СПОДЕЛИ

Дали некогаш сте се запрашале што е Font Awesome? Затоа ви пoдготвивме краток преглед на сé што треба да знаете за оваа колекција.

Font Awesome е колекција од веб фонтови која ги содржи сите икони од Bootstrap, работната рамка од Twitter. Ви обезбедува векторски скалабилни векторски икони, кои можете веднаш да ги прилагодите. Може да ги прилагодите во секаква големина, боја, сенка или некоја од другите, познати моќи на CSS.

Прилагодувањето на Font Awesome е едноставно. Треба да додадете само два реда код во вашиот веб сајт. Ако сте напреден корисник, може да прилагодувате по ваша желба.

Нема потреба да превземате или инсталирате софтвер за таа цел. Font Awesome нуди многу опции, па ајде да ги погледнеме најважните од нив.

Еден фонт, 439 икони

0Font Awesome е колекција од 439 икони. Станува збор за целосно пиктографски јазик за акции поврзани со веб. Сите икони се убави, уникатни и совршени во секоја големина. Истите може целосно да се прилагодуваат. Лесно може да додадете стил на секоја икона, да смените боја, сенка или нешто по своја потреба, употребувајќи го CSS.

Не се бара JavaScript

Може да се ослободите, и да не се грижите за можните проблеми со компатибилност, бидејќи Font Awesome нема никаква потреба од JavaScript за да работи.

Бесконечна скалабилност

1Секоја икона е убаво дизајнирана. Font Awesome има скалабилни векторски графики кои дозволуваат секоја икона која ја имате на располагање во колекцијата, да изгледа одлично на секоја големина и екран на кои ќе се употреби.

Бесплатно

Интересна карактеристика на Font Awesome. Можете слободно да го употребувате на секаков вид на веб сајт, независно дали е за комерцијални цели, или лична употреба.

CSS контрола

2Голем предизвик е да ја контролирате големината, бојата и сенката на иконите, но со моќта на CSS, лесно можете да контролирате сé без да треба многу да се мачите.

Совршен на ретина прикази

Секоја икона која ја обезбедува Font Awesome е вектор и изгледа преубаво на приказ со висока резолуција.

Одлично работи со други фонтови

3Font Awesome првично бил дизајниран за да се употребува со Bootstrap. Bootstrap е една од најпопуларните front-end работни рамки која дозволува да изградите прилагодливи проекти почнувајќи со прилагодување прво за мобилни. Целта на Bootstrap има за цел да го олесни и забрза процесот на развој.

Било кој дизајнер со ограничено ниво на вештини може да го употребува. Покрај Bootstrap, Font Awesome одлично работи и со сите други работни рамки.

Лесен за на десктоп

Меѓу другото, може да го употребувате и на десктоп. Може да го употребувате за целосниот сет вектори. Ако сакате да го употребувате на десктоп, само треба да го инсталирате FontAwesome.otf. Ако сакате да го направите фонт во ваша апликација, тогаш, иконите од страницата само копирајте ги и вметнете ги директно во вашиот дизајн.

Компатибилен за читач на екран

Со оглед на тоа што Font Awesome е совршено дизајниран, може да сте сигурни дека нема да го наруши корисничкото искуство на читачот, за разлика од другите фонтови.

Примери на икони

Основни икони

4Основните икони може да се стават секаде, употребувајќи го CSS префиксот ‘fa’ и името на иконата. Сепак, ако го смените елементот содржател со големина на фонтот, иконите ќе станат поголеми.

Поголеми икони

5Иконите може да се зголемуваат според нивниот елемент содржател, со едноставна употреба на ‘fa-lg’ (зголемување од 33%), ‘fa-2x’, ‘fa-3x’, ‘fa-4x’, или ‘fa-5x’ класите.

Икони со фиксна ширина

6Може да употребите ‘fa-fw’ за да ги поставите иконите со фиксна ширина. Совршено за случаи кога имате неколку ширини на икони кои не се согласуваат со порамнувањето.

Икони за листи

7Иконите за листи може да се употребат како точки во форма на листа. Едноставно употребете ги ‘fa-ul’ и ‘fa-li’ за да ги замените предодредените точки во една неподредена листа.

Заклучок

Font Awesome е со отворен код и целосно компатибилен со General Public License. Веднаш штом ќе почнете, може да ги ставите Font Awesome иконите секаде каде што имате потреба, и тоа со едноставна ознака.

Ако знаете како да употребувате CSS, тогаш, сé што може да направите со стиловите за фонт во CSS, може да направите и со Font Awesome.


P.S. Ако сте почетник во оваа област и сеуште не сте научиле CSS,  запишете се на нашиот курс CSS основи.
Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.