СПОДЕЛИ

Комбинирањето на фонтови е најпредизвикувачката вештина која дизајнерите треба да ја совладаат. Кога поставувате два фонта еден до друг додавате неочекувани нијанси на изгледот на веб сајтот. Она што е најважно, е дека ретко кога постои точен или неточен одговор.

Има многу различни начини на комбинирање на фонтовите. Некои од нив се покорисни, а некои помалку корисни, но сепак, најважното нешто што треба да го научите за да почнете, е да ја разберете улогата на секој од фонтовите и да се фокусирате на неговите квалитети.

КОЛКУ ФОНТОВИ СЕ ПРЕМНОГУ ФОНТОВИ?

Ретко кога постои потреба од повеќе од еден фонт. Со само еден фонт, речиси секогаш може да се креира хиреархија и да се пренесе вашата порака. 

Меѓутоа, реално, дизајните со еден фонт се реткост, што се должи на фактот дека повеќето дизајни имаат лого. Повеќето логоа се со текст, и како што се очекува, фонтот кој е одличен за лого, нема да функционира добро на текст. Општо-прифатеното правилото вели дека не треба да употребувате повеќе од три фонта во еден дизајн, при што логото би имало еден (или два!), а со тоа вие би морале да се ограничите на максимум два фонта за текстот.

Обично, за да се истакнат насловите при скенирањето на страницата, употребуваме еден фонт за насловите и еден за текстот. Меѓутоа, за истата цел, наместо дополнителен фонт, може да употребите задеблени букви или појака боја.

Датотеките со фонт обично се околу 65kb, а ако употребувате закосени и задебелени варијанти на фонтот, тогаш на вашиот сајт додавате скоро 200kb за превземање. Она што е ушто полошо, се дополнителните http барања до серверот.

Затоа, одговорот на ова прашање е: Колку помалку, толку подобро. Секоја употреба на нов фонт треба да е со причина. Ако немате добра причина да го употребите, тогаш немојте воопшто да го правите тоа!

КАКО ДА ИЗБЕРЕТЕ ПРАКТИЧЕН ФОНТ

Често, ви се одзема можноста да го направите првичниот избор на фонт, бидејќи компаниите обично ви го прецизираат типот на фонт, па дури и ви даваат сет на фонтови, како дел од упатството за нивниот бренд. Одредени работи доаѓаат со специфични барања. Понекогаш ќе имате ограничен простор кој ќе бара постиснат фонт, или правен текст кој бара фонт кој лесно се чита со мали букви. Но, ако некогаш се најдете во ситуација да ви е дадена празна страница, со неограничени опции, по правило треба да почнете од најголемиот дел од текстот, т.е главната содржина, текстовите.

Кога избирате фонт за телото на текстот, најмногу треба да обрнете внимание на читливоста. Во оваа фаза не се грижете за индивидуалноста.

Моето лично убедување е: Подобро е да научите неколку фонтови кои добро ќе ги познавате, и на кои можете да им вреувате, отколку со секој дизајн да истражувате и да доаѓате до заклучоци и откритија. Тоа е мојот совет. Неколку комбинации на кои може да се потпрете. Во моментов мои фонтови за главниот дел од содржината, текстот се (на Google фонтови)  Droid Sans, Noto Serif и Cabin.

КАКО ДА ИЗБЕРЕТЕ ФОНТ ЗА КАРАКТЕР

Овде е мајсторството…

Кога го избирате првиот фонт за да постигнете читливост, обично избирате алатка на која и верувате, како кога еден уметник избира 2B молив. Меѓутоа, кога го избирате вториот фонт, треба да имате на ум две работи:

Прво, вториот фонт не се Избира од практични причини, туку за да даде карактер. Многу е важно да разберете дека овде не станува збор за вашата личност и карактер, туку за истакнување на карактерот и идентитетот на првиот фонт. Секој фонт има сопсвен карактер, повеќето имаат многу карактеристики, како на пр. изгледа пријатно, или ергономски, или стоички. Ако два фонта ги делат истите карактеристики, тогаш кога ќе ги искомбинирате, нивните карактеристики ќе се удвојат.

fira-merriweather

Fira Sans и Merriweather

Второ, вашиот втор фонт мора да изгледа како да е наменет да се употребува со првот со цел да  креирате конзистентност. Побарајте фонтови со слични пропорции: формата на броевите треба да е слична, размерот на x-висината со високата буква треба да е сличен.

Имајќи ги овие две работи на ум, имате неколку опции кога избирате втор фонт:

Опција 1: Сигурен избор

Многу фонтови се дизајнирани во парови со serif и sans-serif — Scala Sans има Scala Serif, Meta има Meta Serif. Мојот омилен фонт во моментов, Droid Sans, има Droid Serif.

Вредноста во комбинирањето на фонтовите кои имаат пар е во тоа што основната форма на буквите обично е идентична. Степенот на контраст е минимален, но доволен за да гарантира дополнително http барање.

Ако не сте самоуверени во сопствената способност да мешате фонтови, тогаш ова е опција на која може да и верувате.

droid-droid

Пар на фонтови Droid Sans и Droid Serif

Опција 2: Контраст на една карактеристика

Ако изберете фонт кој лесно се чита за текстот, тогаш може да изберете некој кој не се чита толку добро за приказ на кратки содржини и наслови. Ако изберете фонт со геометриска форма за наслови, тогаш текстот нека биде поприроден. Ако текстот ви е со топол и пријатен фонт, тогаш насловите и кратките фрази нека бидат посилни и груби.

Noto Serif има меки пополнувања (просторот кај буквите како ‘c’ и ‘o’) и заградите на нивните serifs фонтови се подеднакво заоблени. Отворен е и пријатен, делува смело и модерно, со благо изразена елеганција. Како контраст може да го употребите Questa Sans. Questa Sans е исто така модерен, смел и заоблен, но нема елегантен израз.

noto-questa

Фонтови со контраст на стил и елеганција, Noto Serif и Questa Sans

Опција 3: Спротивни стилови

Иако може да направите контраст со само една карактеристика, може да се обидете и со спротивен пристап и да направите контраст со сите карактеристики на фонтот, освен една.

Начинот на кој треба да го направите ова е да го идентификувате основниот, главниот карактер на фонтот, и потоа да најдете некој кој ја има само таа карактеристика, но нема ништо друго заедничко. Ова е поголем предизвик, бидејќи е посубјективен, но затоа нуди многу позадоволителни и подобри комбинации.

Cabin е едноставен sans-serif, со многу малку контраст. Многу е близок со геометриски sans-serif (фонт конструиран математички), не е академски и воопшто не е пријатен за на медиуми, но е успешен, корпоративен фонт.

Како контраст на Cabin, може да изберете фонт од типот на Buenard. Buenard е подеднакво корпоративен, има слични пропорции, но е многу потрадиционален и ја истакнува геометријата на Cabin.

cabin-buenard

Фонт со контраст на форма, Cabin и Buenard

ЗАКЛУЧОК

Различните фонтови, во различни пропорции, додаваат посебно чувство на дизајнот. Како и со многу работи, најубаво е да се има мерка бидејќи комбинирањето на фонтотви е експоненцијално комплексен процес.

Навистина не е важно како ќе изберете да ги комбинирате фонтовите, важен е само крајниот резултат. Сепак, кога превземате ризик и кога барате неочекувани парови, обично ги добивате најзадобрите резултати.


Сакате да научите сé за фонтовите и како правилно да ги употребувате во вашите дизајн проекти? Погледнете го курсот Типографија.

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.