СПОДЕЛИ

Досега веќе сигурно имате слушнато за подемот на MOOC курсевите и платформите за учење на интернет. Но, дали постои начин некој посебно да креира сопствен курс на интернет, и да заработува од него? Не можете едноставно да очекувате дека ќе ставите нешто на интернет и веднаш ќе ви се претураат пари, но со труд и добра стратегија, курсевите на интернет може да ви станат начин за заработување како моќен генератор на потенцијални купувачи.

Таков бил случајот кај Лили Белфор, финансиски советник за стартапи. Таа има креирано шест курсеви на Udemy, вклучувајќи ги и How to Crowd Fund a Million Dollars и Finance Boot Camp for Entrepreneurs. Некои од нејзините курсеви се кратки и траат околу 30-тина минути, но повеќето се помеѓу 2 и 3 часа. Ги продава со цена од 47-197 долари. Курсевите ù дале можност да ја рашири својата порака низ светот. “Целта е да им помогнете на деловните луѓе да ги сфатат финансиите на забавен начин,” вели таа. Еве ги клучните прашања кои таа ги одговори во процесот на креирање и правење на нејзините курсеви.

Колку ќе заработувам?

Еден просечен инструктор заработува околу 7000 долари преку курсевите на Udemy, иако има голем распон во можноста за приходи. Имам сретнато инструктор кој заработуваше само $60 месечно, но елитните инструктори, обично оние со поголема публика на социјалните медиуми кои мобилизираат сопствени корисници, може да генерираат и суми од по 6 цифри од нивните курсеви.

Колку време треба за да се креира курс?

Креирањето на еден курс на интернет може да биде и огромна инвестиција во време. “Според мене потребно ви е исто онолку време колку што би ви требало да напишете книга,” вели Белфор. “Се разбира, ако веќе имате напишано книга и сега правите курс врз основа на книгата, ќе ви треба помалку време. Кога некој доаѓа со сопствена содржина, како блогови или работилници кои самиот ги креирал, може да креира курс од 2-3 часа за само една недела.” Но, ако сé уште работите на материјалот, мора соодветно да си го пресметате времето.

Кои технички вештини треба да ги имам?

Белфор сосема сама го завршила снимањето и уредувањето за своите курсеви, но не и било лесно. “Најтешкиот аспект е монтажата на видеото,”вели таа. “Како и повеќето луѓе, јас не знаев како да го снимам видеото во точната големина, како да го експортирам, вчитам и да ја средам бучавата.” Таа употребувала снимање на екранот и софтвер за монтажа на видео Camtasia, за кој вели дека “е релативно лесен за употреба, но бара време.” Многу од видеата и се видеа од екранот на нејзиниот компјутер, но ако планирате да направите видео во кое ќе зборувате и ќе се гледате, можеби ќе ви треба и професионална помош. “Тие видеа се покомплексни,” вели таа, “па, би ви препорачала да одите во студио и да добиете осветлување и аудио.”

Како се пласираат курсевите?

Белфор проценува дека Udemy генерира околу 50% од нејзината продажба преку нивните  вградени промоции и публика. Udemy во моментов има повеќе од три милиони студенти. Таа често пати беше на нивната почетна страница, што дополнително ја подобри продажбата. Другата половина е резултат на маркетинг и промоции кои таа самата си ги договорила со другите Udemy инструктори. “Луѓето кои веќе се на [Udemy] платформата најлесно се продаваат,” таа вели. Таа се пласираше и со одговарање на прашања на Quora, YouTube видеа, и прашања и одговори на Spreecast, социјална видео платформа. “Quora и YouTube се најдобрите генератори на приход, бидејќи нив ги посетуваат многу луѓе кои бараат некаков тип на упатства и знаење,” вели таа.

Кој треба да креира курс на интернет?

Секој може да има придобивка ако посвети време за да ги испланира и пренесе своите идеи. Но, Белфор вели дека најмногу добиваат оние кои веќе имаат голема група на следбеници. “Клучот за заработување на Udemy е големи YouTube канали и Facebook страници,” вели таа. “Се обидов со реклама на Twitter и Facebook, но ви треба основа за да почнете да продавате. Не можете да продавате на непознати.” Како ќе ја изградите таа публика на почетокот? Таа предлага да го подготвите теренот со блогирање и YouTube видеа за да ги запознаете корисниците со вашата, и идеја и тие да посакаат повеќе од вас. “Има мислење дека треба само да ставите курс на интернет и тој самиот ќе се продава, но исто е како и со книгите. Не може да напишете книга и да мислите дека луѓето самите ќе откријат за неа. Мора да имате реклама и да генерирате појавувања во дневен печат.” Вашиот курс на интернет има потреба од многу слична маркетинг кампања.

Извор: www.forbes.com
Aвтор: Дони Кларк


Сакате и вие да поставите свој курс на интернет?

Веб академијата Еверест има опрема, персонал и можност да Ви помогне во продукција на вашиот курс и негово поставување на платформа за учење на далечина. За да добиете повеќе информации, испратете детали за вашиот курс на contact@everest.mk.

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.