СПОДЕЛИ

Постигнувањето на рамнотежа во веб дизајнот бара размислување, напор и вештини. Добрата работа за рамнотежата, која може да се однесува на поширока категорија на дизајнот, е тоа што таа ве спречува да креирате нешто пренатрупано и огромно кое не оди во полза на корисничкото искуство. Со други зборови, рамнотежата во веб дизајнот ви помага да постигнете умереност. Ни премногу, ни премалку. Ни прегласно, ни претивко. Ја задржува хармонијата на вашиот дизајн, и воедно ги погодува сите цели за употребливост кај клиентите. Ова е една вештина која мора да се најде во вашиот алатник! Во овој текст ќе погледнеме како да инкорпорирате добра рамнотежа во веб сајтовите на вашите клиенти.

СИМЕТРИЧНА РАМНОТЕЖА

Еден од најчестите примери на рамнотежа со кои се среќавате кога прелистувате веб сајтови е симетријата. Таа е брспрекорно направена, иако вие можеби не ја приметувате. Симетријата е пријатна за окото и креира веб дизајн кој е естетски добро организиран и хармоничен. Симетричната рамнотежа се дефинира со еднакво поставување на елементите на двете страни од хоризонталните и вертикалните оски. Со други зборови, и двете страни на страницата се во основа огледални слики една на друга. Иако за некои овој тип на рамнотежа е досаден и предвидлив, тој опстојува долго време, и е еден од најдобрите начини за претставување на избалансиран веб дизајн.

Cisco се одлучи за овој испробан, тестиран и вистински пристап на дизајн. Забележете колку совршено се балансира долж вертикалните оски. Ако ја земете линијата на сликата и ја поделите на средината на почетната страница на Cisco, ќе го забележите следново:

  • Ист број на елементи во лентата за навигација (вклучувајќи ја и иконата за пребарување) на двете страни
  • Насловот и поднасловот се подеднакво долги од двете страни
  • Копчето за повикување на акција е совршено центрирано
  • Ист број на елементи од двете страни под “Quick Tasks” насловот

Овој веб сајт не изгледа многу возбудливо, но и не мора, со оглед на тоа што станува збор за компанија која продава опрема за мрежи. Дополнително, сајтот е функционален и може лесно да се употребува, а тоа се двата атрибута кои клиентите ги ценат. Еве уште два други примери на симетрија:

Швајцарскиот производител на часовници IWC Schaffhausen има хоризонтална рамнотежа. Ако ја поделиме страницата долж централните оски на средина, и двете страни имаат симетрија.

Истото се случува и со веб страницата на Beanstalk. Се карактеризира со минималистички дизајн, а неговата централна оска оди до средината на почетната страница, со што се добиваат две половини на страницата со хоризонтална, симетрична рамнотежа.

АСИМЕТРИЧНА РАМНОТЕЖА

Сосема спротивна на симетријата, а сепак возможна. Нека не ве залажува фактот дека асиметријата е недостаток на еднаквост помеѓу деловите! Како што наскоро ќе видиме, асиметричната рамнотежа создава систем на противтежа во дизајнот… но не на начинот на кој би очекувале. Асиметријата може да се претстави на многу начини. На пример, на половина од екранот, вертикално или хоризонтално, може да има поинтензивен елемент, додека на другата половина посуптилен. И покрај нивната нееднаквост, во јачина и број, се креира рамнотежа преку спротивставувањето на елементи кои си противречат. На овој начин,  асиметријата може да е навистина убава, па дури  и поубава од симетријата, бидејќи игра со концептот на нееднаквост за да креира рамнотежа. Парадокс во дизајнот кој функционира одлично. Таа е поинтересна и попровокативна од предвидливата симетрија. Повикува теми на модернизам, енергија и чудо. Сеопак имајте во предвид дека креирањето на асиметрија бара многу повеќе работа од основната симетрија, особено бидејќи мора да воспоставите врска помеѓу елементите на дизајнот кои се покомплицирани.

Honda е кристално јасен пример за асиметрија во веб дизанот. Под горната лента, на почетната страница, компанијата употребува дизајн со картички, но произведува дезорганизиран изглед, кој и покрај тоа што е визуелно привлечен и шарен, креира недостаток на еднаквост и од двете страни на централните вертикални и хоризонтални оски. Самите картички се со различна должина и не усповаат да се наредат во унифициран ред, ниту колона. Ова креира голема асиметрија која е интересна за гледање. Речиси како лавиринт на почетна страница од компанија за автомобили. Еве уште неколку примери:

Typographisme е одличен пример со слики за асиметрија во веб дизајн. Нивниот дизајн вклучува два елементи кои се искривени. И TG логото и зелената маркица во горниот десен агол креираат асиметрија.

Асиметријата на Duplos е одлична. Може да се пофали со дизајн на елементи кои лебдат и кои не можат да се наредат во линија, независно дали централните оски се вертикални или хоризонтални, што произведува впечатлив изглед.

РАДИЈАЛНА РАМНОТЕЖА

Радијалната рамнотежа, како и што кажува нејзиното име, се појавува кога сите елементи на страницата се шират со еднакви точки на одалечување од еден единствен, централен објект. Така, ако ја поделите страницата вертикално, или хоризонтално, по должина на централната оска, елементите од двете страни ќе бидат еднакво оделечени и еднакво доближени, до централната точка. Еден од најосновнитте примери на радијалниот дизајн се сончевите зраци кои доаѓаат од центарот. Она што оваа форма на рамнотежа ја прави посебна е ефектот на радиација во двете насоки. Исто како што вниманието се насочува надвор од централната точка, така и се враќа кон истата, и тоа како резултат на заедничкиот центар. Токму заради ова, многу  лесно да се задржува фокусот.

Најдобар пример на радијална рамнотежа – што е многу ретко кај веб сајтовите – е Vlog. Тоа е вистинскиот модел, бидејќи сѐ орбитира околу белиот напис “Vlog.it”.

Сите типови на рамнотежа

До сега, би требало да е очигледно дека сите видови на рамнотежа имаат нешто заедничко. Има исти фактори кои конзистентно се појавуваат во секој дизајн со атрактивна и интересна рамнотежа. Рамнотежата во веб дизајнот е насекаде околу вас. Сигурно не сте ја забележале на сите страници кои некогаш сте ги посетиле бидејќи рамнотежата не е првата работа на која помислувате кога посетувате веб сајт, но таа е многу важен елемент од секој дизајн. Не само што додава на естетика која е интересна од визуелни причини, туку и помага во корисничкото искуство, правејќи ги визуелните информации полесни за апсорбирање, а со тоа подобрувајќи ја и навигацијата. Дизајнерите може да постигнат подобра рамнотежа во нивниот веб сајт, ако внимаваат на хармонијата, противтежата и истото растојание, а крајниот резултат ги исплаќа дивидендите на вашите клиенти и го подобрува корисничкото искуство.

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.