СПОДЕЛИ

Овој курс е креиран за да им помогне на новите дизајнери и оние кои сега влегуваат во дигиталниот свет да разберат како Illustrator се вклопува во модерниот веб дизајн. Курсот ги покрива основните концепти и помага да ја разберете важноста на големината на екраните и разликата помеѓу големината и резолуцијата. Ви помага да прилагодите функционален работен простор и ви демонстрира како да работите со моделите на веб бои. Последното поглавје од курсот се фокусира на прилагодливиот дизајн, а курсот завршува со практична вежба предизвик, во која секој слушател треба да креира сопствен прилагодлив образец.

Теми

  • прилагодување работен простор за работа на веб
  • модели на веб бои
  • прилагодлив дизајн
  • точки на прекин

Кому му е наменет овој курс?

Овој курс им е наменет на сите оние кои планираат професионално да се занимаваат со дизајн: веб дизајн, графички дизајн, UI & UX дизајн.

Предзнаења

За следење на овој курс потребно е поседување предзнаења опфатени со курсот:

  • Illustrator CC 2015

Практичен дел

Во рамки на практичниот дел од курсот, студентот ќе добие задачи кои ќе треба да ги изработи и достави до својот ментор.

Сертификат

По успешното завршување на курсот, учесникот добива сертификат за успешно завршен курс. Под успешно завршување се подразбира навремено доставување на најмалку 80% од предвидените задачи.

Формат на курсот

Курсот се изведува на далечина, со користење на методологијата менторирано учење на далечина.

Цена

7.669 ден (пакет Премиум)

Вклучено во цената

  • 30 дена пристап до материјалите за учење
  • 4 x 15 мин. менторски сесии (1-на-1, online)
  • сертификат за успешно завршен курс

Ментори

Даниел Јанев работи како графички и веб дизајнер веќе 10 години за најпознатите македонски маркетинг агенции и дизајн студија. Како фриленсер работи и за клиенти од целиот свет на различни проекти од лого дизајн па се до целосни веб решенија и дизајн на мобилни апликации. Специјалност му се едноставни, векторски и минималистички решенија. Моментално работи како Senior Designer во меѓународна невладина асоцијација IDEA. Уредник е на dezen.mk, блог специјализиран за дизајн и фриленсинг.
Портфолио: Dribbblewww.danijanev.com LinkedIn

Ана Тодоровска е графички и веб дизајнер со 8 годишно работно искуство во печатница, графичко студио и маркетинг агенција. Моментално е дел од тимот на маркетинг агенцијата Идеа+, еден од партнерите на веб академијата Еверест. Предизвик ѝ се осмислување на интересни и иновативни комуникациски платформи, герила маркетинг и рекламирање на социјални медиуми. Портфолио

Прашања?

Доколку имате било какво прашање, обидете се одговорот да го најдете во делот Одговори на најчесто поставувани прашања.

предупредување

пријава

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.