СПОДЕЛИ

PHP е популарен, сигурен програмски јазик кој е основа на многу паметни веб сајтови кои работат со податоци. Овој обемен курс ќе им помогне на програмерите да ги научат основите на PHP (вклучувајќи варијабили, логички изрази, циклуси и функции), да разберат како да го поврзат PHP со MySQL база на податоци, и да добијат искуство, развивајќи целосна веб апликација со навигација на сајт, валидизација на форми, и администраторска област која е заштитена со лозинка. Ќе ги научиме основните CRUD рутини за ажурирање на базата на податоци, техники на дебагирање, и употреблив кориснички интерфејс. Патем, ќе ви обезбедиме практични совети, примери на најдобри практики, и ќе ви ги демонстрираме техниките на преработување на кодот за да го подобрите постоечкиот код.

Теми:

  • Што е PHP?
  • Инсталирање и гонфигурирање на PHP и MySQL
  • Разгледување на типови на податоци
  • Контролирање на кодот со логички изрази и циклуси
  • Употреба на вградените функции на PHP
  • Пишување прилагодени функции
  • Градење динамички веб сајтови
  • Работа со форми и податоци на форми
  • Употреба на колачиња и сесии за чување податоци
  • Конектирање кон MySQL со PHP
  • Креирање и уредување на записи во базата на податоци
  • Градење систем за управување на податоци
  • Проверување на идентитет на корисникот

Кому му е наменет овој курс?

Овој курс им е наменет на:

  • дизајнери и девелопери кои сакаат да креираат динамички, веб базирани системи и апликации со помош на PHP & MySQL

Предзнаења

За следење на овој курс потребно е поседување знаења содржани во курсевите:

Практичен дел

Во рамки на практичниот дел од курсот, студентот ќе добие задачи кои ќе треба да ги изработи и достави до својот ментор.

Сертификат

По успешното завршување на курсот, учесникот добива сертификат за успешно завршен курс. Под успешно завршување се подразбира навремено доставување на најмалку 80% од предвидените задачи.

Формат на курсот

Курсот се изведува на далечина, со користење на методологијата менторирано учење на далечина.

Цена

10.028 ден (пакет Премиум)

Вклучено во цената

  • 30 дена пристап до материјалите за учење
  • 4 x 15 мин. менторски сесии (1-на-1, online)
  • сертификат за успешно завршен курс

Ментор

Давор Попоски е дипломиран инженер по информатика со 8 годишно работно искуство. Работел како програмер на компјутерски игри, предавал веб програмирање на Академијата на ИТ Александрија. Исто така работел на големи веб проекти како cdr системи, e-learning платформи, софтвер за продукциски студија итн. Моментално работи како head of IT во интернационална компанија.
LinkedIn

Прашања?

Доколку имате било какво прашање, обидете се одговорот да го најдете во делот Одговори на најчесто поставувани прашања.

предупредување

пријава

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.