СПОДЕЛИ

Дали барате начин да додатете динамичка содржина, податоци од трета страна или анимации на вашиот сајт или апликација? Престанете со потрагата. Во овој курс ќе научите како да ги искористите придобивките на jQuery, open-source JavaScript библиотеката, со која ќе го поедноставите процесотна додавање дополнителна функционалност на веб проектите. Прво, ќе научите како да го употребите jQuery за да извлечете содржина од страницата и да работите со истата со jQuery и CSS. Следно, ќе видите како да изградите нова, динамичка содржина и да ги употребите jQuery настаните за да одговорите на акциите на корисникот. На крајот ќе ви покаже како да додадете анимации и ефекти од вградените библиотеки на jQuery, и да пристапите до податоци на далечина преку AJAX. Сакате да учите и да се тестирате? Тогаш, погледнете ги предизвиците и потоа решенијата, кои детално ќе ве водат низ процесот на решавање на реални проблеми со jQuery.

Теми

  • Употребување селектори и филтери за извлекување информации
  • Креирање, инсертирање и манипулирање со соджина на веб страна
  • Користење CSS за позиционирање содржина
  • Градење справувач со настани
  • Прикажување, криење и исчезнување на елементи на страни
  • Креирање сопствени анимации
  • Пристапување кон екстерни податоци со AJAX

Кому му е наменет овој курс?

Овој курс им е наменет на:

  • лица кои сакаат да станат веб дизајнери и веб девелопери
  • дизајнери кои сакаат да ги прошират својот сет вештини
  • студенти

Предзнаења

За следење на овој курс потребно е поседување знаења содржани во курсевите:

  • HTML: основи
  • CSS: основи
  • JavaScript: основи

Практичен дел

Во рамки на практичниот дел од курсот, студентот ќе добие задачи кои ќе треба да ги изработи и достави до својот ментор.

Сертификат

По успешното завршување на курсот, учесникот добива сертификат за успешно завршен курс. Под успешно завршување се подразбира навремено доставување на најмалку 80% од предвидените задачи.

Формат на курсот

Курсот се изведува на далечина, со користење на методологијата менторирано учење на далечина.

Цена

7.669 ден (пакет Премиум)

Вклучено во цената

  • 30 дена пристап до материјалите за учење
  • 4 x 15 мин. менторски сесии (1-на-1, online)
  • сертификат за успешно завршен курс

Ментори

PetarПетар Трајковски, .NET програмер со 12 годишно искуство. Има работено на сајтови со милионска посетеност (PlayBoy, Dr.Oz) а предизвик му е оптимизација на .NET и SQL код. Бил предавач на Академијата на ИТ Александрија како инструктор за веб дизајн. Во моментот работи за клиенти од Америка и Канада на развој на апликации во област на Research Management.

denisДенис Арслановски, front-end веб девелопер. Експерт за HTML, CSS, jQuery и прилагодлив (responsive) дизајн. Изработува веб страници за клиенти претежно за европскиот и австралискиот пазар.

Прашања?

Доколку имате било какво прашање, обидете се одговорот да го најдете во делот Одговори на најчесто поставувани прашања.

предупредување

 

пријава

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.