Курсот Дизајн на интеракции составен е од два дела:
Дел 1: Вовед во дизајн на интеракции
Дизајнот на интеракција се фокусира на креирање интерфејси, системи и уреди кои се вртат околу корисничкото искуство. Во овој курс ќе ви покажеме како да дизајнирате интеракции за секој дигитален медиум. Курсот го истражува процесот на дизајнирање интеракција, објаснува како работат дизајнерите на интеракција и во детали зборува за принципите на дизајнот на интеракција: конзистентност, можност да се научи, видливост, предвидливост и повратна информација. Исто така се воведуваат и основните психолошки концепти и улогите на контекстот, мотивацијата и перцепцијата во дизајнот. Курсот ќе ви ги покаже најдобрите практики и како да дизајнирате за мотивација и однесување и да им обезбедите повратна информација на посетителите.
Теми
- Потекло на дизајнот на интеракција
- Гешталт принципи
- Дизајнирање со мрежи
- Дизајн модели
- Како луѓето реагираат на движење и боја?
- Комуницирање преку ознаки и икони
- Врамување за содржина и донесување одлуки
- Ментални модели
- Избегнување когнитивен товар
- Дефинирање однесување за дизајн на интеракција
- Дизајнирање за кликнувања и притиснувања
- Разбирање на циклусот на повратна информација
- Професионални ресурси
Дел 2: Применет дизајн на интеракции
Во овој дел од курсот практично ќе ви покажеме како да го подобрите дизајнот на интеракција за да произведете подобро корисничко искуство на веб. Во курсот ќе ги поделиме компонентите на еден веб сајт, почнувајќи од неговата почетна страница, и одејќи низ страниците со категории, содржина, па завршувајќи со процесот на пазарење и плаќање. Ќе ви покажеме како сценаријата за типичен корисник може да се употребат за да се идентификуваат можностите за подобрување на искуството. Ќе научите како да ја подобрите навигацијата, да соберете повратни информации по интеракцијата, да работите со слоевите со содржина, и да додадете опции како бесконечно скролување, модални прозорци кои се собираат и динамичка содржина. На крајот ќе го споредиме оригиналниот веб сајт со неговата подобрена верзија, за да разбереме како техниките кои сме ги употребиле го прават веб сајтот поинтересен и поефикасен.
Теми:
- Дефинирање на сценариа на корисник
- Подобрување на навигацијата
- Работа со содржина во мрежи
- Поставување на чувство за место на страниците за категории
- Бесконечно скролување и методи за нумерирање на страниците
- Употреба на совети на екран за контекстуална содржина
- Работа со паноа за приказ и слоеви
- Подобрување на структурата на формуларите
- Справување со грешки и претставување на ефикасни пораки за грешки
- Споредување на оригиналниот и подобрениот веб сајт
Кому му е наменет овој курс?
Овој курс им е наменет на:
- веб дизајнери и девелопери кои сакаат да овозможат подобро корисничко искуство за посетителите на нивните веб сајтови,
- графички дизајнери кои сакаат да направат надградба на своите вештини во област на веб, UX и UI дизајн,
- сите оние кои планираат професионално да се занимаваат со веб дизајн, графички дизајн и особено UX и UI дизајн,
Предзнаења
За следење на овој курс особено корисно е, но не е задолжително, поседување работно искуство во графички и веб дизајн.
Практичен дел
Во рамки на практичниот дел од курсот, студентот ќе добие задачи кои ќе треба да ги изработи и достави до својот ментор.
Сертификат
По успешното завршување на курсот, учесникот добива сертификат за успешно завршен курс. Под успешно завршување се подразбира навремено доставување на најмалку 80% од предвидените задачи.
Формат на курсот
Курсот се изведува на далечина, со користење на методологијата менторирано учење на далечина.
Цена
7.669 ден (пакет Премиум)
Вклучено во цената
- 30 дена пристап до материјалите за учење
- 4 x 15 мин. менторски сесии (1-на-1, online)
- сертификат за успешно завршен курс
Ментори
Александар Пешевски e графички и веб дизајнер чија специјалност се UI, UX и бренд дизајн. Со дизајн се занимава речиси 20 години. Во моментов работи како дизајнер во Glitch agency која е дел од IWM Network (компанијата која стои зад популарниот портал it.com.mk) а претходно работел и соработувал со голем број компании каде најголем предизвик му бил решавање комплицирани веб структури. Извесно време бил и инструктор за флеш анимации, фотошоп и дизајн принципи. Негова пасија за изработка на уникатен накит од неодамна ја претвори во свој бренд, MightyCreation.
Прашања?
Доколку имате било какво прашање, обидете се одговорот да го најдете во делот Одговори на најчесто поставувани прашања.