Валосо Хуб Ви го претставува НЛБ Банка хакатон: Настан кој не смеете да го пропуштите
На 22-23 април Валосо Хуб спрема одличен настан за сите програмери во Македонија. Односно, најиновативните програмери во Македонија ќе имаат можност да учествуваат во ексклузивен хакатон организиран за НЛБ Банка – НЛБ Банка хакатон.
Што е НЛБ Банка хакатон?
НЛБ Банка хакатон е ексклузивен викенд настан кои ги спојува најталентираните и најиновативните програмери од Македонија со цел да смислат оригинално дигитално решение кое ќе го редефинира електронското банкарство во Македонија. Програмерите кои ќе учествуваат во хакатонот ќе програмираат два дена со цел да дојдат до иновативно решение и практичен дигитален производ.
Која е целта на хакатонот?
Главната цел на овој хакатон е да се поттикнат оригинални идеи кои ќе се развијат во продукт кој ќе се користи од страна на НЛБ Банка и нивните корисници. Идеите мора да нудат решение кој ќе исполни барем еден од следниве три цели:
- Да го намалат бројот на корисници кои ги посетуваат филијалите на НЛБ Банка со тоа што ќе понудат ново и иновативно онлајн решение.
- Да ги подобрат постоечките НЛБ Банка апликации.
- Да привлечат повеќе млади луѓе да ги користат услугите на НЛБ Банка.
Каде ќе се одржува?
Хакатонот ќе се одржи во пространата канцеларија на Валосо Хуб во Скопје.
Кога ќе се одржува?
Хакатонот ќе се одвива на 22-23 април. Настанот ќе започне во сабота во 9 часот и ќе трае до 16 часот следниот ден. Хакатонот ќе трае 31 часа.
Кој може да учествува?
Право на учество имаат сите заинтересирани програмери кои имаат над 18 години и кои имаат интересни идеи. Учесниците во хакатонот можат да се пријават индивидуално или како дел од тим со најмногу тројца членови. Меѓутоа, за подобро развивање на идеја препорачливо е да се учествува како тим за да може поефикасно да се презентира решението. Секој тим има право на само една апликација.
Исто така, учесниците ќе работат покрај ментори кој ќе ги насочуваат во текот на целиот хакатон.
Регистрирајте се за да го обезбедите Вашето место на хакатонот.
Како ќе се оценуваат апликациите?
Жири од 4-5 членови ќе ги оценуваат апликациите според следните критериуми:
- Оригиналност/креативност
- Иновативност
- Аналитички вештини
- Стратешко размислување
- Практичка имплементација
Тимот кој ќе освој најголем број на поени ќе биде прогласен за победник и нивната идеја може да се реализира.
Кои се придобивките?
Учество во хакатонот нуди многу придобивки за учесниците. Победничкиот тим ќе добие ексклузивна награда, како и можноста за потпишување на договор со Валосо Хуб и да ја претворат нивната идеја во реалност.
Покрај наградите, учесниците ќе имаат можност да се запознаат и дружат со луѓе од нивната професионална сфера и да го збогатат нивното програмерско искуство.
Без сомнение овој настан не смеете да го пропуштите поради сите поволности кои се нудат. Ако сте програмер, имате одлична идеја и сакате да бидете дел од настан кој ќе ви овозможи да ја претворите Вашата идеја во реалност, тогаш заокружете го датумот и бидете дел од еден од најголемите хакатон настани во Македонија.
За подетални информации, посетете ја официјалната веб страна на НЛБ Банка хакатон.