СПОДЕЛИ

Независно дали сте стартап или компанија со голем број вработени, вашиот најзначаен ресурс се луѓето. Проблемот со нив е што понекогаш можат да ве напуштат од причини кои можеби никогаш нема да ги дознаете или разберете. Или, понекогаш се случува вашиот клиент да ви довери проект но, за жал, немате доволно луѓе.

И, што тогаш?

Се разбира, започнувате потрага по нови таленти, процес кој значи време, пари за огласи и дополнителна работа за вашето одделение за човечки ресурси.

За ваша среќа, блогот на веб академијата Еверест од неодамна има нова функционалност – берза на труд во област на веб дизајн, развој и програмирање. Тоа е место каде што работодавците објавуваат слободни работни места а заинтересираните кандидати аплицираат на огласи по сопствен избор. Ние помагаме со тоа што сите пристигнати огласи, освен што ги објавуваме на нашиот блог и Facebook страница, ги проследуваме и по меил на сите наши претплатници.

Објавувањето слободни работни места или студентски пракси е бесплатен сервис за организациите кои имаат воспоставено партнерски статус со Веб Академијата Еверест.

Освен објавувањето бесплатни огласи, веб академијата Еверест на своите партнери им нуди и други погодности:

  • Промоција на партнерот на веб страната на академијата
  • Членство во стручен совет на академијата
  • Учество во менторска програма
  • Попусти на обуки на вработени

За повеќе детали за партнерската програма контактирајте не’ на: contact@everest.mk или на 078 267 837.