СПОДЕЛИ

Терминот прилагодлив дизајн се поврзува со концептот да креирате дизајн за веб сајт на начин на кој што ќе овозможите распоредот да се менува согласно големината и резолуцијата на екранот на компјутерот. Или, попрецизно, концептот дозволува напредниот распоред со 4 колони, и 1292 пиксели ширина, автоматски да се поедностави на екран со 1025 пиксели ширина, и содржината да се прераспредели во две колони.  Исто така, распоредот совршено се прилагодува и на малите екрани на паметните телефони и таблети.  Оваа техника на дизајнирање се нарекува прилагодлив дизајн.

Сега може да го тестирате вашиот веб сајт со алатката за прилагодлив дизајн.

Прилагодливото дизајнирање за веб е целосно поинаква верзија на традиционалното веб дизајнирање, па затоа развивачите (особено младите) мора да ги знаат сите негови придобивки и недостатоци. Овој блог е пример на тој пристап, па затоа сега ќе ви откриеме неколку факти за употребите на прилагодливиот дизајн. Основниот инстинкт ќе ви биде да изберете медиа прашалници за да развиете прилагодлив сајт, но проблемот со кој може да се соочите притоа е тоа што може да ви се појавуваат нови прашалници од момент во момент, а со тоа корисникот ќе треба да следи нагли и драстични промени во изгледот и организацијата на сајтот. Експертите препорачуваат да употребувате CSS транзиции за да го омекнете скокот.

Страниците кои вклучуваат табели со податоци се посебен предизвик за прилагодливиот дизајн. Табелите со податоци предодредено се многу широки, па кога некој ќе одзумира за да ја види целата табела, табелата му станува премала за читање. Ако се обиде да ја зумира, ќе треба да скролува, хоризонтало или вертикално, за да може да ја прочита. Има неколку начини на кои може да се избегне овој проблем. Едно од решенијата е да ја преформатирате вашата табела со податоци во пита графикон или мини графикон. Мини графиконите одговараат дури и на мали екрани.

Сликите во прилагодливите веб дизајни  се нарекуваат context-aware (свесни за содржината). Оваа техника одлично одговара на духот на прилагодливиот дизајн, затоа што сликата се прикажува со различни резолуции, и на различни големини на екран, прикажувајќи се од голема до мала. Скалираните слики изгледа како флуидно да се менуваат, а тоа дозволува дизајните да изгледаат јасно во секој контекст.

Прилагодливиот веб дизајн е значително различен од традиционалното дизајнирање во однос на техничките и креативните прашања. Со негова внимателна употреба може да направите чуда додека дизајнирате.

Примери за прилагодлив веб дизајн

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 22 23 24 25 26

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.