Дома WordPress Како да заработувате со WordPress

Како да заработувате со WordPress

4690
2
СПОДЕЛИ

Во целиот веб, WordPress ја игра клучната улога и може да се пофали со повеќе од 60 милиони веб сајтови, 65% од CMS-управуваниот дел од пазарот на веб сајтови и огромна заедница на програмери, дизајнери и поддржувачи. Поради ова, тој треба да е вашиот избор за почеток на бизнис на интернет, независно дали ќе продавате продукти или ќе обезбедувате услуги. Па, како може да заработите со WordPress?

WordPress развој и веб дизајн

Ако размислувате да заработувате со WordPress, веднаш ќе се сетите на две разботи: развој и веб дизајн. Како најраспространет CMS, WordPress е местото каде програмерите и дизајнерите може да направат пари.

Градење, развивање и прилагодување на WordPress теми и додатоци е еден од начините на кој може да ја започнете својата кариера во WordPress. Дури и ако не сте подготвени целосно да му се посветите на работниот распоред како хонорарец со полно работно време, оваа опција нуди ефикасен начин на добивање искуство, запознавање со заедницата и приход.

Ако ова е патеката во вашата кариера која сакате да ја следите, вашата прва цел треба да биде да го покажете вашиот талент и да дозволите лесно да може да се стапи во контакт со вас. Ова значи дека вашата цел треба да е:

  • да направите вашиот веб сајт да изгледа професионално
  • да објавите портфолио со вашите дела
  • да креирате анализи
  • да напишете за вашата работа

Знам дека сега си помислувате дека развивањето и дизајнирањето на WordPress додатоци е широк пазар и дека тешко ќе можете да заработите на почетокот, па токму затоа ви препорачувам да целите на WordPress сегменти и да станете WordPress стручњак во едно од следниве полиња:

  • e-трговија и WooCommerce специјалист
  • специјалист за работна рамка (пр: Genesis)
  • UI и UX специјалист

Велат “најди го она што те исполнува” така? Сега имате три можности, и во секоја можете да одите уште подлабоко.

WordPress одржување и поддршка

Никој не сака кога работите одат наопаку, а кога се вклучени и пари, тогаш е уште полошо. Затоа деловните луѓе ја знаат важноста на проверките на нивниот WordPress веб сајт на интернет и бараат стручњаци кои ќе проверат неколку аспекти.

Ако сте искусен WordPress програмер, ќе можете да им бидете од голема полза на тие клиенти понудувајќи им услуги како:

  • Оптимизација на веб сервери, код и изведба
  • Ажурирање на WordPress јадрото, темите, додатоците, и проверување на компатибилност
  • WordPress премиум поддршка

Повторно, ако ова е во вашето поле на стручност и мислите дека е презаситено, тогаш може да целите на сегментот во пазарот кој е во раст, обезбедувајќи услуги за безбедносна ревизија и корекции на додатоци и теми, како што прави тимот на Sucuri.

Хостинг сервиси оптимизирани за WordPress

Со стапката на прифатеност која постојано расте, WordPress отвора можности за обезбедувачи на хостинг, бидејќи сопствениците на бизниси сега бараат WordPress оптимизирано хостирање на сервери, познато како WordPress менаџирано хостирање. Земете ги WP Engine, Flywheel, SiteGround  како само неколку примери, но постојат многу повеќе.

Ако затишјето во работата е вашиот смртен непријател, треба целиот да се внесете во WordPress менаџираното хостирање и да почнете да ги градите своите услуги околу тоа.

Контент и копирајтинг сервиси

Кодот и дизајнот се само половина од питата, но содржината е сé останато. Новинари, блогери, и секаков тип на автори на содржина може да влезат на пазарот на WordPress нудејќи ги своите услуги и обезбедувајќи си нови приливи на средства.

Сé повеќе и повеќе блогови работат на WordPress, па ако знаете да работите на овој CMS ќе имате предност пред останатите “стандардни” креатори на содржина кои знаат да работат само во Word на пример.

Па така, ако содржината е вашата област и сакате да почнете со WordPress бизнис, треба да погледнете неколку интересни идеи:

Дали сакате да знаете кој е сегментот на пазарот кој во моментов цвета? Комбинација од авторски текстови и малку UX, помешано со аналитичко знаење: името за ова е специјалист за стапка на конверзија.

WordPress консултантски услуги

Консултантските услуги се одличен начин за да дојдете до пари, па ако работите соло, или сакате да го подобрите вашиот бизнис, може да ангажирате надворешни соработници кои ќе успеат квалитетно да ги завршат работите.

Обезбедувањето на консултантски услуги е сложена активност, па би требало да се обидете со комбинација од неколку додатоци. Секогаш гледајте да имате барем еден кој ви овозможува да креирате страници на пристигнување. Предлагам еден од следниве:

Ако сте консултант, може да ja искористите идејата за услуги во пакети, т.е услуги кои имаат фиксна цена како продукт. На тој начин и вашите трошоци ќе бидат пониски, а ќе може да испорачате вредност на клиентот.

Продажба на дигитални продукти

Што им е заедничко на додатоците, темите и е-книгите? Тие се дигитална стока која може да ја продавате преку вашиот веб сајт. WordPress има мноштво на додатоци кои може да ви ја овозможат оваа опција и тоа лесно, притоа грижејќи се за аспекти како плаќање, прифаќање кредитна картичка и други “застрашувачки” прашања од кои се плашат не-техничките корисници.

За да почнете да продавате директно од вашиот WordPress веб сајт, би требало да ги погледнете:

Ако сакате да почнете да продавате со само неколку измени на вашиот веб сајт, ова се додатоците кои ви требаат.

Продажба на теми и додатоци

Овде ќе бидам јасен: ако сакате да заработувате продавајќи ваши теми и додатоци, ќе биде тешко, бидејќи, имајќи ја на ум ниската цена на темите, треба да имате голем број на купувања. И да не заборавиме: конкуренцијата е голема.

Ако сакате да тргнете по тој пат, тогаш погледнете ги:

Растечкиот тренд овде (познат како WordPress пазар) е градење и продавање на микро теми, т.е теми кои целат кон супер-посебни WordPress корисници.

Е-трговија

Да речеме дека сте добри во дизајнирање маици. Колку би било убаво кога би можеле да го прикажете своето уметничко дело надвор од градот и да го направите достапно на секој во светот? Тоа би било можно ако изградите свој сопствен сајт за е-тргување.

Има многу решенија кои може да го збогатат вашиот WordPress веб сајт, а едно од нив е добро познатиот, неодамна земен од Automattic, WooCommerce. Станува збор за корисни екстензии кои дополнително ќе одговорат на вашите потреби.

Ако сакате да изградите сајт за е-тргување во WordPress, погледнете ги:

Подготвени да продавате на интернет 3, 2, 1…

Претплата

Уште еден одличен начин за да почнете да добивате нов приход е со обезбедување на премиум содржина на корисниците кои плаќаат претплата на вашата страница. Најдобрите случаи за користење на овој пазар се оние кои обезбедуваат учење и претплати кои се наплатуваат за пристап до одредени содржини.

Додатоците за членови може да ви помогнат во многу сегменти, како форуми со дискусии, ексклузивни “области”, премиум содржина, итн. Ако имате нешто слично на ум, проверете ги следниве додатоци:

Ако сакате да знаете повеќе за додатоците за членови (и WordPress), додадете го Chris Lema во вашиот читач на фидови.

Заклучок

Секој може да употреби образец, или да превземе додаток, но потребно е да сте WordPress експерт за да разберете како ефективно да одговорите на техничките прашања и да ја постигнете посакуваната цел.

Со својата стапка на брзо прифаќање, WordPress е пазарот на кој треба да ги превземете вашите деловни чекори, бидејќи огромен број на корисници и компании бараат WordPress услуги и продукти. Јас со вас споделив дел од најинтересните начини на кои може да го почнете вашето WordPress патување, сега вам ви е редот да делувате.


Па, сакате да заработувате со WordPress?

WordPressЗа почеток совладајте го WordPress. Пријавете се на курсот: Управување со содржини со WordPress и со помош на искусен ментор направете ја вашата прва веб страница и започнете да заработувате веднаш!

Курсот можете да го следите од дома, во време кое најмногу ви одговара. Ако досега сте немале искуство со учење на далечина, погледнете го делот Одговори на најчесто поставувани прашања и запишете се на некои од нашите бесплатни курсеви.

Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.
  • Aleksandar Pesovski

    Da no Selz ne ja podrzuva Makedonija kako zemja vo koja mozat da se primaat paricni sredstva (kako i paypal).. Dali mozete da napravite statija za alternativi na paypal (koi celosno ja podrzuvaat Makedonia) i koi lesno mozat da se integriraat vo WordPress? Pozdrav.

    • Александар, не мора да имаш PayPal за да примиш пари од странство. Доволно е да имаш сметка во банка на која ќе ти плати клиентот. Проблем ако сакаш да примаш пари преку PayPal – тоа за жал сеуште не функционира.