СПОДЕЛИ

Овој курс нуди детален преглед на каскадните листи со стилови, притоа истражувајќи ги основните концепти, терминологија и алатки на јазикот. Низ курсот ќе ја проучиме CSS синтаксата и ќе објасниме како CSS уредува текст, рабови, позадини и бои. Ќе ја демонстрираме интеграцијата на CSS со HTML и ќе ја разгледаме моменталната состојба на CSS. Во курсот ќе ви претставиме некои од најпопуларните CSS уредувачи и работни рамки и ќе ви дадеме листа на online алатки и ресурси за понатамошно учење.

Теми

  • Основни типови на селектори
  • Интегрирање CSS со HTML
  • Разлики во рендерирање кај различни прелистувачи
  • CSS спецификации
  • Проверка на поддршка кај прелистувачи
  • Модел на кутија (box)
  • Прилагодување маргини и пополнување (padding)
  • Елементи за позиционирање
  • Истражување на основни концепти на распоред на страница
  • Медиа прашалници
  • Претставување на CSS3
  • Користење CSS ресетирање

Кому му е наменет овој курс?

Овој курс им е наменет на:

  • лица кои сакаат да станат веб дизајнери и веб девелопери
  • дизајнери кои сакаат да ги прошират својот сет вештини
  • студенти

Практичен дел

Во рамки на практичниот дел од курсот, студентот ќе добие задачи кои ќе треба да ги изработи и достави до својот ментор.

Сертификат

По успешното завршување на курсот, учесникот добива сертификат за успешно завршен курс. Под успешно завршување се подразбира навремено доставување на најмалку 80% од предвидените задачи.

Формат на курсот

Курсот се изведува на далечина, со користење на методологијата менторирано учење на далечина.

Цена

7.669 ден (пакет Премиум)

Вклучено во цената

  • 30 дена пристап до материјалите за учење
  • 4 x 15 мин. менторски сесии (1-на-1, online)
  • сертификат за успешно завршен курс

Ментори

PetarПетар Трајковски, .NET програмер со 12 годишно искуство. Има работено на сајтови со милионска посетеност (PlayBoy, Dr.Oz) а предизвик му е оптимизација на .NET и SQL код. Бил предавач на Академијата на ИТ Александрија како инструктор за веб дизајн. Во моментот работи за клиенти од Америка и Канада на развој на апликации во област на Research Management.

denisДенис Арслановски, front-end веб девелопер. Експерт за HTML, CSS, jQuery и прилагодлив (responsive) дизајн. Изработува веб страници за клиенти претежно за европскиот и австралискиот пазар.

Прашања?

Доколку имате било какво прашање, обидете се одговорот да го најдете во делот Одговори на најчесто поставувани прашања.

предупредување

 

пријава

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.