СПОДЕЛИ

WordPress 4.4 е веќе пуштен во употреба. Ова ќе биде последното поголемо издание за 2015, и како и што се очекуваше, доаѓа со нова предодредена тема и со неколку нови одлични опции. Во овој напис ќе ви покажам што е ново во WordPress 4.4, и кои опции треба да ги разгледате по ажурирањето на вашите веб сајтови.

Станува збор за големо WordPress издание, и освен ако не сте во контролирана WordPress хостинг услуга, ќе мора рачно да го активирате ажурирањето.

Важно: Не заборавајте да креирате и комплетен WordPress backup пред да започнете со ажурирање.

Прилагодливи слики кои веднаш може да ги употребите

Големиот број на уреди, резолуции на екран и големини на екран ја прават употребата на квалитетни слики се покомплексна. Со употреба на CSS и други решенија може да направите сликите да одговараат на екранот на мобилни уреди, но тоа не е сé што ви треба.

WordPress 4.4 доаѓа со прилагодливи слики кои може веднаш да ги употребите. Тој автоматски ќе ја употреби точната големина на слика според потребите на прелистувачот на корисникот, уредот и големината на екранот.

Ова се прави со употреба на srcset атрибутот во HTML тагот за слика. Му дозволува на прелистувачот на клиентот да прикаже слика врз основа на можностите на уредот. Бидејќи станува збор за целосно функционални слики кои може веднаш да ги употребите, вие не мора да правите ништо. Тој самиот употребува филтер за да додаде srcset атрибут.

WordPress е основата на повеќе од 25% од сите веб сајтови на интернет. Корисниците кои им пристапуваат на сајтовите во WordPress нема повеќе да трошат на проток при полнење на преголеми слики за нивниот екран.

Вие сепак ќе треба да ги оптимизирате вашите слики за да го забрзате WordPress.

Надворешно вградливи

WordPress употребуваше oEmbed за да вгради видеа, твитови, ажурирања на статус и содржини од други сајтови кои поддржуваат oEmbed.

Почнувајќи со 4.4, сите WordPress сајтови ќе станат oEmbed вградливи. Тоа значи дека WordPress корисниците ќе можат да вградат постови од други WordPress сајтови.

Вградете постови од други WordPress сајтови во вашиот блог

Ако не сакате да ја употребувате оваа опција, оневозможете ја со додатокот: Disable Embeds.

Twenty Sixteen (2016)

Во 2010, WordPress 3.0 дојде со нова предодредена тема, наречена Twenty Ten (2010). Оттогаш секоја година WordPress објавува нова тема.

Така, и новото издание од 2015, WordPress 4.4 доаѓа со сосема нова тема, наречена Twenty Sixteen (2016). Еве како изгледа:

Оваа тема е убаво дизајнирана и има мобилен пристап. Целосно е прилагодлива на сите големини на екран и уреди.

Twenty Sixteen доаѓа со традиционален блог со содржина и странична лента. Сепак, страничната лента е опциона, па ако сакате може да имате и страници со полна ширина. Има вградена шема со бои, а може да употребите и сопствени бои за да ја направите поуникатна.

Внатрешни подобрувања

Најдобрата работа за WordPress е дека е лесно надоградлив со додатоци, и нуди многу теми.

WordPress 4.4 носи возбудливи измени и подобрувања за програмерите. Тоа значи дека може да очекувате повеќе опции и ажурирања од вашите омилени WordPress додатоци.

Phase 1 на Rest API

WordPress 4.4 го вклучува и REST API додаток во јадрото на WordPress. Ова ќе им овозможи на програмерите да креираат сопствени API, или да работат на постоечките WordPress API во нивните сопствени апликации. Авторите на додатоци ќе може да ја искористат REST API со додавање на кориснички крајни точки. (#33982)

WP_Network за повеќе сајтови на една WordPress инсталација

Има многу подобрувања за мрежите со повеќе сајтови во WordPress 4.4. Најважното е воведувањето на  WP_Network класата. Обезбедува подобар начин за работа со повеќе сајтови на една  WordPress инсталација и поправа неколку грешки.(#31985)

Метаподатоци за термини во таксономија 

Со WordPress 4.4, Термините во таксономии (како Категории и тагови, или било кои прилагодени таксономии) може да имаат метаподатоци кои ќе се поврзуваат со нив. (#14162)

Подобрени прашалници за коментари и излезни податоци

Објектот за коментари и прашалник е подобрен со воведот WP_Comment класа. (#32619)

Формата за коментари сега е изменета за прво да ја прикаже областа со текстот на коментарот и потоа полињата со името, e-mail адресата, и URL. (#29974)

Се надевам дека овој текст ви даде добар краток преглед за она што е ново во WordPress 4.4. Јас сум пријатно изненаден од прилагодливите слики и подобрените вградувања. Што мислите вие?

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.