СПОДЕЛИ

Ова е четвртиот дел од нашата серија со текстови под наслов Како да станете веб развивач. Ако дури сега ни се придружувате, еве за што зборувавме до сега:


Како што спомнав во претходните текстови, кога ја знаете вашата цел, многу полесно може да се одручите кои чекори да ги превземете по совладувањето на основните вештини за веб развој. Постојат неколку различни типови на работни места во веб развојот и секое од нив бара одреден сет вештини и различна кариера. Еве краток преглед на неколку од опциите кои ги имате на располагање.

Што прават развивачите на веб?

Некои развивачи се категоризираат според типот на проекти на кои работат, или почесто, деловите од еден веб сајт или апликација кои ги прават. Подолу имате краток опис на најчестите области во веб развојот.

Front-end развој

Front-end развивачите употребуваат HTML, CSS, и често пати, JavaScript за да го претворат еден статички веб дизајн во функционален веб сајт на интернет. Тие се нарекуваат front-end развивачи, бидејќи работат на предниот дел од веб сајтот, т.е она што го гледате и правите кога ќе пристигнете на дадена url адреса. Нивна главна грижа се изгледот на веб сајтот и неговата логика. Ова понекогаш се нарекува и развој на клиентска страна.

Back-end развој

Back-end развивачите употребуваат PHP, Ruby, Python, и други јазици од серверска страна за да креираат апликации, и да ги поврзат со базата на податоци од едната и веб сајтот од другата страна. Тие помалку се грижат за дизајнот и се пофокусирани на безбедноста и меѓусебното работење на деловите позади сцената.

Full-stack развој

Full-stack развивачите работат и во front- и во back-end развојот. Не е невообичаено за еден веб развивач (особено хонорарец) да има вештини и во двата типа на јазици. На пр. WordPress развојот е глевно front-end развој, но влегува и во back-end заради прилагодувањето на обрзците и работењето со базите на податоци. Сепак, full stack развивач не е некој кој има само површни познавања од двете области, туку тоа е човек кој може самиот да изгради еден веб сајт од почеток до крај.

Развој на апликации

Ова малку се разликува од веб развојот, но вештините кои ги учите како веб развивач одговараат и на оваа професија. Развивачите на апликации може да специјализираат во  iOS, за iPhone, или Android, за други уреди. Некои од апликациите се развиваат само за одредена употреба во една компанија (апликација за е-пошта на експо, на пример), а други, пак, се продаваат директно на корисниците (сите апликации во Apple App Store).

Определени кон технологијата

Некои развивачи се фокусираат на самата технологија, а не на одреден тип на работа или краен продукт. Можно е да бидете PHP развивач, на пример, ако се имате стекнато со големо искуство во тој јазик, па во тој случај може да ве ангажираат да креирате PHP за секоја апликација кој се чини дека одговара на вашето знаење и можности.

Поврзани работни места

Најголемиот дел од развивачите влегуваат во овој бизнис затоа што сакаат да програмираат, но има и други разботни места во индустријата кои одговараат на човек со искуство во веб развојот. Управувањето со проекти и UX дизајнот имаат полза од познавање од програмирање и веб развој, покрај останатите вештини, како администрација и дизајн.

Како работат веб развивачите?

Ова е краток преглед на начините на кои работат веб развивачите.Листата не е комплетна, туку е наменета како отскочна даска за вашето понатамошно истражување.

Хонорарно

Тоа е кога водите сопствен, мал бизнис за развивање веб сајтови. Може да станува збор за студија со еден човек, во кои еден човек работи сé, од маркетинг, преку услуга на корисници, па до книговодство, освен ако не ангажира хонорарци.

Примери:

Веб студио

Тоа се мали компании кои се посветени на правење веб сајтови.Нивната големина може да варира, но скоро секогаш имаат мал тим на дизајнери, развивачи и стручњаци од други полиња, со кои соработуваат на проекти за клиенти.

Примери:

Развивачи за нетехнички компании

Кога велам нетехнички, мислам на компании кои не продаваат технички производи, туку употребуваат веб сајтови и апликации за да промовираат и продаваат други услуги и продукти. Во зависност од големината на компанијата може да работите сами или како член на цел тим за развој.

Примери:

Инжeнери за технички компании

Овие компании работат на креирање и поддршка на технички продукти, како апликации и нови технологии. Помалку се работи со клиенти и на веб сајтови. Таму може да очекувате да работите во големи тимови со стручњаци од индустријата. Техничките стартап компании се во оваа категорија, но се од понизок ранг.

Примери:

Како да почнете?

Независно каде сакате да работите, има неколку важни работи кои може да ги направите сега (покрај тоа што ги учите технологиите кои се од ваш интерес) за да почнете.

Погледнете ги огласите за работа

Ако веќе имате одлучено што сакате да работите, тогаш следете ги огласите за работните места кои ве интересираат. Иако можеби не сте во позиција да аплицирате, сепак, може да ги следите квалификациите и искуството кои работодавачите ги бараат. Така ќе добиете конкретни цели и план за вештините на кои треба да се фокусирате.

Мрежа

Почнете да зборувате со другите луѓе од индустријата и градите врски. Ова може да го направите преку социјалните медиуми. Во следниот текст ќе позборуваме за тоа колку се важни мрежите за да најдете клиенти, но не чекајте да бидете целосно квалификуван за да позборувате со луѓето. Споделувајте и промовирајте ја работата на оние кои ги почитувате. Вклучете се во дискусии кои одговараат на вашите интереси и немојте да ги занемарувате оние кои се на исто ниво со вас, бидејќи во иднина, откако и двајцата ќе си ги развиете кариерите, тоа се врските кои можат многу да ви помогнат.

Изградете ваше лично портфолио

Независно од видот на работа, доброто портфолио може да ги демонстрира вашите вештини и вредности како веб развивач. Не мора да чекате на вистински клиенти за да го започнете овој процес. На почетокот не мора да нешто посебно и модерно. Ви треба само место кон кое ќе може да упатите кога ќе почнете да барате работа.


Следно:

Дел 5: Која патека во веб развојот е соодветна за вас?

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.