СПОДЕЛИ

Најчестото прашање кое си го поставуваат дизајнерите е: Како може да го подобрам корисничкото искуство? Корисничкото искуство е секогаш предниот и централниот дел од дизајнот – или барем така би требало да биде. Ако корисникот не ја прочита или погледне таа содржина, ако не кликне на копчето за повик на акција (CTA, Call-To-Action) или ако не се регистрира во формата, веб сајтот би немал никаква цел.

Дизајнерите имаат голем број на различни трикови во ракавот со кои успеваат да го направат корисничкото искуство многи подобро. Еден од таквите трикови се знаковите за насочување. Тие не се суптилни, затоа што целта им е секој корисник да го види големото  CTA копче некаде на страницата. Со други зборови, знаците за насочување се како рекламни табли на една страница. Тие јасно и буквално го упатуваат корисникот во многу јасна насока.

Стратегијата која стои позади нивното вклучување е зголемување на важните конверзии на страницата. Затоа, треба да направите сé што умеете и знаете како дизајнер, за да го подобрите конверзиите. Знаците за насочување многу помагаат. Еве како:

Што се знаци за насочување?Знаците за насочување доаѓаат во сите форми и големини, и навистина може да се изненадите кога ќе чуете што сé може да се употреби како знак за насочување. Постојат експлицитни (многу очигледни) и имплицитни (посуптилни) знаци за насочување.

Елементи на страница кои може да ги земеме во предвид како експлицитни знаци за насочување се:

  • Стрелки
  • Вперен прст кон некоја страна на страницата
  • Правец на очите  (кога лицата на сликата гледаат или се насочени кон копчето за повик на акција)
  • Линии
  • Криви

Веб сајтот на Kin HR ги употребува погледите на моделите во позадината за да го насочи вниманието кон копчето за повик на акција во предниот дел. (Овој ефект е особено успешен на екран за приказ на таблет)

kinhr

Еве еден одличен пример за експлицитен знак за насочување од страницата на пристигнување на Salesforce. Забележете како е употребена очигледната стрелка за да го насочи погледот на корисникот кон пократката веб форма.

salesforce

Имплицитните знаци за насочување многу полесно може да се превидат, па затоа спорно е точно кои се елементите кои употребуваат вакви знаци. Сепак тоа би можело да биде:

  • Боја
  • Повторување на големина, боја и форма
  • Хиерархија

На пример, погледнете ја About страницата наThe Daily Egg. Формата за регистрација за билтен има сива позадина, но бели полиња. Овој забележителен контраст го привлекува окото, а со тоа и обезбедува знак кој му вели на корисникот дека треба да  пополни.

crazyegg
Како да ги разјасните целите на страницата?Секоја страница има цел, а тоа може да биде да се наведе корисникот да купи нешто, да се регистрира или да се претплати за нешто. Кога корисниците не ја разбираат целта на страницата-како на пр. кога има лошо имплементирана навигација или страниците се преполни-искуството на корисникот драстично се влошува.

Ова е моментот каде што ви треба кристално јасен знак за насочување. Кога корисникот знае што се очекува од него да направи на страницата, се подобрува и неговото искуство. Нивната нервоза се заменува со самодоверба бидејќи се водени од добра организација, дизајн и планирање.

Соодветно, одличен пример за употребата на знаците за насочување доаѓа од страницата која зборува за дефиницијата за знаци за насочување. На Unbounce, погледнете ја големата стрелка која покажува кон десно, и ги упатува корисниците да ја прочитаат дефиницијата. Благодарение на овој едноставен елемент, корисниците јасно ќе разберат дека целта на оваа страница е да се прочита и разбере дефиницијата.

unbounce

Зголемување на бројот на корисници со знаците за насочувањеVisual Website Optimizer истражил една страница која прикажувала реклама за шампон на Sunsilk. Резултатите биле неочекувани: кога очите на жената на сликата гледале кон десно-во шишето со шампон, наместо во празниот простор-бројот на корисници кои го забележале шишето вртоглаво пораснал на 84%, од само 6% во оригиналната реклама, во која жената гледала пред себе.

Eazers.com е германски веб сајт за купони кој ефикасно ја употребува истата техника. Погледот на моделите го привлекува вашето внимание диркетно кон средината.

eazers
Нема сомнение дека знаците за насочување се од голема полза, и не е за изненадување  дека тоа го подобрува корисничкото искуство, што следствено ја зголемува и стапката на конверзија. Кога искуството на корисникот се подобрува, луѓето го прават она што се очекува од нив да го направат.

Понекогаш корисниците знаат што бараат кога посетуваат една страница. Тие се посетители кои најверојатно се враќаат на сајтот за да го искористат она што го искористиле и претходниот пат кога го посетиле. За таков тип на корисници, најважно е корисничкото искуство да е врвно, бидејќи најмалку што сакате да направите е да ги изгубите сигурните конверзии. Еден од најлесните начини да обезбедите одлично корисничко искуство за посетител кој се враќа на вашата страница е да му обезбедите знак за насочување кој лесно се забележува, интерпретира и кликнува.

Не ги потценувајте знаците за насочувањеСледниот пат кога ќе дизајнирате и кога ќе помислите дека треба да не ги употребите непотребните стрелки, линии и криви, размислете два пати! Истражувањата покажуваат дека тие се во тесна врска со корисничкото искуство, и следствено стапката на конверзија. За да го потпомогнете искуството на вашите корисници и за вашите клиенти да добијат поголема стапка на конверзија, мора да ги инкорпорирате овие знаци во вашиот дизајн.

Покрај инструкции, знаците за насочување се показатели за она што се очекува од корисникот. Некои корисници нема да ги следат, но некои ќе ги следат. Сепак, најважната работа е да разберат што се подразбира под “очекуваната“ употреба на страницата. Знаците за насочување се една од најдобрите алатки кои ги имаат дизајнерите за подобрување на корисничкото искуство и за подобрување на конверзијата.

Сакаш да станеш UX дизајнер?

  • Ако си графички дизајнер и Photoshop и Illustrator ги имаш во малиот прст, типографијата ти е специјалност, немаш проблеми со композиција, мрежи и бои, доволна ќе ти биде скратената програма за UX дизајн.
  • Ако дури сега почнуваш да го откриваш светот на дизајнот, најдобриот и најбрзиот начин тоа да го направиш е да учиш од дома работејќи на практични задачи и проекти, под надзор на искусни ментори. Запиши се уште денес на студии за UX дизајн.

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.