СПОДЕЛИ

Познат е фактот дека полезноста и лесната употреба се главните фактори за успех на еден веб сајт. Важно е секој веб сајт, особено портал за е-тргување, да има дизајн фокусиран на корисникот, и во моментов, токму тоа е вообичаениот пристап за успешност и профитабилност. На крајот на краиштата, сите сакаме сајт со опции кои се употребливи.

Почетниците во веб дизајнот ќе работат многу подобро, ако ја разберат психата на корисникот во однос на начинот на кој тој го употребува нивниот веб сајт, т.е факторите кои го мотивираат да го посети веб сајтот, да кликне на линк или да го затвори прелистувачот. Сé се сведува на задоволување на потребите на корисникот.

Разбирање на однесувањето на корисникот на веб сајтот

  • Обично, кога корисниците посетуваат некој веб сајт, тие речиси никогаш не ја читаат содржината детално. Понекогаш се случува големи делови од страницата да останат незабележани. Сепак, тие прелистуваат низ страниците, прелетуваат низ текстот и кликнуваат на линковите кои им се интересни или корисни во моментот.
  • Ако корисниците почувствуваат дека бесцелно лутаат низ еден веб сајт или страница, и дека нема да го добијат она што го очекувале, тие или ќе престанат да се движат низ вашиот сајт, или ќе кликнат на копчето за назад, и ќе продолжат да бараат нешто што може да им го задржи вниманието.
  • Се вели дека содржината е главна. Веб сајтовите кои имаат обични дизајни, но се поддржани од содржина со висок квалитет, со тек на време, привлекуваат повеќе сообраќај. Ова ни покажува дека корисниците го ценат квалитетот и кредибилитетот.
  • Корисниците сакаат веб сајтови кои не бараат ментален напор, туку се базираат на интуитивна навигација. Ако тие можат лесно да разберат како функционираат работите и како може да го искористат она што го има на сајтот, поверојатно е дека  повторно ќе се вратат или задржат на вашиот веб сајт.
  • Корисниците сакаат да ги контролираат прелисувачите, и претпочитаат конзистентна презентација на податоци сé додека пребаруваат на интернет. На пример, не сакаат да бидат непријатно изненадени од скок прозорци кога најмалку ги очекуваат, и сакаат коpчето ‘Home’ да ги врати на почетната страница.

Имајќи го сево ова на ум, еве неколку работи кои секој почетник во веб дизајн треба да ги запомни.

1. Направете да е лесно-разбирливо

 

Бидете сигурни дека вашиот дизајн е јасен и дека нема потреба од дополнителни објаснувања. Кога некој корисник ќе го посети, тој не треба да се размислува на кој начин да се движи низ сајтот, туку мора да може интуитивно да работи.

Ако навигацијата и архитектурата на сајтот не се инстинктивни, корисниците ќе останат со неколку неодговорени прашања, и нема да може да одредат како да стасаат од точка А до точка Б.

Вашиот дизајн треба да има добро дефинирана структура, логички визуелни показатели и линкови кои лесно се идентификуваат. Сајтот треба лесно да се разбира, за корисниците да имаат полза од него и често да се враќаат на него.

2. Не треба да има пречки

Отстранете ги сите пречки и бариери, како регистрација на корисникот и претплати, пред да може да се употребат услугите и алатките на вашиот сајт. Луѓето го посетуваат вашиот сајт за да го разгледаат, а не за да ви дадат лични податоци  и за возврат да добијат нешто кое може, но и не мора, да го употребат во иднина.

Дадете им слобода да си поиграат со вашиот веб сајт и да ги истражат неговите опции, да ги откријат услугите кои ги нудите, без да ги присилувате да ги споделат своите лични податоци. Колку помалку барања имате од корисниците, толку поголеми ви се шансите да привлечете поголем сообраќај.

3. Креирајте нешто што изненадува

На секој веб сајт, одредени аспекти од корисничкиот интерфејс привлекуваат повеќе внимание од други. Кога корисникот ќе ги види текстот и сликите поставени заедно, сигурно е дека она што ќе им го привлече виманието ќе бидат сликите.

Одличен начин на кој ќе направите вашиот корисник да го фокусира вниманието на одредени области од вашиот веб сајт е да му помогнете интуитивно да стаса од точка А до точка Б, со умерена употреба на визуелни елементи, како слики и видеа.

Таквите елементи би требало да им обезбедат подобро чувство за ориентација, кое ќе го намали менталниот напор и ќе ги постигне целите на веб сајтот.

4.  Истакнете ги опциите

Добра идеја е (понекогаш) да ја ослободите вашата креативност и слобода, и да креирате визуелни ефекти и големи копчиња на веб сајтот за да им помогнете на корисниците да се движат низ она што им го нудите. Ако ова е разумно направено, без претерувања, може да направи чуда и да го води корисникот низ содржината на едноставен и пријатен начин.

Направете ги впечатливи најважните работи на веб сајтот. Така, најголемиот дел од проблемите во дизајнирањето на вашиот интерфејс  ќе исчезнат. Откако сите елементи на веб сајтот ќе бидат разбирливи за корисникот, корисникот ќе се чувствува доволно пријатно за да експериментира со обезбедените опции.

5. Фокусирајте се на ефективно пишување

Еве неколку правила за ефективно пишување на веб:

Треба:

  • Да употребувате концизни фрази и да стасате до темата колку што е можно побрзо.
  • Да ја поделите содржината, да ја категоризирате, и да употребите читливи фонт и големина на фонт, да имате наслови, подточки, визуелни елементи и да избегнете презентирање на содржината во големи блокови текст.
  • Јазикот нека ви биде едноставен, а не промотивен. Дадете им на корисниците причина да се задржат на вашиот веб сајт и да продолжат да ги употребуваат вашите услуги.

Не треба:

  • Да употребувате големи блокови текст без слики. Тоа е нешто што корисниците сигурно ќе го игнорираат.
  • Да се преценувате и да употребувате технички имиња кои звучат непрофесионално. Да употребувате строго маркетиншки термини кои се специфични за вашата компанија и непознати за пошироката јавност. На кратко, останете подалеку од промотивни текстови, а кога ќе ги употребите, нака бидат умерени.

6. Белиот простор е добар

Вашиот веб сајт мора да има и бел, празен простор, биејќи тоа го олеснува менталниот напор на корисниците. Така, тие полесно може да ги прегледаат претставените податоци и да ја поделат содржината во разбирливи делови со информации.

Натрупаната и комплексна структура е потешки за читање, скенирање и анализирање. Вклучувањето на поголема количина празен простор ќе направи многу за вашата содржина.

Заклучок

Добар веб дизајнер е оној кој се поврзува со корисниците на сите нивоа. Има веб дизајнери кои успеале да креираат совршени веб сајтови само заради фактот дека ги следат основите и посветуваат внимание на детали. Советите, кои ви ги презентиравме во текстот погоре, би требало да ви разјаснат што еден дизајнер треба да следи за да успее правилно да се насочи се себе си.

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.