СПОДЕЛИ

Практичната настава за позицијата Back-end девелопер се спроведува по програма направена според опис на ова работно место. Како и сите останати програми за практична настава, и оваа програма е составена од три компоненти: едукативен дел, практичен дел и менторски сесии.

1. Едукативeн дел
Едукативниот дел има за цел систематски да го покрие најголемиот број вештините кои задолжително треба да се поседуваат. Овој дел ќе биде составен од повеќе модули кои последователно меѓусебно се надоврзуваат. Секој од составните модули е со предодредено времетраење од еден месец.

# основен модул опционен модул
1 HTML: основи HTML5 проекти
2 CSS: основи CSS проекти
3 JavaScript
4 jQuery: основи jQuery проекти
5 Aptana Studio 3
6 GitHub
7 PHP & MySQL
8 Symphony 2

2. Практичен дел:
Практичниот дел ќе биде составен од определен број задачи кои студентот ќе треба самостојно да ги изработи и достави на оценување до својот ментор.
Забелешка: За Aptana и GitHub не се предвидени посебни практични задачи. Овие алатки ќе се користат за сето времетраење на практичната настава во останатите модули.

3. Менторски сесии
Во рамки на практичната настава, секој студент добива личен ментор кој се грижи за неговиот напредок. Секој ментор е искусен професионалец со повеќегодишно искуство во областа. Неговата обврска е да ги прегледува и оценува изработените задачи на студентот а потоа, во термин кој меѓусебно ќе биде договорен, со студентот одржува 1-на-1 онлајн менторска сесија на која дискутираат за задачите кои ги доставил студентот.

Потврда
По успешното завршување на практичната настава студентот добива потврда за изведена практична настава.

Цени за поединечни модули

# модул траење редовна цена цена за студенти
1 HTML: основи 1 месец 7.669 ден 5.000 ден
2 CSS: основи 1 месец 7.669 ден 5.000 ден
3 CSS: проекти 1 месец 7.669 ден 5.000 ден
4 JavaScript 1 месец 7.669 ден 5.000 ден
5 HTML5: проекти 1 месец 7.669 ден 5.000 ден
6 Aptana Studio 3 1 месец 2.359 ден 1.700 ден
7 GitHub 1 месец 3.539 ден 2.400 ден
8 jQuery: основи 1 месец 7.669 ден 5.000 ден
9 jQuery: проекти 1 месец 7.669 ден 5.000 ден
10 PHP & MySQL: ниво 1 1 месец 7.669 ден 5.000 ден
11 PHP & MySQL: ниво 2 1 месец 7.669 ден 5.000 ден
12 Symphony 2 1 месец 2.359 ден 1.700 ден
Вкупно 81.940 55.800
Попусти за студенти за повеќе модули Попуст Модули Траење Цена
Комплетна програма Back-end девелопер 20% 1-12 6 мес. 44.640
Скратена програма Back-end девелопер 15% 10-12 3 мес. 16.235

Менторираната пракса на далечина е комерцијална услуга која Марјановиќ Едукација по бенефицирани цени ја нуди исклучиво за студентите од:

  • Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во Скопје,
  • Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје,
  • Факултетот за информатика при универзитетот Гоце Делчев во Штип,
  • Факултетот за современи науки и технологии при универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

Доколку Вашиот факултет не се наоѓа на оваа листа, контактирајте нè на contact@everest.mk за да ви дадеме натамошни инструкции.

пријава

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.