СПОДЕЛИ

Во денешната епизода на Вистински приказни гостин ни беше Антони Пешев, сопственик и основач на Ултра, една од најстарите информатички фирми во Македонија. Разговорот со него го водеше Андреа Крстевска, студент на катедрата за новинарство на правниот факултет во Скопје.

Базичните знаења се стекнуваат во образовните институции, практичните знаења се оние кој ве продаваат.

Како и кога ја добивте идејата за градење сопствена компанија?
Да се биде во информатиката веројатно уште самата помисла говори за тоа дека треба да имате визија за тоа што следува. Изминативе 30 година од како се занимавам активно со информатиката секогаш се наоѓам на онаа чудна ивица на амбисот каде што техниката преминува во футуризам. Она што сте го освоиле како знаење одеднаш станува небитно и за два до три месеци повторно се наоѓате на почетокот на некоја нова револуција. Тоа е убавината на информатиката која еве 30 години ме држи во истото расположние.

Би можеле ли да ми кажете повеќе за почетоците и растењето на Ултра?
Нашата држава се наоѓаше во периодот на завршување на југословенската епопеја каде што државите се делеа, каде што се формираше некој нов систем и полека се добиваше призвук на големи промени. Тогаш за прв пат почнаа да се формираат приватните компании, можам да и кажам дека Ultra и е една од првите компании формирана по осамостоујвањето. Паметaм времиња во кои компанијата почна да работи со социјалистичка влада. Паметам времиња кога бевме во бивша Југославија. Паметам времиња пред формирањето на денешната современа независна Македонија. Интересно е дека информатиката постоела на овие простори уште многу одамна, беше многу развиена, заради тоа што Македонија имала традиција на луѓе кои се занимаваат и сакале да се занимаваат со оваа професија.

antoni1

На какви проблеми наидувавте во почетокот? Некоја интересна случка…
Па искрено да ви кажам меѓу клучните проблеми во почетокот беше отпорот на општеството да прифати дека компјутерскиот бизнис и информатичката сфера ќе се занимаваат приватни компании. Во тоа време во просторот доминираа мега брендовте од типот на IBM со претставништво во поранешна Југославија и Македонија. Таквите компании силно го притискаа пазарот и беше невозможно да се очекува некоја мала група на програмери и компјутерски експерти да успеат да се пробијат на тој пазар и ќе успеат да направат компанија која ќе се појави со своите програми и производи на тој тврдо контролиран пазар. Меѓутоа предизвикот да се отвори тогаш компанија навистина беше авантура, меѓутоа се покажа дека тоа е еден од оние битни елементи кои се секогаш потребни во едно општество и се добра порака за младите. Кога мислите дека се е завршено и дека се е покриено и дека нема простор, секогаш има простор за нешто ново ако сте доволно креативни или ако имате доволно храброст да влезете во тоа.

Што претставува Ultra денеска?
Ultra денска претставува, да кажеме она поминуваше низ повеќе развојни фази. Почна како производител на софтвер подоцна беше надополнета со хардверскиот дел и низ годините го основавме Unet како прв Mакедонски интернет провајдер. Денеска можеме да се пофалиме дека сме сопственици на првиот приватен cloud систем во државата. Денес Ultra е нешто што во нашата бранша се нарекува системски интегратор што значи дека ние го носиме проектот во информатичката област од почетокот до крај. Тоа значи дека кај главниот корисник испорачуваме комплетна солуција која го решава проблемот на информатизацијата на одреден сектор и дури целата компанија, без разлика во која сфера се наоѓа. Значи секогаш тоа се сведува на сериозна машина или cloud систем во позадина и некоја фронтална мрежа која ги покрива корисниците, софтвер кој ја работи работата на корисникот. Знаете што е добро? Никогаш не работите иста професија или во иста бранша. Имате клиент кој се наоѓа во друга бранша, тоа е интересн процес на откривање на бизнис логиката на други сектори кои не се баш стриктно врзани со нашата професија.

Кои се вашите најзначајни клиенти? Каде се наоѓаат? На какви проекти работите?
Ultra е најпозната по своите големи проекти поради тоа што и токму заради тоа, не е толку позната. Ultra секогаш била оној тивок технолошки партнер кој бил потребен на големите и малите проекти да влезат во движење. Тоа е витален елемент поради тоа што денешниот бизнис вкупно неможе да биде замислен без силно присуство на информатика во секој сегмент. Од почеток до крај од водење на сметководство до реалното изведување на бизнисот во различни фази. Битно беше да се забележи дека Ultra е оној технолошки партнер кој ја дава сигурноста да рипнете, тоа значи дека бизнисите се плашат помалку од информатика и секогаш сакаат да имаат партнер кој тоa добро го работи и разбира и кој може да им помогне и да им гарантира дека таа работа технолошки ќе биде добро изработено инаку тоа е важниот елемент скоро со кој триесетина години остануваме врзани на најголемите коминтенти во Македонија значи тргнувајќи од Македонски Телеком до сите државни институции, како Министерството за финансии, Управа за приходи. Огромните системи кои се во државата интегрирани а веројатно и најголем дел од нацијата не ни знае дека се правени во Македонија а се направени токму од луѓето од оваа компанија, не треба да бидете секогаш познати за да ве најдат, за некои посебни работи луѓето ќе знаат каде да се обратат. Треба само доволно да бидете упорен и да имате континуитет на успешни проекти.

featuredKолку е всушност комплицирано производството на високо квалитетен софтвер?
Клучниот дел на проектите е должината на траењето на изработката на проектот и кај големите проекти она што го прави системот многу скап е времетраењето на кој треба да држите екипа на програмери и проект менаџери и луѓето кои треба да имплементираат, долг период заврзани за еден корисник. Во меѓувреме не можат да работат ништо друго. Значи ако сакате да го покриете реалното работење на компанијата вие морате да имате неколку тима кои работат во паралела и тоа ја поскапува работата. Освен тоа што се скапи програмерските часови на работа скапи се и моментите на кои вие мора да го држите тимот во движење, проектот да ги помине сите свои фази. Од почетокот на подготовката до реализацијата на проектот, имплементацијата и она што го викаме ние ролаут, проектот да влезе во нормално функционирање. Тој период знае во нашата бранша да трае и подолго од година дена и во тој период вие држите огромна екипа алоцирана во еден коминтент. Паралелно може да се појави и втор проект каде што треба повторно да држите нова група на луѓе, ќе се појави трет проект па мора да формирате трета група. Немате луѓе кои ви се бескрајно на располагање, тоа се високо квалитетни, високо сертифицирани луѓе кои имате потреба да ги имате на платен список, а можете и да ги немате сите тие проекти. Тоа е тоа што го поскапува вкупното производство. И да не говориме дека клучниот елемент е квалитетот кој на крај корисникот не дозволува да не функцонира.

Колкава е конкуренцијата во вашиот сектор и како се справувате со истата?
Елементот на конкуренција е интересен да се анализира низ сите овие години. На почетокот конкунренцијата скоро и да не постоеше затоа што конкуренција ни беа најголемите брендови. Тие беа нефлексибилни и не беа подготвени да работат мали проекти, ние бевме оставени сами на просторот. Подоцна како се развиваше бизнисот како полека сите да гледаа дека се менуваат работите. Бројот на компаниите кои се занимаваат со сличната дејност растеше па конкуренцијата стануваше се поголема и поголема, за да во еден период биде толку силна што веке неможете да конкурирате. Денеска конкуренцијата е многу поинаква, значи на глобално ниво конкуренцијата е најсилна од било кога.

Кои профили на млади луѓе се барани и кои карактеристики се пресудни за еден млад човек да може да работи во вашата компанија?
Би се очекувало да кажам дека тоа треба да бидат врвни експерти, но не, не е така. Првенствената карактеристика на човек кој сака да се занимава со информатика е да биде подготвен да учи, перманентно. Ако не сте подготвени да учите, да ја менувате методологијата, да менувате јазици тогаш не се бавете со информатика. Тоа е пораката која би ја пренел до сите млади луѓе кои мислат да се занимаваат со оваа бранша. Изминативе години бев сведок на ситуации во кои луѓето што се занимаат со порграмирање морааа да си го сменат начинот на програмирање толку драматично како да менувате јазик, од една говорна во друга говорна група. Луѓето програмираат методолошки слично меѓутоа како да говорат на сосема нов јазик треба да го владеете и новиот јазик подеднакво добро како и оној претходниот и тоа е фрустрација за оние луѓе кои се занимаваат со истата професија, после десет години искуство треба да почнат одново. Скоро да нема професија на светот каде секој десет години, какви десет години? – На секоја година се менуваат работите, меѓутоа на десет години се менуваат драматично и во таква ситуација вие мора да сте подготвени да го превземете предизвикот на повторно влегување во браншата, како никогаш да не сте ни биле во неа. Тоа од една страна интересно, а од друга страна со годините стварно станува се потешко и потешко. Не е лесно да се нафатите со оваа проблематика ако не сте спремени да се менувате, да читате да се конкурирате со млади луѓе, тоа е најстрашното. Со годините ќе сфатите дека конкуренцијата е добра и лоша но конкуренцијата на млади луѓе е нешто што тешко се бие со годините и заради тоа што се поспремни, помалку спијат, спремни се повеке да учат подготвени се на повеке промени имаат повеке предизвици мотивирани се, така да е добро, забавно но треба да биде човек подготвен на такви предизвици.

Ако не сте подготвени да учите, не се бавете со информатика.

Кои профили се најбарани?
Сè! Нема нешто во информатиката што постои а да не биде барано. Значи кај нас како интегратор пошто имаме до изработка од почетокот. Дефинирањето на серверската инфраструктура, инсталација, хардвер, сервери, мрежни системи, PС-a, производство на софтвер, бази на податоци, завршуваат со веб портали, веб дизајн, скоро се. Нема професија во информатиката што не би имала место во новава индустрија од сега натаму секоја бранша во информатиката ке си има место не би можел да претскажам кои сегменти би настанале тие што се најтешки имаaт и најмалку луѓе мегутоа објективно заработуваат највеќе. Она што е најлесно што може од дома да се работи е најмалку платено меѓутоа е најлесно и најлесно се совладува. Меѓутоа тоа што е битно дека перманентно поминувате низ процес на реедукација, ресертифицирање и добивање повторно на лиценци и дозволи за да можетте да работите на најголемите системи. Како одите подлабоко во големината на компјутерските системи нивото на сертифицирање на квалитет станува се повисоко и повисоко и тоа е она што го прави работењњето на овие компании скапо, морате да држите скапо едуцирани луѓе во вашиот тим, тоа е тоа што ја прави работата на овие компании по комплицирана.

andrea-2Бевте вклучени во проектот Бушава Азбука. Што точно правевте?
Тоа е проект кој го работев во 3 година на факултет интересно е дека е проект работен во 1984 година имаше амбиција, дизајн вклучуваше и компјутерска графика. Во тоа време со компјутерска графика не се занимаваше никој. Проектот беше даден на група професори на електротехничкиот факултет во Скопје да пробаат да изведат максимум од тогашното ниво на компјутерската техника за да некако се покажат почетоците на графичката презентација на екран. Проектот го направивме со прилично скудни услови на тогаш една смешна платформа Commodore 64 дизајн на графика правенa исклучиво со векторска графика. Пред некое време се славеше годишнина на бушавата азбука, искрено да ви кажам ми дојде мило на душата дека бев вклучен во дизајнот на графички решенија, во период како студент, тогаш мислам дека бев и хонориран не така како што беа хонорирани уметниците, пеjaчите, глумците мегутоа и тој мал хонорар кој што ми беше даден ми беше многу важен, тоа беа првите пари што ги заработив. Еден стимулативен момент во животот на секој човек кога сте платени за професијата која сакате да ја работите.

Освен Ултра, ја основавте AmCham. За каква организација станува збор?
AmCham е првата билатерална стопанска комора помеѓу РМ и една друга држава. САД во Македонија имаа веќе предисторија на постоење на административно постоење во облик на дипломатско конзуларно претставништво, меѓутоа нивниот одраз на економијата во државата беше прилично мал, сакајќи да ја стимулираат економската соработка помеѓу двете држави и присуството на американските компаниии на македонскиот пазар. Со една група од десетина луѓе ја формиравме АмCham, американско-македонска стопанска комора која имаше амбиции да ја подобри стопанската соработката меѓу двете држави. Со особено задоволство можам да констатирам дека и денеска организацијата е многу функционална дека постои и дека не само што ја исполни својата амбициозна задача да ја подобри комуникацијата меѓу двете држави туку беше и предвесник на големите промени во коморското здружување во РМ  кои денеска се дигнати на ниво да имате специјализирани комори по дејности. Имате големи стопански комори имате конкуренција на коморското организирање имате регионално коморско здружување на компаниите, така да бизнисот се повеќе и повеќе делува прилично организирано надвор од државните институции што е добар сигнал дека компаниите си го наоѓаат интересот во т.н еснафски здруженија. Тоа е интересен период во кои морам да кажам дека сум горд што сум учествувал, меѓутоа повеќе ме прави горд тоа што таа компанија и ден денеска супер функционира и ги остварува своите првично зацртани амбиции.

Што би можеле вие ми кажете за вас? Која е вашата пасија? Вашите желби, соништа? Што ве мотивира?
Кога се бавите со бизнис многу малку време останува за тие пасии. Сите од нас се занимаваме со нешто. Би сугерирал сите да се занимаваат со нешто што им било пасија а немаат можност да го работат тоа во својата основна професија. Секој од нас има некоја скриена амбиција, желба, талент… Јас потекнувам од семејство кое се занимава со уметност цртам, уште сум скромен во амбициите, се надевам дека за некоја година ќе соберам доволно дела да направам изложба, да покажам дека човек може и со нешто друго да се занимава освен со таа работа.

Како компанија бевте вклучени во основањето на една од првите македонски телевизии, кажете ми малку повеќе за тој период.
И покрај тоа што мојата компанија не е специјализирана за компјутерска графика меѓутоа низ годините со афинитетот кој го имав према графичката дејност и користењето на новите технологии за графички дизајн, компанијата влезе во една авантура која се викаше “првото графичко студио во Македонија” кои ги изработи првите 3D анимации во Македонија. Како такво студио направивме серија на проекти кои беа препознаени од македонските компании и често беа нарачувани. Со ова студио се појавивме многу рано имавме исклучително добар резултат и често бевме поканувани да работиме на проекти во кој дела се вклучени компјутерска анимација. Од таа позиција после иницијативата на инвеститорите да се формира првата телевизија а ние технолошки да помогнеме во формирањето на платфромата со која ќе почне да работи телевизијата и покрај скромните фондови за формирање на студиото успеавме да створиме некоја технолошка основа во која телевизијата може да влезе во реална продукција. Низ годините телевизијата растеше, се менуваа профилите, фондовите за опремување на телевизијата, меѓутоа со амбицијата со знаењето на технолошките иновации, успеавме да направиме една свежа нова телевизија која многу време беше репер како треба да изгледа една телевиција и го наметна стандардот на квалитет за сите македонски телевизии. Ако имате вистинска визија, идеја, малку опрема и добар концепт може да најдете решение и да си направите свој сопствен канал. И ова интервју е наменето за таков тип на почеток на некаква си streaming нова content-ориентирана телевизија која треба да понуди нови содржини кои не се битни да се покажат на broad casting етерот, но да се појават за селектирана група на корисници на кои име тоа интересно.

Што сметате дека било клучно за успехот на Ултра? Кои ваши особини биле од посебна важност при градењето на Ултра?
Секогаш треба да имате подготвеност да ги поделите не само заслугите туку и задачите и сето она кое е работа на компанијата да се подели на повеќе луѓе, така го правите просторот товарот полесен за носење. Со поделување на товарот на повеќе луѓе ќе добиете подобар квалитет, секој од тие луѓе може да повлече многу во одреден сектор и во одредена област. Јас во оваа компанија повеќе бев во делот за дефинирање на новите трендови, пронаоѓањето што би требало компанијата да работи, често имав неблагодарна задача да бидам фронтмен на компанијата меѓутоа факт е дека сите овие години треба да оставите впечаток дека знаете што работите за корисниците да случуваат комотно во соработката со компанијата. Имаат партнер кој знае што прави и ги води према целта по најкраток можен пат. Најголем број од команиите повеќе лутаат кои се дел од нашата бранша и се надевам дека тој сегмент ќе го задржиме како дел од нашата карактеристика. Битно е луѓето да ве препознаат како професионалци.

Каква порака би им испратиле на студентите кои веќе студираат информатика? На што да посветат внимание на студиите но и надвор од нив?
Да учат теорија, но да не заборават дека нештото со кое што ќе се занимаваат не е тоа што го учат таму како базична теоретска поставка на нивната професија, да го работат она кон кое светот оди. Во нашите образовни системи би рекол сеуште каскаат зад технолошките достигнувања кои ќе бидат побарани од нив на денот кога ќе почнат да работат. Индустријата побрзо оди напред одколку измената на образовните програми и тоа е тоа што е една од главните проблеми од оваа бранша. Ако студентот покаже исклучително квалитетен однос према тоа што е ново и сам за себе биде заинтересиран да го прати тоа и да го проба, ќе добиете исклучително квалитетни момци и девојки кој веќе знаат за најновите достигнувања на кои не треба да им објаснуватешто е важно што не е важно. Би им порачал да не бидат само ученици и да не бидат само фокусирани премногу на предавање и нивните оценки, да обрнат внимание на само едуцирање затоа што мислам дека тајната во оваа бранша е перманентното примање на нови знаења кој во најголем дел, за најголем дел за најновите технологии не доаѓаат низ универзитетите него доаѓаат online, од интернет, од мрежите, форумите од сето она што се случува надвор од оној mainstream каде што се стекнува главното образование. Базичните знаења се стекнуваат во образовните институции, практичните знаења се оние кој ве продаваат кои ви даваат шанса да полесно да вклопите во бизнисот и во работата што ве очекува понатаму.

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.