СПОДЕЛИ

Се сеќавам кога првпат го слушнав терминот “дизајнер на корисничко искуство”. Тоа беше пред неколку години, во потписот на е-пораката на еден мој пријател, чија што работа воопшто не ја разбирав. Па затоа и го прашав што работи.

Од тој ден, заради неговиот одговор, се смени начинот на кој јас дизајнирам. Не заради тоа што ми го кажа (промрморе нешто за употребливост и истражување), туку заради дискусијата кој произлезе од тоа. Таа дискусија ме натера подетално да го разгледам светот на UX, повторно да го проверам процесот на моето работење, и драматично да ги изменам текот и обликот на мојата кариера.

Кога многу дизајнери ќе го чујат терминот “UX” одговораат, “Тоа е она што ние го правиме постојано, само не знаевме дека така се нарекува”, но не и јас. Пред да дознаам дека теминот “дизајнер на корисничко искуство” воопшто постои, мојот процес на дизајнирање беше арогантен. Моите дизајни изгледаа убаво, но целосно ја промашуваа главната поента. Многу подоцна, дури кога одлучив да се посветам на оваа професија, станав сигурен дека сум напредувал како дизајнер, унапредувајќи го мојот процес до степен што ја заслужив титулата.

throne-of-uxТаква е моќта на корисничкото искуство. Можеби терминот збунува, но е одлична работа за оние кои дизајнираат за на веб. Принципите, филозофиите и техниките на кои се темели дизајнот на корисничко искуство се добро поставени и секој може да ги научи.

Па, што е работата на еден дизајнер на корисничко искуство? Можеби нема типичен ден, но има комплет техники кои многу дизајнери на корисничко искуство се потпираат во различни фази од еден проект. Во овој текст ќе ви објаснам неколку техники, употребувајќи слики од еден краток стрип од Everyday UX, е-книга, во која се содржани интервјуа со 10 многу успешни и реномирани дизајнери на корисничко искуство:

Жичени модели

wireframes

Жичениот модел е груб водич на распоредот на еден веб сајт или апликација, и е нешто што најчесто се поврзува со секој дизајнер на корисничко искуство.

Откако ќе се креира како серија на статички слики, со алатки како Balsamiq Mockups и Axure RP вашиот жичен модел еволуира во интерактивен прототип, без да треба да напишете код.

Иако дизајнерите на корисничко искуство често напоменуваат дека тие се повеќе од  машини за жичени модели, повеќе од сигурно е дека секој од нив почнува токму со жичен модел, притоа креирајќи го основниот распоред. Ова е нешто што секој може да го направи, а алатките се навистина лесни за учење.

Тестирање корисници

user-testing

Да ги седнете корисниците пред вашата нова апликација или веб сајт, и од нив да побарате да ги извршуваат задачите кои вие им ги имате испланирано, притоа замолувајќи ги на глас да размислуваат, е основата на тестирањето корисници.

Колку испитаници ќе вклучите, колку вашите учесници ќе се совпаднат со вашите реални корисници, и колку пати ќе извршувате ваков тип на тестирања, зависи од буџетот и времето кои ги имате на располагање.

Тестирањето на корисници е доволно лесно за секој да може да го изврши. Да сте во иста соба со некој кој се обидува да го употреби вашиот проект е моќен активатор на емпатија со корисниците, што е доблест.

Персони

personas

Персоната е замислен идентитет кој рефлектира една корисничка група за која дизајнирате.

Персоните кои се темелат на истражување на корисници се многу корисни. Можеби е интересно да станете креативни и да измислувате детали, за тие да се веродостојни и забавни, но целта е вашите персони да ги рефлектираат моделите кои вие сте ги идентификувале кај вашите корисници (или можни корисници).

Нема пократок начин на идентификување на овие модели. Тие мора да се добијат преку корисничко истражување: интервјуа, анкети, контекстуални разговори и други активности.

Сценарија и визуелни сценарија

storyboards

Сценариото е наративно опишување на “еден ден од животот” на една од вашите персони, тука вклучувајќи и како вашата апликација, или веб сајт,  одговараат на нивниот животен стил. Ако сте запознаени со пишувањето на кориснички приказни во агилна околина, ќе можете да напишете и сценарио-иако фокусот овде е на редовна употреба, а не на засебни случаи.

Во зависност од публиката, визуелното сценарио може да е посоодветна алатка која ќе покаже како, каде, кога и зошто некој би можел да го употреби вашиот продукт.

Инспирирани од индустријата за снимање филмови, ова сценарио е визуелен редослед на настаните кој се употребува за да ја претстави интеракцијата на корисникот со продуктот.

Може да станува збор за груба скица—само за појаснување на вашите идеи—или порафиниран стрип со кој поефикасно ќе ја инволвирате вашата публика.

Заклучок

Ова се само неколку од стотиците техники кои дизајнерите на корисничко искуство ги имаат на располагање за да добијат вистински дизајн, и да дизајнираат на вистинскиот начин.

Трикот е да научите кога да ја употребите секоја од техниките.

Но, тоа е веќе сосема нова тема …

Доколку размислувате да станете UX дизајнер, погледнете ја студиската програма на веб академијата Еверест.

Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.