Вебинар: Како да станеш ВЕБ ДЕВЕЛОПЕР

дури и ако немаш предзнаења!

Што ќе дознаете на овој вебинар?
За водителот: Александар Марјановиќ, основачот на Веб Академијата Еверест, има повеќе од 25 години искуство во област на ИТ едукација. По студиите кариерата ја започнал во А1 Телевизија, како раководител на оддел за компјутерска графика, анимации и поддршка на корисници. Во 1993 ја основал Alexandria, првата приватна школа за компјутери. Во 2003 ја основа Академијата на ИТ, првата стручна школа за ИТ занимања. Од 2003-2010 е раководител на работната група за едукација и развој на работна сила во МАСИТ, стопанска комора за ИТ, каде една од главните активности му се истражувањата на пазарот на труд.

Интернетот целосно го трансформираше начинот на кој комуницираме, учиме, работиме, живееме, а во епицентарот на овие случувања се наоѓаат веб девелоперите. Затоа не е за изненадување фактот што ова занимање е меѓу најбараните (и најдобро платените!).

Ако сегашната работа не ти носи никакво задоволство ниту доволно приходи а чувствуваш дека можеш да постигнеш многу повеќе, зошто да не ги разгледаш можностите кои ги нуди професијата веб девелопер?

Наместо да поминеш еден час пред телевизор или на Facebook, придружи ни се на бесплатниот вебинар на кој ќе дознаеш работи кои можат лесно да ти го сменат животот во целост, онака како што посакуваш!

На вебинарот кој трае околу еден час ќе дознаеш:

  • што всушност работат веб девелоперите,
  • како може и ти да станеш веб девелопер,
  • како ќе ти помогнеме да дојдеш до работа,
  • и уште голем број корисни информации.

За да си ги оствариш соништата не треба да го преспиеш животот. Затоа уште веднаш регистрирај се на нашиот бесплатен вебинар и направи го првиот чекор во остварувањето на твојата цел.

ГАРАНЦИЈА: Ти гарантираме дека времето што ќе го одвоиш вреди за информациите кои ќе ги добиеш ПЛУС ти подготвуваме мало пријатно изненадување на крајот од настанот.

РЕЗЕРВИРАЈ СИ МЕСТО!

учеството е бесплатно

Изберете дата Изберете дата која најмногу ви одговара
Регистрирај се
Ја почитуваме вашата приватност и никогаш нема да ве спамираме ниту да ги отстапиме вашите податоци на трети лица.

Сите права задржани - Марјановиќ Едукација @ 2019

www.everest.mk