СПОДЕЛИ

Следејќи ги концептите со кои се запознавме во курсот Основи на прилагодлив дизајн, во овој курс ќе ја демонстрираме практичната употреба на прилагодливиот дизајн, и ќе ви покажеме како да го збогатите изгледот и однесувањето на вашиот веб дизајн кај повеќе уреди. Прво, ќе погледнеме како да го испланирате вашиот дизајн и да ги искористите CSS медиа прашалниците за да креирате повеќе распореди. Потоа ќе направиме распоредот да се прилагодува на промените на големината на екранот со CSS и jQuery, и флуидно ќе ги прикажеме сликите и видеата. Дополнително, ќе ви покажеме и како да ги искористите мобилните можности, како настани на допир и HTML5 форми, за да го подобрите искуството на мобилните корисници. Курсот ќе ви покаже и како да работите со ресурси и да ја оптимизирате изведбата на вашиот сајт.

Теми:
• Креирање модели
• Структурирање региони на страница
• Дефинирање предодредени стилови и медиа прашалници
• Градење распореди за десктоп, таблет и мобилен
• Давање структура и стил на менија
• Динамичко заменување на менија
• Креирање прилагодлива галерија со слики
• Додавање фукционалност за телефон
• Тестирање на прилагодливите сајтови

Кому му е наменет овој курс?

Овој курс им е наменет на:

  • лица кои сакаат да станат веб дизајнери и веб девелопери
  • дизајнери кои сакаат да ги прошират својот сет вештини
  • студенти

Предзнаења

За следење на овој курс потребно е поседување знаења содржани во курсевите:

  • HTML: основи
  • CSS: основи
  • JavaScript: основи
  • Основи на прилагодлив дизајн

Практичен дел

Во рамки на практичниот дел од курсот, студентот ќе добие задачи кои ќе треба да ги изработи и достави до својот ментор.

Сертификат

По успешното завршување на курсот, учесникот добива сертификат за успешно завршен курс. Под успешно завршување се подразбира навремено доставување на најмалку 80% од предвидените задачи.

Формат на курсот

Курсот се изведува на далечина, со користење на методологијата менторирано учење на далечина.

Цена

7.669 ден (пакет Премиум)

Вклучено во цената

  • 30 дена пристап до материјалите за учење
  • 4 x 15 мин. менторски сесии (1-на-1, online)
  • сертификат за успешно завршен курс

Ментори

PetarПетар Трајковски, .NET програмер со 12 годишно искуство. Има работено на сајтови со милионска посетеност (PlayBoy, Dr.Oz) а предизвик му е оптимизација на .NET и SQL код. Бил предавач на Академијата на ИТ Александрија како инструктор за веб дизајн. Во моментот работи за клиенти од Америка и Канада на развој на апликации во област на Research Management.

denisДенис Арслановски, front-end веб девелопер. Експерт за HTML, CSS, jQuery и прилагодлив (responsive) дизајн. Изработува веб страници за клиенти претежно за европскиот и австралискиот пазар.

Прашања?

Доколку имате било какво прашање, обидете се одговорот да го најдете во делот Одговори на најчесто поставувани прашања.

предупредување

пријава

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.