СПОДЕЛИ

Дали се сеќавате на времето кога имавте 18 години и кога не знаевте што да им одговорите на луѓето кои ве прашуваа што ќе работите?

Епа, излегува дека не секогаш одлучувате која ќе биде вашата идна кариера по завршувањето на средно училиште. Па, и да имате идеја, не секогаш се држите до истата. Според текст во Forbes, може да имате најмногу 15 до 20 работни места во текот на животот, а според Fast Company, би ја менувале работата на секои 4.4 години.

Тоа значи дека прашањето “Што понатаму во животот?” можеби ќе треба да го одговорите повеќе од еднаш.

Како знаете дека една индустрија или кариера е соодветна за вас? Има многу возбудливи работни места и начини на кои може да се употребат вашите таленти. На пр. ако сте како мене и сакате да пишувате, може да бидете автор, наставник, новинар, претставник за односи со јавност, адвокат и уште безброј други работи.

Со сите овие можности, како знаете по кој пат да тргнете?

Сум бил на ваше место. Пред неколку години се пријавував за работа во најразлични индустрии затоа што не знаев што точно сакам да работам – сѐ ми изгледаше интересно. Полесно ми беше да сфатам што не сакам отколку што сакам.

Почнав да работам нешто што сакав “за забава”, и тоа потоа стана моја кариера која ја обожувам. Кога работев како правник, почнав да пишувам постови за блог секој викенд и ги закажував да се објавуваат низ работната недела. Пишувањето ми се подобри, научив некои маркетинг вештини и си го промовирав блогот на социјалните медиуми. Токму тоа направи пресврт кај мене. Од правна индустрија целосно се префрлив во социјалните медиуми, маркетинг, блогирање и хонорарно пишување.

Јас случајно се најдов на вистинскиот пат, и сега обезбедувам совети за кариера и им помагам на другите луѓе да го направат истото што и јас (но неслучајно, туку намерно).

Еве го мојот совет за тоа како да ја најдете кариерата која ја сакате:

1. ВОДЕТЕ СЕ ОД ВАШИТЕ ЈАКИ СТРАНИ

Направете листа на оние работи во кои сте најдобри. Неодамна ја читав StrengthsFinder 2.0 и нивниот совет навистина имаше логика за мене. Друг ресурс за само-анализа кој може да ви помогне да сфатите кој тип на кариера и работна околина би ви одговарале е Myers-Briggs тестот на личност.

Можно е вие да сте добар во речиси сѐ во што ќе се обидете, но нели вашите јаки страни треба да се показател за она што навистина треба да го работите? Нели би биле посреќни (и подобри во работата) доколку најдете кариера која одговара на вашите јаки страни. Јас ги направив и двата теста кои ви ги предложив и сфатив дека тие ми помогнаа да си ги разберам своите вредности, јаки страни и ми покажаа што треба да барам во една работна околина. На пр. можеби мислите дека не сте математичар, но откривате дека многу сакате да решавате проблеми употребувајќи логика. Во тој случај, можеби би ви се допаднало нешто што никогаш не би се ни обиделе да го правите – како на пр. кодирање!

2. ОЦЕНЕТЕ СИ ГО МИНАТОТО

Одговорете си на овие прашања за секое место на кое сте работеле. Што ми се допаѓаше најмногу, а што најмалку во компанијата? Што ми се допаѓаше најмногу, а што најмалку во културата на компанијата? Што ми се допаѓаше најмногу, а што најмалку кај мојот менаџер? Што ми се допаѓаше најмногу, а што најмалку кај луѓето со кои работев? Што беше највозбудливо во работата таму? Кога сум бил најсреќен или најгорд? Кое беше моето најголемо достигнување? Што ми се допаѓаше најмногу, а што најмалку кај обврските кои ги имав таму?

Одговорите кои ќе ги дадете ќе ви помогнат да си разјасните што ви се допаѓало, а што не, во местата каде претходно сте работеле, за да барате слични или различни работи во иднина. Не мора да продолжите да го работите она кое отсекогаш сте го правеле, но анализирајќи ги претходните работни места ќе откриете што сакате, што не сакате, кога сте најсреќен и кога сте најдобар.

3. РАЗГОВАРАЈТЕ СО ШТО Е МОЖНО ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ

Разговарајте со што е можно повеќе луѓе. Одете на информативни интервјуа за да научите повеќе за нивната кариера и да ги чуете нивните совети. Прашувајте за нивните работни места, индустрија и професионални аспирации. Секогаш имајте подготвени прашања од порано за да може да извлечете најмногу што може од состанокот или телефонскиот разговор.

И не се ограничувајте себе си на луѓе кои ги познавате или со кои на некаков начин сте поврзани. Одете на LinkedIn и прочитајте ги описите на работните места или приклучете се на интернет и прочитајте интервјуа и текстови за луѓето на кои им се восхитувате.

Пред да се одлучите за некоја кариера, или пред да исклучите некоја кариера, задолжително дознајте какво е тоа работно место и што бара на дневна основа.

4. ПОСЕТУВАЈТЕ ЧАСОВИ И ПРОБАЈТЕ НЕШТО НОВО

Посетувајте часови, работилници, читајте книги, гледајте YouTube упатства и секогаш пробајте нешто ново. Можеби ќе откриете дека имате страст за кодирање, веб дизајнирање, графички дизајн, или нешто сосема поинакво. Технологиајата го олеснува учењето на нови вештини. Едно ново хоби може да ве одведе во сосема нова кариера како што беше случајот со мене.

5. РАЗМИСЛЕТЕ ВО КАКВА РАБОТНА ОКОЛИНА БИ МОЖЕЛЕ ДА СЕ РАЗВИВАТЕ

Дали луѓето таму се конкуренти или си помагаат? Дали се дружат приватно? Дали компанијата е хиерархиски или рамно структуирана? Дали се работи во тим или не? Дали би имале моќ да донесувате одлуки или не? Дали може да се работи од дома или исклучиво во канцеларија? Каква е рамнотежата работа-приватен живот? Кои се вашите очекувања за плата?
Размислете за тоа каква работна околина би ви одговарала на вас и стилот на живеење кој се надевате дека ќе го имате? Ако не сте сигурни, пробајте да работите некоја работа на страна дури да се одлучите. На пр. ако работите во канцеларија, обидете се со хонорарна работа, или ако ги поминувате деновите сами, пробајте работа на проект во тим. (Совет: Кодирањето е одлично заради групната работа!)

6. ПРАВЕТЕ ГО ОНА ШТО ВЕ УСРЕЌУВА

Луѓето ми дадоа два одлични совети кога се одлучував за тоа што да работам. Едниот беше да размислам што е она што би го правел за забава и што сакам да го правам толку многу што дури би го работел и за без пари.

Другиот беше од мојот татко. Тој ми рече дека не морам да ја изберам најпрестижната работа само за да ги импресионирам луѓето на коктел забавите. Наместо да ја изберам најимпресивната работа – нешто што го правев порано – да ја изберам онаа што ќе ме направи најсреќен и ќе ми дозволи да напредувам и учам.

Патем…

…ако откриете дека би сакале да градите кариера во област на веб технологии, дизајн или програмирање, погледнете ги задолжително студиските програми на нашата академија. На неа можете да студирате на далечина, дури и паралелно со традиционалните студии. Ќе учите во време и со динамика која вие сами ќе си ја определите. Ќе учите работејќи на интересни и мотивирачки проекти а ќе имате и свои ментор/и кои ќе ви даваат поддршка и совети. Студиите ќе ги завршите целосно оспособени за работата која ја посакувате а освен диплома ќе имате и свое дигитално портфолио составено од трудови кои вие сте ги изработиле. Потоа, ќе ви помогнеме да најдете работа кај некој од нашите партнери.

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.