СПОДЕЛИ

Курсот Визуелен дизајн е составен четири составни дела:

Дел 1: Естетика за веб дизајн
Основното разбирање на принципите на добриот дизајн (како контраст, единство и рамнотежа) е основа за креирање на убави веб сајтови. Во овој курс, ќе ви ја објасниме естетиката со едноставни термини, и ќе ви покажеме како да ги инкорпорирате  принципите на дизајнот на специфични начини кои ќе го подобрат вашиот сајт. Научете како да прилагодувате соседни бои за да додадете контраст, како да креирате длабочина со текстура, како да инкорпорирате движење и да употребувате форми кои се повторуваат, шари и рабови за да го обедините вашиот дизајн. Потоа во последното поглавје, ќе ги видиме посебните проблеми кои дизајнерите треба да си ги решат во однос на веб распоредот, како на пример прилагодливост за мобилни уреди, пристапност и оригиналност.

Теми:

  • Разбирање на естетиката
  • Избирање хармонични бои
  • Структурирање на распоред
  • Употреба на празен простор за организирање на дизајнот
  • Комуникација со вистинските фонтови
  • Порамнување објекти за да се постигне рамнотежа
  • Додавање движење со скролување и анимација
  • Постигнување пропорци со скалирање на текст и објекти
  • Креирање CSS за различни уреди

Дел 2: Основи на боја
Бојата е фундаментален елемент во нашите животи. Да разберете како да ја употребите за визуелна комуникација во различни контексти е неопходно за вас како дизајнер и уметник. Овој курс ќе ви покаже како да ја употребувате бојата, не само за да креирате поефикасни дизајни, туку и да раскажете приказна. Ќе видиме како бојата се преплетува со идентитетот на брендот, како таа влијае на атмосферата на делото, и како со неа може да го насочите вниманието на корисникот кон дадени области на интерес. Потоа, ќе видиме како со бојата може да поврземе слики или да креираме простор помеѓу елементи. Ќе ја тргнеме мистеријата која е врзана со тркалото на бои и врските на бои и ќе научиме како употребата на светлина интегрира температура, транспарентност и контраст.

Теми:

  • Зошто бојата е важна за вас како дизајнер, уметник и човек?
  • Раскажување приказна со боја
  • Идентитет на бренд и јазик на боите
  • Преглед на историја на употреба на бои, од печатење кон дигитален свет
  • Работење со тркалото на бои
  • Разбирање на вредност, заситување и температура
  • Гледање низ боја: нетранспарентно, полутранспарентно и транспарентно
  • Креирање контраст
  • Длабочина на поле
  • Комплементарни врски во светлина
  • Постигнување хармонија и дисхармонија во една палета
  • Разбирање на слепилото за бои

Дел 3: Распоред и композиција
Распоредот и композицијата се основни блокови за градење на графичкиот дизајн. Една силна композиција го привлекува вниманието, го појаснува значењето и го ангажира корисникот независно дали проектот е испечатен или на дигитален уред, статичка или анимирана графика, 3D или 2D. Овој курс ќе ги објасни елементите, принципите, и алатките кои ви се потребни за креирање успешна композиција и распоред. Ќе ви ги покаже елементите на распоред (од форми до простор), како да ги употребите принципите како скалирање и хиерархија, и како со алатките од типот на мрежа, пропорции и боја може да добиете попривлечни композиции.

Теми:

  • Што го прави распоредот успешен?
  • Елементи на распоред: форма, линија, боја, текстура, текст и простор
  • Употреба на рамнотежа и тензија за динамички распоред
  • Додавање драма со контраст и скалирање
  • Работење со пропорции: златен пресек, правилото на третини, итн.
  • Креирање вистинска мрежа за вашиот дизајн
  • Дали да изберете едноставност или претераност
  • Додавање елемент на изненадување
  • Како да направите сликите и типографијата да функционираат заедно

Дел 4: Мрежи
Во овој дел од овој курс ќе зборуваме за мрежите, алатката која ја дефинира структурата и централните пропорции на секој дизајн. Прво ќе ви објасниме што се тоа мрежи и зошто се важна алатка во дизајнот, а потоа ќе ја погледнеме анатомијата на мрежите и различните типови на мрежи, со што ќе ви покажеме  како да ја изберете совршената мрежа за вашиот дизајн.

Теми:

  • Зошто мрежи и пропорции
  • Елементи на мрежа
  • Типови на мрежи
  • Дизајнирање главна мрежа
  • Асиметрични наспроти симетрични мрежи
  • Работење со колони и модуларни мрежи
  • Работа со повеќе мрежи
  • Дизајнирање постери со мрежи
  • Употреба на мрежи во други дизајн проекти

Кому му е наменет овој курс?

Овој курс им е наменет на:

  • веб дизајнери и девелопери кои сакаат да овозможат подобро корисничко искуство за посетителите на нивните веб сајтови,
  • графички дизајнери кои сакаат да направат надградба на своите вештини во област на веб, UX и UI дизајн,
  • сите оние кои планираат професионално да се занимаваат со веб дизајн, графички дизајн и особено UX и UI дизајн.

Предзнаења

За следење на овој курс особено корисно е, но не е задолжително, поседување работно искуство во графички и веб дизајн.

Практичен дел

Во рамки на практичниот дел од курсот, студентот ќе добие задачи кои ќе треба да ги изработи и достави до својот ментор.

Сертификат

По успешното завршување на курсот, учесникот добива сертификат за успешно завршен курс. Под успешно завршување се подразбира навремено доставување на најмалку 80% од предвидените задачи.

Формат на курсот

Курсот се изведува на далечина, со користење на методологијата менторирано учење на далечина.

Цена

7.669 ден (пакет Премиум)

Вклучено во цената

  • 30 дена пристап до материјалите за учење
  • 4 x 15 мин. менторски сесии (1-на-1, online)
  • сертификат за успешно завршен курс

Ментори

Даниел Јанев работи како графички и веб дизајнер веќе 10 години за најпознатите македонски маркетинг агенции и дизајн студија. Како фриленсер работи и за клиенти од целиот свет на различни проекти од лого дизајн па се до целосни веб решенија и дизајн на мобилни апликации. Специјалност му се едноставни, векторски и минималистички решенија. Моментално работи како Senior Designer во меѓународна невладина асоцијација IDEA. Уредник е на dezen.mk, блог специјализиран за дизајн и фриленсинг.
Портфолио: Dribbblewww.danijanev.com LinkedIn

Ана Тодоровска е графички и веб дизајнер со 8 годишно работно искуство во печатница, графичко студио и маркетинг агенција. Моментално е дел од тимот на маркетинг агенцијата Идеа+, еден од партнерите на веб академијата Еверест. Предизвик ѝ се осмислување на интересни и иновативни комуникациски платформи, герила маркетинг и рекламирање на социјални медиуми. Портфолио

Прашања?

Доколку имате било какво прашање, обидете се одговорот да го најдете во делот Одговори на најчесто поставувани прашања.

предупредување

пријава

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.