СПОДЕЛИ

За да ги усовршите техниките во веб развојот или во било која друга област, најдобриот пристап е преку учество во практични активности. Тоа овозможува не само да се научат концептите, туку и веднаш да се применат. Овој курс е составен од два проекти интересни проекти со чија помош ќе ви бидат прикажанани најдобрите практики за фронт-енд развој во прилагодлив дизајн.

Проект 1. Прилагодлив дизајн на веб сајт

Откријте како да употребите прилагодлив веб дизајн за да го направите сајтот почитлив и поефикасен на секаков уред. Во овој курс ќе работиме со техники на комбинирање HTML и CSS во веб распоред, кој може да се прилагодува на различни големини на екран и ориентации. Во курсот ќе работиме на еден веб сајт од почеток до крај, од прилагодување на HTML страницата и елементите содржатели, па до нанесување стил на поставените елементи за мали, средни и големи екрани. Патем, ќе ви покажеме како да го смените местото на лентата за навигација, со цел истата да има подобар приказ на мобилни уреди, како да креирате анимирани транзиции, и како да претворите неподредени листи во интерактивни менија со поддршка на настани на допир. Ќе научите и како да употребувате CSS псеудо-елементи, и да прилагодувате распореди за печатење, за да заштедите на мастило и хартија.

Теми:
• Планирање на распоредот
• Креирање HTML елементи-содржатели, содржина и линкови
• Креирање распореди и додавање стил со CSS
• Креирање систем на мени
• Додавање стил на наслови, текст и подножја
• Додавање стил на линковите во навигацијата и нивно преместување
• Менување на графиките со висока резолуција со ретина прикази
• Обезбедување на содржина за печатење

Проект 2: Креирајте прилагодлива HTML е-пошта

Дизајнирањето на HTML е-пошти е предизвик, особено ако ги земете во предвид ограничените можности на десктоп и веб читачите за е-пошта, во комбинација со малите екрани на мобилните уреди. Внесете прилагодливи HTML е-пошти. Дозволете ни да ви покажеме како да дизајнирате елегантна е-порака, која ќе се прилагодува на различни големини на екран, и визуелно точно ќе се обработува во повеќе од 30 клиенти за пошта, како Gmail, Yahoo, AOL, и повеќе верзии на Outlook, како и на Android, iOS, и Windows телефоните. Научете како да додадете опции од типот на графики во позадина, заоблени агли, и сенки, кои нема да ја прекинуваат е-пораката кога нема да може да се прикажат. Потоа креирајте копчиња за повик на акција, додадете анимации и нанесете стил со CSS. Дополнително, разгледајте ги алатките и услугите кои ќе ви помогнат да ги тестирате вашите кампањи. Почнете сега, и дознајте што може да направите со HTML е-поштата.

Теми:
• Креирање графики
• Прилагодување на основната структура на распоредот
• Додавање стил на редиците од табели за наслови, банер, итн.
• Креирање копчиња
• Додавање CSS медиа прашалници
• Нанесување стил на содржината
• Инкорпорирање анимации и веб фонтови
• Валидизирање на кодот
• Тестирање во различни клиенти за е-пошта

Кому му е наменет овој курс?

Овој курс им е наменет на:

  • лица кои сакаат да станат веб дизајнери и веб девелопери
  • дизајнери кои сакаат да ги прошират својот сет вештини
  • студенти

Предзнаења

За следење на овој курс потребно е поседување знаења содржани во курсевите:

Практичен дел

Во рамки на практичниот дел од курсот, студентот ќе добие задачи кои ќе треба да ги изработи и достави до својот ментор.

Сертификат

По успешното завршување на курсот, учесникот добива сертификат за успешно завршен курс. Под успешно завршување се подразбира навремено доставување на најмалку 80% од предвидените задачи.

Формат на курсот

Курсот се изведува на далечина, со користење на методологијата менторирано учење на далечина.

Цена

7.669 ден (пакет Премиум)

Вклучено во цената

  • 30 дена пристап до материјалите за учење
  • 4 x 15 мин. менторски сесии (1-на-1, online)
  • сертификат за успешно завршен курс

Ментори

PetarПетар Трајковски, .NET програмер со 12 годишно искуство. Има работено на сајтови со милионска посетеност (PlayBoy, Dr.Oz) а предизвик му е оптимизација на .NET и SQL код. Бил предавач на Академијата на ИТ Александрија како инструктор за веб дизајн. Во моментот работи за клиенти од Америка и Канада на развој на апликации во област на Research Management.

denisДенис Арслановски, front-end веб девелопер. Експерт за HTML, CSS, jQuery и прилагодлив (responsive) дизајн. Изработува веб страници за клиенти претежно за европскиот и австралискиот пазар.

Прашања?

Доколку имате било какво прашање, обидете се одговорот да го најдете во делот Одговори на најчесто поставувани прашања.

предупредување

пријава

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.