СПОДЕЛИ

Немате потреба од диплома во компјутерски науки, ниту искуство, за да успеете како развивач. Сé што треба е одлучност и многу учење. Џенифер Гилберт објаснува како се префрлила од кариера на уредувач на текстови во инжeнер за софтвер во Aruba Networks.

Кое е вашето моментално работно место? Сигурно сте смениле неколку позиции откако сте почнале да работите во компанијата, па кажете ни кое беше работното место со кое почнавте?

Јас сум инжeнер за софтвер во Aruba Networks. Почнав со три месечна пракса и потоа ме вработија. Кога почнав, работев како развивач и го креирав корисничкиот интерфејс за Cook Smarts, апликација за планирање на оброци.

На момeнталнава позиција, креирам кориснички интерфејс кој му овозможува на корисникот да биде во интеракција со хардверот. Ако некогаш сте го конфигурирале вашиот рутер за интернет, интерфејсот кој сте го виделе таму е нешто што јас би го креирала. Aruba Networks гради точки за пристап на интернет и софтвер за управување со мрежи. Во основа, јас градам веб страници кои им овозможуваат на луѓето да се во интеракција со машините кои немаат сопствен, надворешен кориснички интерфејс. (банкоматите имаат надворешен интерфејс, но автомобилите со далечинско управување немаат. Но, ако тој автомобил има можност да биде на подот во вашата канцеларија и да ја следи вашата безжична мрежа, би можела да креирам веб страница која ќе му испраќа сигнал кога вие ќе притиснете на копчето  “Drive Forward” или нешто слично.)

Што учевте на факултет? Како е тоа поврзано со она што го работите сега (ако воопшто е поврзано)?

Студирав новинарство бидејќи сакав да бидам уредник на вести. Моите уреднички вештини ми се предност кога пишувам јасен код и кога барам грешки во софтверот. Искуството во поле во кое се важни деталите, особено оние во јазикот и графичкиот дизајн, може многу да ви помогне во front-end програмирање.

Различните жанрови во програмирањето бараат различен комплет на вештини – некои јазици се многу уметнички, а некои многу математички. Ова е точно и за front end-от. Некој кој дипломирал уметност или графички дизајн, може да специјализира во CSS, односно да ги одредува боите, распоредот и изгледот на еден веб сајт. Некој пак, кој ужива да работи со логика, би ги претпочитал варијабилите и изразите на JavaScript, со што би му дозволил на корисникот да е во подиректна интеракција со елементите на страницата.

Раскажи ми како напредуваше твојата кариера. Како одлучи дека сакаш да влезеш во програмирањето и како го оствари тоа?

Минатиот септември бев уредник. Како дете многу сакав да програмирам. Тоа беше пред многу години, па со оглед на тоа што технологијата брзо се развива, кога одлучив да се обидам да програмирам, морав да почнам од почеток. Избрав програмирање од три причини. Првата беше тоа што пазарот за труд за програмери е многу голем, втората беше лична, а тоа е дека отсекогаш ми беше криво што не навлегов повеќе во полето на програмирање, и третата ја сфатив дури откако почнав да учам одново, а тоа беше дека сé уште уживав во програмирањето.

Оттогаш само учев. Многу учев. Немам диплома во компјутерски науки, што значеше дека морав многу сама да научам.

Не би рекла дека ми се допаѓаше секоја минута од процесот, бидејќи и не би било реално, нели? Но општо гледано, процесот на учење ми беше пријатен, дури и кога се обидував да запомнам упатство од 500 страници. Во минатото се мачев да направам рамнотежа помеѓу чувството на досада од недостаток од предизвици и чувството на преголема возбуда од премногу предизвици, и мислам дека програмирањето е совршено за секој со овој проблем. Следното ниво е секогаш на дофат… но, има толку многу нивоа на знаење, што не верувам дека во овој живот ќе успеам да стасам до врвот.

Среќна сум што живеам во областа на Сан Франциско, што значи дека можам да одам на многу состаноци и конференции. Заедницата овде нуди огромна поддршка, и многу брзо успеав да запознаам многу луѓе кои сакаат да работат со мене. Секој контакт кој го имам денес, е директен резултат на таа мрежа.

Кои аспекти од вашата работа ви се омилени? Кои се работите кои би ги смениле, кога би можеле?

Омилениот дел од мојата работа е тоа што таа ми дава магични моќи. Доаѓам од лингвистичко поле, па навикната сум да пишувам зборови, но не сум навикната зборовите да оживуваат! Ми се допаѓа и тоа што никогаш нема да завршам со учење. Ова поле е толку големо и толку брзо се менува, што секогаш постои нешто што сакам да го научам.

Не е тајна она што би го сменила. На ова поле му требаат жени! Технологијата игра многу важна улога во сечија професионална иднина, па ме загрижува фактот дека жените не се доволно застапени овде. Добрата вест е што жените кои се заинтересирани за програмирање, сега, имаат многу поголема поддршка.

Каков совет би им дале на студентите кои се заинтересирани да работат во ова поле?

Искористете ги сите бесплатни или ефтини ресурси на знаење кои ви се на располагање. Ако веќе имате искуство во програмирање, фокусирајте се на вашето портфолио. Само заради тоа што не сте подготвени да работите за хонорар, не значи дека не треба да стекнувате искуство. Има многу open-source проекти и волонтерска работа кои може да ги искористите за тоа. Организациите се пресреќни кога може да добијат бесплатна помош, а и вам за почеток тоа ви одговара. Има листи за UX дизајн на Catchafire.org, но не плашете се да ја исконтактирате организацијата која вам ви е предизвик, особено ако од нивниот веб сајт може да забележите дека имаат потреба од дотерување.

Кога ќе ви се зголеми знаењето, инволвирајте се во форуми како  Stack Overflow, и постирајте го кодот во јавни архиви како GitHub за вашиот напредок да се документира. Присуството во зедница е многу важно, бидејќи тешко е работодавачите да препознаат дали сте вешт или само тврдите дека знаете да работите.

Преминете во реалниот свет кога ќе бидете подготвени. Тоа може да ве заплаши. Но тој скок во реалните проекти со реални корисници е вреден. Мислам дека многу повеќе научив во првата недела на работа, отколку во последните два месеци претходно.

Можеби најдобриот совет кој може да ви го дадам е да се подготвите доволно добро за да ја искористите приликата која може ќе ви се пружи. Јас контактирав една фирма на самиот почеток, па по неколку месеци компанијата ме контактираше за да ми каже дека моето искуство не одговара на нивните потреби. Тогаш решив да им одговорам со ажурирано портфолио и ново резиме. И тие се предомислија.

Среќата ги следи подготвените. Најважно е кога некој ќе ви понуди работа или пракса да му кажете “Да ви покажам што имам креирано,” наместо “Сигурен сум дека ќе можам да креирам нешто убаво за вас ако ме ангажирате”.

Дали вашата компанија ангажира практиканти во вашето поле? И ако одговорот е да, како може да се аплицира?

Да, нудиме пракса за студенти и отворени сме за вработување на млади развивачи кои покажуваат многу талент и ентузијазам. Би додала и дека има многу компании на кои  помошта би им дошла навистина добро. Сепак, мора нешто да научите, па дури потоа да отидете во некоја компанија која ве интересира.

Домашна задача! Погледнете ги некои од ресурсите кои таа ги споменува. Поставете прашање во Stack Overflow. Регистрирајте се на GitHub.

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.