Ова е десеттиот дел од нашата серија Како да станете веб развивач. Ако ова е првиот текст кој го читате, погледнете што имате пропуштено:
- Дел 1 – Вовед во серијата
- Дел 2 – Што би требало да знаете
- Дел 3 – Технички вештини кои не се поврзани со програмирањето
- Дел 4 – Видови работни места
- Дел 5 – Изберете ја вашата кариера
- Дел 6 – Процесот на веб развој од почеток до крај
- Дел 7 – Креирање на вашето портфолио
- Дел 8 – Како да најдете клиенти
- Дел 9 – Како да го водите својот бизнис
Познавајте ги своите граници
Не плашете се да пробате нови работи, но и не плашете се да се повлечете. Се разбира дека оваа наизглед тривијална фраза може да важи за сé, но мислам дека е најточна токму во оваа индустрија. Ако пробате нешто, и сфатите дека не ви се допаѓа и не ви оди, само продолжете со нешто друго. Но, ако не се обидете (независно дали тоа е нов тип на програмирање, нова платформа, нова работа) никогаш нема да знаете, а тоа не е добро. Од друга страна, не треба да трошите времето и секогаш треба да знаете кога да се повлечете од она што го правите. Понекогаш, тоа може да ве поврзе со нешто потрајно, некоја страст или кариера, а понекогаш пак станува збор само за ризик и промена. Во секој случај, животот е краток. Искористувајте ги шансите, ризикувајте и не трошете си го времето залудно.
Да ги разбирате целите на клиентите
Во првиот разговор со клиентот прашајте го за целите кои сака да ги постигне со веб сајтот, а не за технологијата која сака да е вклучена.
Ако знаете дека клиентот сака да ја зголеми продажбата на интернет за 10%, да ги намали телефонските јавувања за локацијата, или да се смета за стручњак во своето поле, може да му понудите посебни опции и функционалности на сајтот за да ги постигне своите цели. За жал, клиентите почесто прашуваат за одредени технологии… а често не знаат што бараат, ниту пак знаат дали тие технологии би им помогнале на веб сајтот.
Мој омилен пример за ова е еден клиент кој од мене побара да му додадам блог на сајтот. Јас и клиентот кратко време работевме заедно, и беше многу тешко да ја натерам да ја ажурира содржината редовно. Па, затоа културно ја прашав што си замислувала дека значи блогот. Таа ми одговори: “Не знам, ама бев на семинар за оптимизација за пребарувачи и тие рекоа дека ми треба блог за подобар рејтинг!” Кога и објаснив дека блогот треба редовно да се ажурира, таа одговори “Па, јас немам време за тоа!”
Откако ќе дознаете дека сака само подобра оптимизација, може продуктивно да поразговарате за начинот на кој може да стигнете до таму, но согласно времето и буџетот на клиентот. Ако му додадете блог на клиент кој нема време, нема никако да му помогнете!
Да побарате помош кога ви е потребна
Не верувајте дека помалку вредите и секогаш гледајте напред. Кога ќе згуснат работите, можеби ќе сакате да се предадете, но фокусирајте се првично на причината зошто сте таму, не заборавајте на заедницата која ја сочинуваат програмерите. Сите ние сме добри во нешто, и слаби во нешто друго. Кога ќе наидете на огромна пречка при креирањето на проектот, искористете ја заедницата, побарајте помош и соработка. Помогнете му на друг кога ќе го знаете одговорот на неговото прашање. Најдете си го местото во заедницата на веб развивачи, преку форуми, настани, часови, и прифатете го. Можеби сите си седиме удобно во сопствениот работен простор и се чини дека сме одделени. Но заедно, ние сме цело село.
Се чувствувате како измамник
Ако имате “синдром на измамник,” прифатете го. Ве советувам да одите еден чекор понатаму, па дури и да го покажете. Поразговарајте со поискусни веб развивачи и прашајте ги дали некогаш се чувствувале како да не знаат доволно, или како да “глумат дека знаат додека не завршат нешто.” Ако се доволно искрени ќе ви кажат дека често се чувствуваат како да не знаат доволно. Најдобрите развивачи кои ги знам го балансираат гладот за учење на нови напредни работи со она што е потребно да го знаат за да ја завршат работата најдобро што може. Природата на индустријата е таква што не дозволува да знаете сé, бидејќи сé постојано се менува. Кога учите нешто ново, или работите на проект, забележете што е она што најмногу ве интересира. Побарајте можности подлабоко да навлезете во тоа. Во ред е да станете стручњак за нешто сé додека сте отворени да учите повеќе и повеќе. Главната вештина која мора да ја имате е способноста да продолжите да учите кога треба. Ако ја имате таа способност, тогаш имате 80% од она што е потребно за да станете добар веб развивач. Секогаш може да се чувствувате како измамник или како да вредите помалку, но запомнеде дека многу од развивачите на кои им се воодушевувате се чувствуваат на истиот начин. Правете го она што и тие го прават: програмирајте!
Се грижите дали ги правите работите на “точниот начин”
“Кога почнав претпоставував дека има тајно друштво на веб развивачи кои знаат кој е ‘точниот начин’ за сé. Ако програмирав некој потежок елемент на еден начин, секогаш се плашев дека кога ќе го видат поискусните програмери ќе знаат дека сум аматер. Не бев сигурна што е типично за секој елемент, па дури и за најосновните работи, од фактурирање до барање датотеки за дизајн. Во секој чекор се плашев дека правам очигледна грешка и верував дека еден ден, кога ќе станам вистински веб програмер, ќе знам да ги правам работите онака како што ги прават и тие.
“Но, на крајот вистината е дека не постои таква заедница (во случај тоа да ве мачи). Секогаш постојат повеќе начини на кои може да се реши еден програмерски проблем, и останатите програмери воопшто не го гледаат вашиот код, а уште помалку му бараат грешки. Исто така, секој веб развивач си има сопствен процес, и иако има неколку основни најдобри практики кои треба да ги имате на ум (како договорите, на пример), секој работи различно. Најчесто кога ќе видам некој клиент или програмер кој ги прави работите поинаку од мене, помислувам дека знае нешто што не знам јас. Понекогаш се чувствувам како сите да гледаат во мене и да чекаат да се разоткријам дека не знам, но вистината е дека никому не му е грижа што правите, сé додека тоа што го правите е професионално и компетентно.”
Заклучок
Како и што можете да видите, да се чувствувате како да не знаете доволно и да се плашите дали треба да ја прифатите работата која се чини дека е надвор од вашиот сет со вештини е нормално. Знам дека мене ми беше подобро кога ќе дознаев дека и другите развивачи ги мачат истите работи како и мене.
Благодарен сум на сите кои одвоија време да придонесат со свој совет во овој текст. Исто така, ги ценам сите паметни млади развивачи кои ја прочитаа оваа серија со текстови и кои влегуваат во неверојатната авантура на претворање на своите програмерски вештини во професија која ја сакаат.
Ако со внимание читавте од почеток до крај, веројатно сфативте дека градење кариера во оваа област е една од најдобрите животни одлуки која можете да ја донесете. Во тој случај, прв чекор на тој пат е школувањето.
Како што веќе веројатно разбравте до сега, Веб академијата Еверест е специјализирана едукативна установа со студиски програми за најатрактивните позиции во оваа област.
Клучна карактеристика за веб академијата Еверест е тоа што наставата на неа се изведува со користење уникатна методологија – менторирано учење на далечина. Тоа подразбира:
- Следење снимени предавања на македонски јазик
- Повторување на прикажаните вежби
- Примена на стекнатото знаење на посложени задачи
- Индивидуални консултативни сесии со личен ментор
Со помош на оваа методологија, односно со учење низ практична работа студентите ги стекнуваат вештините неопходни за избраното занимање, истовремено градејќи го своето дигитално портфолио.
За разлика од традиционалните академски установи каде што почетокот на учебната година е 1 октоври (или 15 септември), со студии на Еверест можете да започнете веднаш, без полагање приемен испит. Сè што треба да направите е да ја пополните следнава
Доколку имате било какви прашања на кои не можеш да најдеш одговор, закажи уште денес бесплатни индивидуални консултации. Избери термин кој ти одговара и представник на академијата ќе те побара.