СПОДЕЛИ

Независно дали сте искусен професионалец или некој кој неодамна си купил фотоапарат, вашата најдобра инвестиција ќе биде да научите како на најефикасен и најефективен начин да го употребувате Photoshop за да добиете најмногу од вашите слики. Во курсот ќе научите како да го филтрирате шумот и комплексноста, и како да ги добиете резултатите кои ги посакувате. Курсот се концентрира на подобрување и составување на фотографии, автоматизирање на делови од процесот, отсекување, ретуширање и комбинирање на повеќе слики. Дополнително, ќе може да видите како да работите со елементи кои во основа не се слики, како форми и видеа. Овој курс ќе ви ги открие тајните на недеструктивното уредување со Camera Raw, слоеви, маски, режими на мешање, паметни објекти, филтри и друго.

Теми

  • Прилагодување на интерфејсот на Photoshop
  • Менување на големината на сликите
  • Споредување на необработени и JPEG датотеки
  • Преглед на Camera Raw
  • Сечење и исправување
  • Работа со слоеви
  • Трансформирање, изобличување и обвиткување
  • Искористување на паметните објекти
  • Работа со маски на слоеви и режими на мешање
  • Правење селекции
  • Додавање слоеви за прилагодување
  • Ретуширање портрети, вклучувајќи кожа, заби, коса и очи
  • Комбинирање повеќе слики
  • Работа со филтри
  • Креирање карактер, пасус и текст долж патека
  • Слоеви на форми и ефекти на слоеви
  • Боење во Photoshop
  • Креирање time-lapse видеа и анимирани GIF-ови
  • Работа со видео
  • Споделување слики

Кому му е наменет овој курс?

Овој курс им е наменет на сите оние кои планираат професионално да се занимаваат со дизајн: веб дизајн, графички дизајн, UI & UX дизајн.

Предзнаења

За следење на овој курс потребно не се потребни посебни предзнаења.

Практичен дел

Во рамки на практичниот дел од курсот, студентот ќе добие задачи кои ќе треба да ги изработи и достави до својот ментор.

Сертификат

По успешното завршување на курсот, учесникот добива сертификат за успешно завршен курс. Под успешно завршување се подразбира навремено доставување на најмалку 80% од предвидените задачи.

Формат на курсот

Курсот се изведува на далечина, со користење на методологијата менторирано учење на далечина.

Цена

7.669 ден (пакет Премиум)

Вклучено во цената

  • 30 дена пристап до материјалите за учење
  • 60 мин. менторски сесии (1-на-1, online)
  • сертификат за успешно завршен курс

Ментори

Даниел Јанев работи како графички и веб дизајнер веќе 10 години за најпознатите македонски маркетинг агенции и дизајн студија. Како фриленсер работи и за клиенти од целиот свет на различни проекти од лого дизајн па се до целосни веб решенија и дизајн на мобилни апликации. Специјалност му се едноставни, векторски и минималистички решенија. Моментално работи како Senior Designer во меѓународна невладина асоцијација IDEA. Уредник е на dezen.mk, блог специјализиран за дизајн и фриленсинг.
Портфолио: Dribbblewww.danijanev.com LinkedIn

Ана Тодоровска е графички и веб дизајнер со 8 годишно работно искуство во печатница, графичко студио и маркетинг агенција. Моментално е дел од тимот на маркетинг агенцијата Идеа+, еден од партнерите на веб академијата Еверест. Предизвик ѝ се осмислување на интересни и иновативни комуникациски платформи, герила маркетинг и рекламирање на социјални медиуми. Портфолио

Прашања?

Доколку имате било какво прашање, обидете се одговорот да го најдете во делот Одговори на најчесто поставувани прашања.

предупредување

пријава

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.