СПОДЕЛИ

Си земав слобода да го поканам дизајнерот Џастин Мезели на интервју и да се обидам да ја разберам неговата креативност.

Кој е тој? Дизајнер и илустратор кој во моментов живее во Орландо, Флорида со својата жена, ќерка и разгалениот Папилон. Ќе му дозволам тој самиот да ви се претстави за да може подобро да го запознаете.

 

Читам многу стрипови, пијам многу кафе и сакам добро пиво, а понекогаш и бурбон. Во моментов работам како директор за уметност во училиште за кодирање, каде што работам со тим на луѓе кои се многу попаметни од мене. Добро ни оди – барем кога зборуваат пополека.

Портфолио: justinmezzell.com
Dribbble: @JustinMezzell
Twitter: @JustinMezzell

Како се заинтересира за дизајн и илустрации?
Отсекогаш ме интересирала креативната работа, и кога бев помлад барав начин како тоа да го отелотворам. Инвестирав многу време во театар, музика и филмска продукција, и паралелно си  играв со пиратска верзија на Photoshop. Никогаш не очекував дека ќе имам добивка од тоа. Едноставно тоа беше мој начин на оддишка, начин да креирам лажни постери за филмови или визуелна нарација на мои кратки приказни. Јас во принцип и не бев свесен, немав идеја што е она што го правам.

Illustrations for Nate Silver's section on how big data changes the world. Outlining advancements in the fields of crime prevention, safer medicine, more efficient energy, and success-predictive education.    Во еден момент, едно локално списание ми понуди пракса кај нив. Тоа беше пракса за која јас бев сосема неквалификуван, но на крајот испадна дека беше и чекорот кој најмногу ја дефинираше мојата кариера.

Како го разви сопствениот стил и како можеш да го опишеш?
Се надевам дека има флексибилност во ова што јас ќе го дефинирам како мој стил. Насочен сум кон истражување во рамки на ограничувањата на мрежата на Illustrator. Краткиот одговор на прашањето како го пронајдов сопствениот стил соодветно може да го сумирам во само 4 збора: “со многу неуспешни обиди”. И ова не се однесува само на комерцијални неуспеси, туку и лични. Јас многу експериментирав.

RailsForZombies_Mac.pngКога почнуваш нов проект, каков е твојот процес на дизајнирање?
Сакам да знам од каде доаѓаат моите клиенти, а не само во кој правец се движат, па затоа посветувам врема на тоа да откријам што правеле до тој момент. Сите стари кампањи, претходни веб страници и сите постари визуелни системи кои ги изградиле или од кои биле дел. Тоа ме насочува за да знам што сакаат, а што е она што посакуваат да го избегнат. Уште рано во процесот почнувам да фрлам по некој пиксел на екранот,  бидејќи тоа ме стимулира уште толку да се внесам во она што го правам. Меѓутоа, главно е што научив да си верувам себе си. Имам некое внатрешно чувство и се придржувам до тоа.

LaTelephone1.jpgКако би ни опишал еден твој ден?
Родителство во комбинација со дизајн за добра рамнотежа. Имам сфатено дека подобро работам наутро, па затоа обично денот го почнувам рано. Поработувам во канцеларијата дома, околу еден до два часа, и потоа околу 08.30 се упатувам кон училиштето. Од тука денот се состои од еспресо и дизајн, сé додека не добијам потреба и ослободам време за во фитнес сала. Потоа, остатокот од денот го поминувам со сопругата и нашата ќерка, Пајпер. Во најголемиот дел од времето тоа значи дека ја бркам околу куќа за случајно да не прави нешто што не треба или да јаде нешто што не сака.  На крајот од денот се обидувам да имам време за сопругата и една чаша виски.

Lancer_Large.pngКои се твоите омилени студиа и дизајнери кои постојано те инспирираат?
Најголемиот дел од мојата инспирација доаѓа од оние со кои сум близок и од кои сум научил.Тоа се оние врски во кои може да изградите доверба и почит потребени за отворена и искрена критика. Мора да им се заблагодарам на Рајли Крен, Роџи Кинг, Алекс Гриндлинг, Рик Марфи, Ден Гнеидинг, како дел од оние кои секогаш ми даваат инспирација и на кои секогаш се угледувам.

EO_Zelda_Full_Web.jpgШто те инспирира надвор од работата?
Навистина, за мене сé се сведува на една работа: приказна. Јас се восхитувам на моќта на концептот на приказните. Колку тој може да влијае на начин на кој логичките аргументи не можат. Искуствата може да ги обликуваат нашите размислувања повеќе од сé.  Приказната е платното за сликање на кое ги споделуваме тие искуства на ефективен начин кој има значење. Но, не мора да се фантазии. Нашите животи се дел од тие приказни. Впрочем, тоа се разговорите кои се случуваат надвор од она што е поврзано за работата. Излегувањето на пиво со некои од одличните умови околу мене е најлесниот начин на кој може да се инспирирам.

Дали повеќе сакаш да работиш во тим или сам?
Интересено е тоа што пред една година на истово прашање ќе дадев сосема поинаков одговор. Неверојатно лесно е да сте сам. Има помалку убедување, повеќе делување и многу помалку политика. Но, само заради тоа што правите нешто сам, не значи и дека тоа е подобро. Откако почнав да работам во тим, се заљубив во начинот на кој тимската работа влијае на процесот, од неговото концепирање, до неговото финализирање. Понекогаш знае да биде хаотично и нервозно, но вреди многу повеќе од тоа.

Modus_1.jpg Колку е важен работниот простор за твојата креативност?
Според моето искуство, не можам да речам дека е премногу важно.  Јас би можел да работам и на кров од воз во движење сé додека имам работа, слушалки и сум сигурен дека компјутерот нема да ми падне. Сум работел на многу различни места, и не мислам дека тоа било кога имало влијание на мојот наплив на креативност.

Кој е твојот омилен аспект од индустријата за дизајн?
Ми се допаѓа тоа што работиме во средина која се поврзува со јавноста, и што имаме оформено толку голема заедница, со скоро неограничени можности за учење и разноликост. Не можам да ви опишам колку неверојатни луѓе имам запознаено преку оваа индустрија, луѓе кои се желни за учење и споделување на нивното знаење и ресурси.

Queen_Full.jpgКажи ни нешто за твојот омилен проект
Алекс Грендлинг штотуку ја објави својата колекција 2013 Game of the Year, во која  одново ги има креирано 10-те свои омилени игри од 2013, употребувајќи уметност со пиксели. Она што ме одушевува е уникатноста на секое парче. Тој е одличен! Навистина, не можам да сфатам како му работи мозокот.

Wires_Comp.pngКој е твојот најголем успех досега?
Тоа што научив како да кажам не. Сега, имам живот и го живеам.

Кои лекции ги извлече од твојата кариера до сега?
Научив толку многу што може цела книга да пополнам, но ќе ве поштедам од деталите. Она што може да го споделам се неколку од работите на кои и самиот мора да си се потсетувам почесто:

  1. Ти не си само твојата работа. На светот треба да му оставиш повеќе од пиксели.
  2. Цени го времето поминато со оние кои ги сакаш, а не само со оние кои ја ценат твојата работа.
  3. Од време на време не работи и исклучи го компјутерот. Подоцна ќе ми се заблагодариш за ова.

Wander.jpg Кои се предизвиците со кои си се соочил во дизајнот?
Еднаш, требаше да испечатам нешто на печатач. Страницата беше целата упропастена, боите изгледаа погрешно, размерот беше ужасен. Но, тоа и не е вистински предизвик, нели? Вистински предизвик би рекол дека е целиот овој процес. Јас не доаѓам од креативно семејство, и сум единствениот кој дизајнира. Ова беше целосно непознато поле за мене, а дополнително ни на училиште не учев дизајн. Но, учев, учам. Запознавам неверојатни луѓе кои имаат волја да застанат покрај мене и да ми покажат како  е да работиш заедно во светот на пикселите и усогласувањето тонови.

Која е твојата порака до оние кои сега почнуваат?
Секогаш ќе ви велат да работите многу, и тоа не е лага. Работите напорно, дадете сé од себе. Но, не заборавајте понекогаш да застанете, да погледнете околу себе и да се потсетите дека работата не е единственото нешто што го чини животот. Запомнете дека успехот не треба да ве дефинира. Работата која ја работите има потенцијал да прави добри работи, но самиот вие исто така имате потенцијал за големи дела, а тие не секогаш се поврзани со пикселите кои ги редите на екранот.

GitReal2_Mac.pngТрошете го времето со намера и цел. Кога ќе паднете, кога ќе се посомневате дали сте добар и дали вашата работа е само неуспешен обид да станете нешто повеќе, сетете се дека секој од нас има лузни од разочарување. Немојте да дозволите неуспесите да ве дефинираат, туку изберете тие да ве водат напред и да ве подобруваат. И, ако еден ден, дојдете до посакуваниот успех и признание, знајте дека тоа не е крајот на патувањето.

Автор: Паула Боровска
Извор: Designmodo

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.