СПОДЕЛИ

Научете ги техниките на оптимизација за пребарувачи за да ја зголемите посетеноста на вашиот веб сајт преку резултати од пребарување на пребарувачи како Google и Bing и привлечете вистински тип на сообраќај на соодветни страници на вашиот сајт.
Научете како да ги читате страниците со резултати од пребарување и откријте го вашето рангирање, за да видите како рангирањето влијае на бизнисот, независно дали е мал или голем. Потоа, научете како да ги имплементирате основните стратегии и техники за оптимизација, меѓу другото и како да правите истражување за клучни зборови, да измерите напредок и успех, и да испланирате долгорочна стратегија за оптимизација на пребарувачи. Ќе добиете посебни совети за SEO за е-тргување, локално пребарување и мобилна публика.

Теми

  • Што е SEO?
  • Како пребарувачите ја индексираат содржината?
  • Истражување на клучни зборови
  • Употреба на SEO aлатки
  • Оптимизирање на страница за клучни зборови
  • Оптимизирање код и структура на сајт
  • Градење линкови до вашата содржина
  • Оптимизација на компонентите без текст
  • Анализа на квалитетот на содржината
  • Дефинирање на вашата публика, теми и стил
  • Промовирање на содржината преку социјални мрежи
  • Мерење SEO ефикасност
  • Прилагодување Google+ Local
  • Оптимизација на сајтови за е-тргување за пребарување
  • Конфигурирање сајтови за мобилни

Кому му е наменет овој курс?

Овој курс им е наменет на:

  • идни претприемачи кои сакаат да научат како подобрувањето на SEO може да им помогне во зголемувањето на продажбата,
  • сопственици на веб страници кои сакаат да го подобрат органското рангирање,
  • сопственици на веб страници или администратори кои сакаат да ја зголемат посетеноста на нивниот сајт,
  • SEO фриленсери кои сакаат да го подобрат рангирањето на својот сајт (или сајтот на нивните клиенти),
  • Веб дизајнери кои сакаат правилно да ги постават веб-сајтовите и со тоа да дојдат до подобро рангирање во резултатите од пребарувањата,
  • сите оние кои, со спроведување самостојна оптимизација SEO, се заинтересирани за заштеда на стотици, ако не и илјадници долари колку што чини ангажирање надворешни специјалисти за SEO,
  • секој кој сака да започне свој SEO бизнис работејќи од дома.

Предзнаења

За следење на овој курс корисно е, но не е задолжително, поседување предзнаења за користење WordPress.

Практичен дел

Во рамки на практичниот дел од курсот, студентот ќе добие задачи кои ќе треба да ги изработи и достави до својот ментор.

Сертификат

По успешното завршување на курсот, учесникот добива сертификат за успешно завршен курс. Под успешно завршување се подразбира навремено доставување на најмалку 80% од предвидените задачи.

Формат на курсот

Курсот се изведува на далечина, со користење на методологијата менторирано учење на далечина.

Цена

7.669 ден (пакет Премиум)

Вклучено во цената

  • 30 дена пристап до материјалите за учење
  • 4 x 15 мин. менторски сесии (1-на-1, online)
  • сертификат за успешно завршен курс

Ментор

Игор Ѓуровски е SEO и интернет маркетинг професионалец со повеќе од 12 години релевантно искуство. Работел за повеќе дигитални агенции од САД и Обединетото Кралство, како и на повеќе самостојни проекти за компании од Западна Европа и Америка. Специјалност му се SEO, глобална веб видливост, блогови и интернет медиуми. Својата кариера ја започнува како Google adsense фриленсер, за да продолжи со контент маркетинг, градење линк мрежи и изработка на целосни IM решенија. Во моментов е сериски предприемач со свое прототајпинг студио и CTO во неколку странски стартапи.
LinkedIn, PeoplePerHour

Прашања?

Доколку имате било какво прашање, обидете се одговорот да го најдете во делот Одговори на најчесто поставувани прашања.

предупредување

пријава

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.