СПОДЕЛИ

Axure е алатка за правење жичени модели и прототипи за веб дизајнери и дизајнери на корисничко искуство. Може да ја употребите за да креирате текови, и мапи на сајт, жичени модели со кликнување, и обемни и целосно интерактивни прототипи. Овој курс ќе ви покаже како. Ќе ве запознаеме со готовите widget-и, функционалните елементи на формулари и синамичката содржина која може да се скриe, поместува, па дури и анимира. До крајот на овој курс, ќе можете да креирате прототипи кои ќе ви помогнат да ги пренесете вашите дизајни на вашите клиенти и програмери, па дури и да извршите огромно тестирање употребливост со можните корисници.

Теми:

  • Употреба и додавање стил на widget-и
  • Прилагодување интеракции
  • Креирање опции за криење и прикажување содржина
  • Креирање мени хармоника
  • Додавање веб фонтови
  • Употреба на widget-и за тек
  • Креирање и поставување матрици
  • Додавање стил на страници
  • Додавање полиња со widget-и
  • Градење слајдшоу со динамички панели
  • Прилагодување прилагодливи прикази

Кому му е наменет овој курс?

Овој курс им е наменет на:

  • веб дизајнери и девелопери кои сакаат да овозможат подобро корисничко искуство за посетителите на нивните веб сајтови,
  • графички дизајнери кои сакаат да направат надградба на своите вештини во област на веб, UX и UI дизајн,
  • сите оние кои планираат професионално да се занимаваат со веб дизајн, графички дизајн и особено UX и UI дизајн.

Предзнаења

За следење на овој курс особено корисно е, но не е задолжително, поседување работно искуство во графички и веб дизајн.

Практичен дел

Во рамки на практичниот дел од курсот, студентот ќе добие задачи кои ќе треба да ги изработи и достави до својот ментор.

Сертификат

По успешното завршување на курсот, учесникот добива сертификат за успешно завршен курс. Под успешно завршување се подразбира навремено доставување на најмалку 80% од предвидените задачи.

Формат на курсот

Курсот се изведува на далечина, со користење на методологијата менторирано учење на далечина.

Цена

7.669 ден (пакет Премиум)

Вклучено во цената

  • 30 дена пристап до материјалите за учење
  • 4 x 15 мин. менторски сесии (1-на-1, online)
  • сертификат за успешно завршен курс

Ментори

Александар Пешевски e графички и веб дизајнер чија специјалност се UI, UX и бренд дизајн. Со дизајн се занимава речиси 20 години. Во моментов работи како дизајнер во Glitch agency која е дел од IWM Network (компанијата која стои зад популарниот портал it.com.mk) а претходно работел и соработувал со голем број компании каде најголем предизвик му бил решавање комплицирани веб структури. Извесно време бил и инструктор за флеш анимации, фотошоп и дизајн принципи. Негова пасија за изработка на уникатен накит од неодамна ја претвори во свој бренд, MightyCreation.

Прашања?

Доколку имате било какво прашање, обидете се одговорот да го најдете во делот Одговори на најчесто поставувани прашања.

предупредување

пријава

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.