СПОДЕЛИ

Истражувањето “Студентски пракси во ИТ“ беше реализирано во период од 3 април до 7 октомври 2015 год. Во истражувањето учествуваа 76 студенти од факултети по информатика: ФИНКИ, ФЕИТ, Факултетот за информатика во Штип, Факултет за информатички науки и технологија во Охрид, Технички факултет во Битола, SEEU, ФОН и Славјанскиот Универзитет.

Прашалникот беше подготвен од Марјановиќ Едукација, одобрен од БЕСТ (Бордот на Европски Студенти по Технологија) а повикот за учество во истражувањето беше објавен првично на порталот www.fakulteti.mk и на страницата на БЕСТ а потоа и на Facebook страниците на факултетите.

Извештај од истражувањето

Спроведеното истражување недвосмислено ја покажа важноста на практичната настава како важен фактор во подготовка на студентите за вработување. Прашани што за нив представува праксата, студентите изјавија:

“имплементирање на нашето знаење кое го имаме стекнато, за да понатаму можеме да најдеме решение за било каков проблем во реалниот свет“

“представува процес преку кој ние согледуваме како во реалноста да го искористиме она што сме го научиле на факултет“

“Поголемо практично знаење кое на Универзитетот воопшто го нема“

“Стекнување на работно искуство во таканаречен „Реалниот Свет“

“Праксата представува еден вид едукација во која студентот ке се едуцира за понатамошно работење во таа област“

“очекувам одејќи на пракса да го тестирам и надоградувам своето знаење, а не на некој да му варам кафе или да бидам потрчко“

“…представува огромно надополнување на знаењето, еден вид баланс помегу сета таа теорија која што ни ја тупат по факултетите. Теорија врз теорија која што доведува до монотонија и одбивност на студентот да продолжи да го учи тоа што го сака.“

Студентите сметаат дека праксата може да им помогне при вработување:

“ќе имам предност во однос на останатите што немаат посетувано пракса, бидејќи ќе имам мало работно искуство “

“…секако дека ке ми помогне при вработување поради што компаниите прво нешто што му интересира е работното искуство кое го добиваш од праксата.“

“Одењето на пракса во некоја фирма може подоцна да ти обезбеди и вработување таму.“

“Да, ако се прави на како што треба и добијам некое искуство”

“Да може да помогне при вработување бидејќи проектите и задачите со кои се соочуваме на нашите факултети се 10% од реалните проблеми во ит индустријата.”

“Секако дека може бидејќи знаењето кое би се стекнал од пракса од тоа што бизнис светот го побарува и тоа што се работи во фирмите не е исто со тоа што го учиме на факултетот и кога би се стекнал со такво практично искуство би бил упатен во тоа што се бара од фирмите за работа и не би губел време по вработување во изучување на тие работи.”

“Можеш да се вработиш многу по брзо ако имаш огромно познавање како сето тоа знаење да го претвориш во продукт. Дајте ни реална пракса и средите застарените програми на факултетите!!!”

“Да.Стекнување и запознавање луѓе во областа на работење.Стекнување познаници,ментори од чие искуство може да се зголеми информираноста.”

“Да, мислам дека помага затоа што работодавците заедно со дипломата бараат и работно искуство.”

“Да. Поголеми се шансите за добивање работа на искусните кандидати.”
“Јас веќе работам, но не работам на струката. Имам работи што ги работам како што е веб администратор (одржување, ажурирање на страната), но сето тоа не ми е научено од факултетот туку самоука.”

Во продолжение се главните наоди од истражувањето:

infographic

Заклучок

Практичната настава односно праксата е од многу големо значење во процесот на подготовка на студентите за нивното прво вработување. За тоа се свесни и студентите но и работодавците. Сепак, во реалноста таа се изведува на начин што нема врска со нејзината суштина, најмногу поради тоа што се работи за обврска наметната со закон. Под такви околности секогаш ќе има поединци кои ќе ги заобиколуваат правилата, најчесто на своја штета. Студентите кои учествуваа во ова истражување покажаа дека во целост ја сфаќаат важноста на праксата како и дека знаат што точно треба да направат за да ја зголемат својата шанса за вработување.

Истражувањето ја покажа (во голем број случаи) неможноста на работодавците да организираат практична настава онака како што би требало. Ова, разбирливо, најчесто се должи на нивниот недостатокот на ресурси (човечки, технички, просторни, временски, финансиски), организациски способности и вештини за менторирање. Во ваквите случаи студентите се оставени сами на себе а вредноста што ја добиваат од вака изведената пракса е многу мала.

За воља на вистината, голем дел од работодавците, особено оние кои работат на развој на софтвер за странски пазари, праксата ја сфаќаат мошне сериозно. Тие имаат развиено сериозни процедури за прием на практиканти кои подразбираат темелно тестирање на знаењата на студентите со кои ги одбираат најдобрите кандидати а потоа им овозможуваат услови за учење и, во голем број случаи, вработување. За жал, вкупниот број на ваквите пракси е многу мал во однос на бројот на заинтересираните студенти.

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.