Поттикнати од статијата 23 прекрасни портфолио сајтови, редакцијата на блогот на веб академијата Еверест одлучи на еден интересен (рака на срце, веќе виден) начин да ги покани македонските графички и веб дизајнери да ги достават своите портфолија. Така, го стартувавме првиот македонски Online portfolio challenge со кој предизвикавме неколку наши пријатели, инаку истакнати дизајнери, прво да го објават своето портфолио на нивниот Facebook профил а потоа предизвикот да го пренесат на 5 нивни познаници кои се занимаваат со графички и веб дизајн.
Речено, сторено. Веднаш добивме неколку портфолија кои ви ги представуваме според редоследот на пристигнувањето. Па, да не должиме, повелете погледнете ги, коментирајте, споделувајте и, се разбира, номинирајте се себеси или ваши пријатели дизајнери.