средените и сјајни Apple продавници наместо Wal-Mart или Best Buy?

За да погледнете успешен пример за дизајн на кориснички интерфејс на интенет, погледнете го  Amazon  кој со процесот 1-Click Checkout ја зголеми стапката на конверзија. Корисничкото искуство за купување беше подобрено, а Amazon ги собра сите награди.

Ваквите примери ги присилија компаниите да вработат, или барем да консултираат, UX дизајнери за да им помогнат да ги подобрат искуствата на нивните клиенти. Понекогаш потребни се целосни преработки, а понекогаш само по некој детаљ.

Корисничкото искуство подразбира обезбедување на најдоброто искуство кое вашите корисници може да го имаат употребувајќи го вашиот продукт. Тоа може да значи да понудите нешто поинакво, уникатно или познато и пријатно, во зависност од тоа што е најсоодветно за вас.

ЗОШТО СЕГА?

Зошто сега компаниите инвестираат сé повеќе и повеќе во оваа област? Зошто не беше вака пред пет години? Причината е едноставна: сé повеќе компании се конкуренти на исти пазари и развиваат исти продукти, па затоа им треба предност со која ќе се издвојат.

Еве, повторно да ги погледнеме Apple. Samsung, HTC и останатите развија смарт телефони кои може да се натпреваруваат со iPhone на различни нивоа, па на Apple му требаше нешто за да остане во предност. Тие  се концентрираа на корисничкото искуство, вклучуввајќи ги тука и интерфејсот, App и iTunes продавниците и нивните физички продавници.

Клиентите почнаа да забележуваат колку време е посветено на деталите. Да имате убав телефон е супер, но сега клиентите бараат повеќе. Тие сакаат искуството на купување да е нешто во што уживаат, особено кога станува збор за поскапи парчиња.

Има уште една, многу едноставна причина зошто сé повеќе компании инвестираат во корисничкото искуство, а тоа е дека корисничкот искуство функционира. Кога гледаат каков успех постигнале другите со добар UX дизајн, компаниите се спремни да потрошат пари за да сменат нешто.

Поголемите компании имаат дизајнери на корисничко искуство со полно работно време, па дури и цел оддел со главен менаџер за искуство или CXO (Chief Experience Officer), додека пак помалите компании ангажираат консултанти по потреба. Независно од големината на команијата, UX дизајнот станува важен дел од стратегијата за брендирање.

ДОБАР UX ЗНАЧИ ИНОВАЦИЈА

Важно е да напоменеме дека добриот дизајн на корисничко искуство не само што значи посреќни клиенти, туку и значи да донесете нешто ново, нешто на кое никој друг не се сетил. Amazon беа првите кои го имплементираа и патентираа процесот на 1-Click checkout. Не постоеше ниту еден едноставен мобилен интерфејс се до првиот iPhone. Таблетите постоеја и пред Apple да го пушти во продажба својот прв iPad, но Apple креираше и причина зошто да го купите.

Фактот дека  Apple е една од најиновативните компании и дека е еден од најдобрите примери за успешен дизајн на корисничко искуство не е случаен. Исто, како што не е случаен и фактот дека некои од најпопуларните концепти на корисничко искуство се од многу успешни фирми.

Ова ни покажува колкава разлика можат да направат деталите. Компаниите кои инвестираа во UX порано, сега уживаат во придобивките на нивниот високо-ризичен, но и многу награден, пристап.

ЗОШТО Е ОВА ДОБРО ЗА ВАС?

Не мора да сте генијалец за да сфатите: се бараат дизајнери на корисничко искуство. Само набрзина пребарајте  UX работни места на некој сајт за вработување или хонорарсна работа и ќе добиете стотици резултати. Всушност, најмногу од работните места за веб дизајн во моментов во описот вклучуваат и дизајн на кориснички интерфејс.

Уште една важна работа која треба да ја имате на ум е дека бројот на вештини кои се браат се зголемува, а бројот на членови во тимовите се намалува. Ова наизглед се чини негативно, но погледнете од овој агол: за да бидете  UX дизајнер, веќе треба да сте графички, веб или мултимедиа дизајнер. Не може да почнете од ништо, и да станете UX дизајнер за еден ден. Ви треба пошироко искуство во дизајнот за да специјализирате UX, што значи дека добрите дизајнери на корисничко искуство имаат повеќе од една вештина. За среќа, огласите за работа покажуваат дека токму такви дизајнери и се бараат.

Во денешно време, од графичките дизајнери се очекува да знаат барем малку да кодираат, а од веб дизајнерите да знаат да се справат со back-end развојот. Колку повеќе вештини имате, толку поголеми ви се шансите, а ако на тоа додадете и дизајн на корисничко искуство, дополнително ги зголемувате.

ЗАКЛУЧОК

Во моментов побарувачката е голема, но голема е и конкуренцијата. Да станете добар дизајнер на корисничко искуство не е лесна опција, но е многу профитабилна. Бидејќи станува збор за поле кое опфаќа неколку области во себе, различни проекти ќе бараат различни вештини, а поединечните вештини како кодирање или графика, секогаш ќе ви бидат од корист.

Доколку сеуште не сте почнале, време е да почнете. Разгледајте ги сработените работи во вашето портфолио од гледна точка на корисничко искуство. Земете го во предвид корисничкото искуство за секое ваше сработено парче од сега натаму, и ќе бидете на добар пат.

Дали имате вклучено UX во вашето резиме? Дали Apple имаат добар UX според вас? Оставете ги вашите мислења во коментар.

Ако UX дизајнот е нешто што Ве привлекува, погледнете ја нашата студиска програма за UX дизајн.

Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.