Ова е шестиот дел од нашата серија “Како да станете веб развивач”. Ако дури сега ни се придружувате, погледнете што сте пропуштиле:
- Дел 1 – Вовед во серијата
- Дел 2 – Што ќе треба да знаете
- Дел 3 – Технички вештини кои не се поврзани со програмирањето
- Дел 4 – Видови работни места
- Дел 5 – Изберете го патот на вашата кариера
Едно од најголемите прашања кое мене ме интересираше на почетокот беше како точно изгледа процесот на веб развој. Откако веќе ги разбирав некои од деловите во процесот, не бев сигурен како тие се вклопуваат еден со друг.
Во овој текст ќе ви дадам кус преглед за тоа како изгледа процесот кај моите проекти за развој. Имајте на ум дека ова е само пример за работен тек кој мене лично, а и на моите дизајнери, ни одговара. Различни проекти ќе бараат различен редослед, а понекогаш и вашите соработници или агенцијата ќе ви наметнат понаков работен тек.
ПРВИ ЧЕКОРИ
1. Иницијално барање
Ова обично е само е-порака од некој клиент или дизајнер во која тој ми ги објаснува работите од веб развојот кои му се потребни, и прашува дали сум заинтересиран и колку наплатувам. Откако ќе ги добијам информациите треба да направам проценка (тема на друг текст), и потоа преминувам на:
2. Предлог за проект
Ги пишувам спецификациите на проектот и вклучувам детален преглед на хонорарите за развој и времето за кое проценувам дека ќе се заврши проектот. Клиентите може да бараат измена на предлогот, а тоа понекогаш бара и нова проценка. Најчесто, сепак се случува тие мали измени да ги забележам во:
3. Договор
Ако предлогот е прифатен, го праќам мојот договор. Повторно клиентот може да побара измени на договорот, ако има нешто што би додал, и откако ќе се договориме, и ќе ги заокружиме барањата, тој го потпишува договорот и ми го праќа назад.
4. Уплата на депозит
Заедно со договорот испраќам и фактура за депозит која клиентот треба да ја уплати пред да започне веб развојот.
5. Систем за управување со проект
Некои клиенти веќе имаат систем за управување со проекти, но оние кои немаат, ги додавам на мојата Redbooth корисничка сметка за таму да може да работиме на проектот. Ова понекогаш од вас ќе бара и кратка обука на клиентот, но вреди да се инвестира време во тоа, бидејќи тогаш сé што ќе ви е потребно ќе ви биде на едно место.
6. Предавање датотеки
Кога клиентот е подготвен да почне, ми ги предава датотеките. Понекогаш ми предава по неколку на одреден период (на пр. жичените модели први, па потоа по две недели PSD датотеките), а понекогаш и ништо. Најголемиот дел на проекти содржат:
1. Жичени модели
PDF-от со жичениот модел ми овозможува да го започнам распоредот на сајтот и дополнителната функционалност која тој ја бара (слајдшоу, ротатори, е-трговија, итн.)
2. Датотеки со конечниот дизајн
Овие обично доаѓаат во Photoshop (PSD), иако јас работам и со датотеки во Adobe Illustrator. Обично тие се пропратени со водич за стил кој ја поставува палетата на бои, фонтовите, логоата, итн. Исто така, ако сајтот е прилагодлив, дизајнерот ми ги праќа и верзиите за таблет и мобилен.
3. Дизајн елементи
Понекогаш дизајнерот ми ги праќа и сликите за позадината, логоата или заглавјата како засебни датотеки. Во спротивно овие обично се сечат од PSD датотеките.
4. Конечна содржина (ако ја имаат на располагање)
Колку поскоро ја добијам конечната содржина, толку подобро. Се обидувам да употребам колку што е можно повеќе од конечната содржина при развојот, затоа што така знам како точно ќе изгледа завршената страница. Додавањето на содржина е уште подобро пред да се готови датотеките со дизајн.
ПРОЦЕС НА ВЕБ РАЗВОЈ
7. Прилагодете локална околина за развој
Обично развивам веб сајтови во локална околина, па првиот чекор ми е отворање на MAMP, прилагодување на база на податоци и инсталирање на последната верзија на WordPress на мојот локален сервер. Во зависност од проектот може да инсталирам тема и да прилагодам дете-тема.
8. Додадете страници, менија, и содржина
Овие елементи нема да се сменат со темата, па затоа ги прилагодувам први.
9. Испрограмирајте го основниот распоред
Откако ќе бидам подготвен да почнам со темата, почнувам со основниот распоред. Ова може да вклучува додавање области за widget-и и додавање widget-и, креирање обрасци на страници, поместување на менија, итн.
10. Испрограмирајте или најдете додатоци за посебни функции
Потоа се фокусирам на специфичните работи од веб сајтот. Наоѓам додатоци за покомлексните функционалности, или додавам дополнително PHP или jQuery за да ги завршам поедноставните.
11. Вратете се назад и додадете го стилот од датотеките со конечниот дизајн
Откако сите делови се во ред, време е за разубавување! Овде го додавам CSS-от, елементите за дизајн и сликите, фонтовите, итн.
АКТИВЕН ВЕБ САЈТ
12. Инсталирајте WP на новиот вебсајт (Во директориум ако сајтот е активен)
Во зависност од проектот, овој чекор може да го направам и пред да ја прилагодам локалната околина за работа. Во секој случај, првиот чекор кон активен веб сајт е инсталирање на WordPress на URL адресата. Ако веќе постои сајт таму, јас го инсталирам WordPress во директориумот на URL-то (http://theurl.com/directoryname).
13. Додадете режим за одржување
Јас употребувам додаток за да го ставам сајтот во режим на одржување, па така ако некој се најде на сајтот нема да биде пресретнат од полузавршен проект.
14. Додадете ја целата содржина
Ако треба да се додаде содржина, ја додавам сега. Исто така, ако клиентот е вешт со технологијата, тој сам си ја додава содржината откако ќе го активирам WordPress и откако истиот ќе биде пристапен.
15. Закачете ја прилагодената тема
Во овој момент ги компресирам сите датотеки на кои сум работел за да креирам зип датотека. Ова лесно се прикажува преку опцијата Upload Theme во контролната табла на WordPress, а може и да се додаде преку FTP.
16. Изменете ја темата за да одговара со локалната верзија (ако е неопходно)
Понекогаш темата треба малку да се измени или реконфигурира за да се совпадне со локалната верзија. Тоа го завршувам во овој момент и го проверувам стилот на новата содржина кој не била дел од локалниот сајт.
17. Тестирање на прелистувачи/итн.
Може да направам минимално тестирање на прелистувачи кога сајтот е локален, но потоа кога ќе е активен правам дополнителни тестирања. Така полесно може да го проверам на повеќе прелистувачи и уреди.
18. Покажете го веб сајтот на клиентот/дизајнерите и добијте повратна информација за измени и грешки
Ова е моментот кога сум подготвен да го покажам новиот веб сајт на клиентот. Се обидувам да оставам минимум 7 дена пред очекуваниот датум за стартување за да добијам повратни информации и да ги средам сите ситници кои сум ги превидел, како и кодот кој не се однесува согласно очекувањата. Колку повеќе време оставам за поправки, толку подобро.
19. Креирајте видеа за обука
Ако клиентот е задоволен со сајтот, и ако немам измени за правење, правам неколку видеа за обука за да му покажам на клиентот како да употребува некои од специфично-прилагодените аспекти на сајтот, како на пр. како да се движи низ прилагодените пост типови.
20. Стартувајте го веб сајтот!
Ова вклучува исклучување на режимот за одржување и, ако WordPress бил поставен во директориум, ажурирање на основната URL. Јас прво го блокирам, за евентуално да не треба да направам брзи корекции ако нешто искрсне (иако ретко ми е потребно тоа).
Тоа е мојот процес! Сега уште едно прашање: Колку трае? Зависи од проектот, но за мене, за дете тема за Genesis, на пример, ми требаат околу три недели од почеток до крај. Поприлагодена тема со e-трговија или членство можеби би ми одземала околу шест недели.
Со оваа временска рамка, имајќи на ум дека најчесто сајтовите кои ќе ги креирате се за клиенти на интернет (не особено големи, ниту комплексни), ќе успеете да стигнете до самото завршување, или многу блиску до тоа.
Следно: