Веб дизајнот е област која константно се менува, но Photoshop-от е сеуште класика. Дизајнерите го користат за да креираат UI елементи, веб графика, жичени модели, функционални модели и многу други работи. На овој курс ќе откриете како Photoshop се употребува во модерниот работен тек за веб дизајн. Ќе креирате мокап (модел) за креативна компанија која содржи прилагодлив урнек, целосно развиена тема за бои и фонтови, UI комплет составен од копчиња, ленти за навигација, полиња за избирање и останати елементи на интерфејсот. Исто така, ќе научите како да ја оптимизирате веб графиката, да креирате мали слики, и да интегрирате други апликации како Illustrator и Muse во вашиот веб дизајн работен тек.
Теми:
- Зошто да употребувате Photoshop за веб дизајн?
- Откривање на мистеријата зад големини на екран и резолуција
- Давање цел на вашиот веб сајт со стратегија на содржина
- Прилагодување на веб работен простор во Photoshop
- Прилагодливо дизајнирање
- Креирање жичени модели на мрежа
- Избирање бои и фонтови
- Развивање UI комплет со Photoshop
- Составување модел на страница
- Креирање sprite листи
- Оптимизирање слики
- Интегрирање со остатокот на продукти на Adobe Creative Cloud
Кому му е наменет овој курс?
Овој курс им е наменет на сите оние кои планираат професионално да се занимаваат со дизајн: веб дизајн, графички дизајн, UI & UX дизајн.
Предзнаења
За следење на овој курс потребно е поседување предзнаења опфатени со курсот:
Практичен дел
Во рамки на практичниот дел од курсот, студентот ќе добие задачи кои ќе треба да ги изработи и достави до својот ментор.
Сертификат
По успешното завршување на курсот, учесникот добива сертификат за успешно завршен курс. Под успешно завршување се подразбира навремено доставување на најмалку 80% од предвидените задачи.
Формат на курсот
Курсот се изведува на далечина, со користење на методологијата менторирано учење на далечина.
Цена
4.129 ден (пакет Премиум)
Вклучено во цената
- 30 дена пристап до материјалите за учење
- 4 x 15 мин. менторски сесии (1-на-1, online)
- сертификат за успешно завршен курс
Ментори
Даниел Јанев работи како графички и веб дизајнер веќе 10 години за најпознатите македонски маркетинг агенции и дизајн студија. Како фриленсер работи и за клиенти од целиот свет на различни проекти од лого дизајн па се до целосни веб решенија и дизајн на мобилни апликации. Специјалност му се едноставни, векторски и минималистички решенија. Моментално работи како Senior Designer во меѓународна невладина асоцијација IDEA. Уредник е на dezen.mk, блог специјализиран за дизајн и фриленсинг.
Портфолио:
Dribbble, www.danijanev.com,
LinkedIn
Ана Тодоровска е графички и веб дизајнер со 8 годишно работно искуство во печатница, графичко студио и маркетинг агенција. Моментално е дел од тимот на маркетинг агенцијата Идеа+, еден од партнерите на веб академијата Еверест. Предизвик ѝ се осмислување на интересни и иновативни комуникациски платформи, герила маркетинг и рекламирање на социјални медиуми. Портфолио
Прашања?
Доколку имате било какво прашање, обидете се одговорот да го најдете во делот Одговори на најчесто поставувани прашања.