СПОДЕЛИ

Треба да ви признам нешто.

Првиот пат кога сакав да ги учам овие вештини, си наоѓав многу оправдувања зошто не можам. Толку многу оправдувања, што дури имав и оправдување на оправдувањето: “Не можам да научам да кодирам затоа што немам време, а немам време затоа што навистина сум презафатена.”

Реално, си трошев време кое можев да го употребам за да научам многу и да напредувам. И така, научив една малку болна и непотребно одложена лекција: “Ако навистина сакаш нешто, не постои никакво оправдување и секогаш се наоѓа време. ” Затоа денес ќе се обидам да ги разоткријам 5-те најголеми митови кои си ги кажуваме себеси за учењето код online, и се надевам дека ќе ве поштедам од непотребни главоболки, нервози – и оправдувања.

МИТ 1. Тешко е

Треба да сум генијалец, така?

Не, не треба да сте генијалец, ниту математичар, ниту да ве сметаат за следното чудо во Силиконската Долина. Секој може да научи да кодира! Не постои магична прашина со која треба да се испрскате, ниту посебен критериум кој треба да го исполните. Просто речено, доколку сте отворени кон учењето и сакате да ги вежбате новостекнатите вештини, може да научите да кодирате.

И колку повеќе учите, толку полесно ќе откривате што е она во кое најмногу уживате…. и потоа ќе се фокусирате да научите повеќе околу таа област!

МИТ 2. Скапо е

Дали мора да се вратам на училиште?

Вие сте итри и знаете што треба да направите. Секое брзо пребарување на Google ќе ви даде резултати за online часови за кодирање или обуки кои може да се бесплатни, но може и да чинат и неколку илјади долари.

Но, еве ја вистината. Вам всушност и не ви треба диплома за да сте успешни. Може да почнете да ги усовршувате вештините од дома, во вашите удобни тренерки. Има многу текстови на блогови, Youtube туторијали и online курсеви како оние на веб академијата Еверест – кои може брзо да ве доведат до успешна кариера во ИТ технологијата, без да мора да ограбите банка.

МИТ 3. Треба многу време за да се научи

Не сакам да почнам со работа за 5 години, сакам за 2 недели!

Дали би сакале да одвоите еден час дневно за да донесете позитивни промени во вашиот живот? Доколку одговоривте потврдно, тогаш може да почнете да учите и да си го менувате животот уште денес. Само еден час. Само толку ви треба за да почнете. Онаа старата поговорка: “мора да научиш да одиш, пред да можеш да трчаш,” важи и сега, но ќе се изненадите колку брзо може да научите да “трчате” во ИТ.

Ако ги научите основите на HTML & CSS може да почнете да градите и да дизајнирате веб страници и веб апликации од почеток, да си ја подобрите видливоста на пребарувачот на вашиот блог, да дизајнирате убави, прилагодливи образци за веб страница… и да го воодушевите вашиот шеф! Она што ќе го сфатите е дека кога уживате во темите кои ги учите, времето лета.

МИТ 4. Кодирањето не е за мене

Јас сум многу страствен и креативен, дали воопшто ќе може се вклопам?

Има многу начини да успеете во ИТ. Не мора да сте врвен програмер, да работите на компјутер по цел ден или да влезете во било која стереотипна слика.

Независно која страна од мозокот ви е подобра, додавањето на ИТ вештините во репертоарот на вашите знаења може да ви отвори неограничени можности. Нема да мора да сте ограничени во традиционалните професии. Може да ги споите вашата страст и ИТ вештините, и да најдете работа која навистина ви одговара.

МИТ 5. Доцна е за мене

Јас сум СТАР!

Колку неточно! Никогаш не сте престар (ниту премлад) за да научите да кодирате. За среќа, желбата за успех не се ограничува со возраста. И повторно, ако сакате да учите и да ги вежбате вештините, може да успеете се’ што ќе наумите. Точка!

Се надевам дека сфативте дека вашата намера да научите да кодирате ви значи повеќе отколку што претходно мислевте. Вие нема да научите само да кодирате, туку и ќе се стекнете со алатки кои ви се потребни за да си го смените животот. Затоа, направете чекор напред, отфрлете ги сите оправдувања и почнете да учите. Всушност, придружете ни се на веб академијата Еверест и усовршете го кодирањето, изградете дигитално портфолио и многу повеќе!

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.