СПОДЕЛИ

Независно дали ќе го подобрувате или оптимизирате постоечкиот код или едноставно почнувате од почеток, не постои подобро време од сега за да почнете да ги интегрирате објектно-ориентираните веб техники. Овој курс ќе ви покаже како да ги интегрирате принципите на објектно ориентираното програмирање во веб страница или апликација изградена со PHP. По кусиот преглед за тоа што се објектите и класите, и зошто да ги употребувате, ќе почнеме со креирање на објекти и правење нивни инстанци, потоа ќе дефинираме врски на класи и интеракции кои ќе се дел од вашиот главен арсенал за програмирање. Овој курс ќе ви покаже како да ја искористите моќта на PHP објектите и да имплементирате дизајн модели, и ќе ви ги даде чекорите со кои може да продолжите да додавате алатки во вашиот алатник како програмер.

Теми:
• Историски преглед на објектно ориентирано PHP
• Дефинирање класи
• Креирање контекст метод/објект со $this
• Пристапување на класи без правење на инстанца
• Креирање класа за база на податоци
• Проширување и апстрахирање на класи
• Клонирање и споредување објекти
• Справување со грешки со исклучоци
• Имплементирање дизајн модели, factory и strategy

Кому му е наменет овој курс?

Овој курс им е наменет на:

  • дизајнери и девелопери кои сакаат да креираат динамички, веб базирани системи и апликации со помош на PHP & MySQL

Предзнаења

За следење на овој курс потребно е поседување знаења содржани во курсевите:

Практичен дел

Во рамки на практичниот дел од курсот, студентот ќе добие задачи кои ќе треба да ги изработи и достави до својот ментор.

Сертификат

По успешното завршување на курсот, учесникот добива сертификат за успешно завршен курс. Под успешно завршување се подразбира навремено доставување на најмалку 80% од предвидените задачи.

Формат на курсот

Курсот се изведува на далечина, со користење на методологијата менторирано учење на далечина.

Цена

7.669 ден (пакет Премиум)

Вклучено во цената

  • 30 дена пристап до материјалите за учење
  • 4 x 15 мин. менторски сесии (1-на-1, online)
  • сертификат за успешно завршен курс

Ментор

Давор Попоски е дипломиран инженер по информатика со 8 годишно работно искуство. Работел како програмер на компјутерски игри, предавал веб програмирање на Академијата на ИТ Александрија. Исто така работел на големи веб проекти како cdr системи, e-learning платформи, софтвер за продукциски студија итн. Моментално работи како head od IT во интернационална компанија.  LinkedIn

Прашања?

Доколку имате било какво прашање, обидете се одговорот да го најдете во делот Одговори на најчесто поставувани прашања.

предупредување

пријава

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.