Како веб дизајнер кој главно работи на сопствен компјутер, забавата е на само едно кликнување од вас. Кому не му се случило да потроши цело попладне прегледувајќи непотребни Youtube видеа, наместо да креира жичени модели за клиентите кои го чекаат? Во овој текст ќе погледнеме како да го намалите пристапот до работи кои ви го одвлекуваат вниманието, и како подобро да го искористите работното време.
Клучни концепти за подобра организација на вашето време
За да сте попродуктивни, важно е да разберете неколку концепти кои ќе ви помогнат подобро да се фокусирате на вистинските работи.
Научете да кажете “НЕ”
Првата работа која мора да ја научите е да не се согласувате на работа за која немате време да ја завршите како што треба. Тоа ќе ви го отежни животот вам, а и вашите клиенти нема да се среќни ако нивниот проект е направен набрзина. На крајот на краиштата, работата која не мора да ја правите е време кое не мора ни да го организирате.

Планирајте однапред
Ова е многу поважно од колку што би си помислиле. Планирањето на вашиот ден или недела однапред ви ја олеснува работата, така што секогаш ќе знаете кој е вашиот следен чекор, без постојано да размислувате. Како веб дизајнер, вие треба да сте свој менаџер и да си давате наредби кои лесно ќе ги следите.
Сумирајте
Оној дел кој најчесто се заборава кога организираме време. Секогаш одвојте време на крајот од денот за да видите што сте потигнале и како сте се справиле со задачите кои сте ги планирале. Тоа ќе ви го даде потребниот преглед на она што се случува и ќе ви дозволи подобро да ги испланирате следните чекори.
Поставете приоритети
Прво направете го она што е важно. Дури и ако многу работите, концентрирањето на споредните работи наместо на важните задачи, се смета како одложување. Ако научите да поставувате приоритети, ќе научите и кога да кажете “не” во иднина.
Заборавете на multi-tasking
Во ера на социјални медиуми и константна online разонода, ова правило се потешко се следи. За жал, вашиот мозок нема можност да се фокусира соодветно на повеќе задачи, и затоа мора да се откажете од она што ви го одвлекува вниманиете и ве забавува, за да може да се концентрирате на вашата работа.
Правете паузи
Немој да се преработувате. Тоа е бескорисно. Вашето тело има потреба од одмор за да функционира правилно, а кога вашиот мозок не е добро одморен, тој не е ни доволно продуктивен. Кратката паузата која ќе ја земете за да дремнете или да прошетате неверојатно ќе ви помогне во изведбата на она што го работите.
Некои популарни техники за организација на време
Иако концептите горе се добри, тие не ви кажуваат многу за брзата имплементација. Затоа сакам да ви дадам и некои техники кои ќе ви помогнат да почнете. Сите тие се креирани од луѓе кои станале одлични во организацијата на своето време, па затоа, следете го нивниот пример. По мое мислење, најдобриот начин да ги искористите овие техники е ако ги комбинирате според она што најмногу одговата на вашиот карактер.
Inbox zero
Техника за организирање на електронската пошта која е креирана од Мерлин Ман. Идејата е едноставна: доведете ги електронските пораки во вашето сандаче до нула. Звучи како да е лесно, но ако добивате многу електронски пораки, ова може да е многу тешка задача. Мерлин создал сет на техники и совети кои ви помагаат да го направите тоа. Тој ги земал во предвид најчестите проблеми кои луѓето ги имаат со електронската пошта и ги анализирал психолошките бариери кои ве спречуваат да одговорите веднаш. Тој има веб сајт каде се ставени сите информации за проектот – Сандаче до нула. Не пропуштајте да го погледнете видеото и да ги прочитате текстовите.
Pomodoro техника
Накратко кажано, Pomodoro техниката се состои во тоа да работите 25 минути и потоа да земете кратка пауза. После четири низи од по 25 минути, земате подолга пауза. На овој начин работите пократки временски интервали, но сте пофокусирани, со што станувате и попродуктивни.
Се разбира, Pomodoro техниката е покомплексна од ова кратко објаснување. Креаторот на оваа техника за организирање на времето, Франческо Кирило, напишал цела книга, во која во детали го објаснува овој метод. Затоа, прочитајте ја книгата за да дознаете повеќе.
Geting things done (Завршувајте ги работите)
GTD (Getting Things Done) е организациски метод креиран од консултантот за продуктивност Давид Ален. Методот ви помага да ги поделите вашите задачи, да дадете приоритет на важната работа и инсистира на тоа да ја прегледате работата која сте ја завршиле во таа тековна недела. Филозофијата зад GTD е да се земе сето она кое ви го одзема вниманието и да ви се ослободи умот, а потоа да се превземат чекори на делување со кои ќе се скратат задачите. Целиот процес бара да ја задржите големата слика пред себе додека се обидувате да се концентрирате на деталите. За подобро да ја разберете техниката, ви препорачувам да ја гледате одличната презентација на Давид во Google. Така ќе добиете подетален преглед директно од креаторот на моделот. Ако имате повеќе време и сакате да ги знаете деталите, погледнете ја неговата книга.
Pareto анализа
Pareto анализата ја популаризираше Google, кој им дозволи на своите инженери да работат 20% од своето време на лични проекти. Така се роди Gmail, една од најпопуларните услуги кои ги нуди Google.
Оваа техника е попозната како правило 80/20. Правилото вели дека со правење на само 20% од работата, вие може да генерирате 80% од придобивките на целата работа. Или дека 80% од проблемите се предизвикани од 20% од причините. Pareto анализата ви дозволува да ги идентификувате овие причини и да им дадете поголем приоритет. Ова е одличен начин да откриете на што треба да се фокусирате. За да научите повеќе за оваа техника погледнете го овој текст на MindTools.
Заклучок
Како дизајнер, особено ако сте хонорарец, организацијата на време е од есенцијално значење за успешното завршување на проектите. Ако се преоптоварувате себе си со 15-часовно работење секој ден, нема да станете попродуктивен. Техниките за организација на време кои ги дискутиравме можеби не се совршени за вас, но откако ќе сфатите дека постојат и дека сакате да го подобрите начинот на кој работите, ќе станете поуспешен и попродуктивен дизајнер.
Патем…
… еве како ние помагаме да го заштедат времето на оние кои сакаат да учат – наставата на веб академијата Еверест се изведува целосно online. Значи, нема патување, учењето е од дома (или канцеларија) и заштедувате време во патување. Освен тоа, секој курс ви е достапен веднаш, што значи нема да поминете месеци во чекање на почетокот на саканиот курс.