Бри Веилер Рејнолдс е советник за кариера и директор за online содржина во FlexJobs, наградувана страница за телекомуникација, флексибилен распоред и листи на хонорарни професии. Бри сака да обезбеди практични информации и ресурси за да им помогне на луѓето да ги надминат пречките и да ја откријат среќата во кариерата. Со искуство во човечки ресурси и советување за кариера, Бри има 10 годишно работно искуство со луѓе кои бараат работа и вработени, и таа нуди совети за кариера, вработување и рамнотежа помеѓу личниот и професионалниот живот преку FlexJobs Blog и социјалните медиуми.
Ако воопшто постои индустрија која целосно се пронаоѓа во мотото “работи од дома” тогаш тоа е ИТ. Со компјутер и брз интернет, овие ИТ професии може да се извршуваат од било каде во светот и не се повеќе ограничени на традиционалните канцеларии. Токму затоа, FlexJobs неодамна објави листа на 76 виртуелни компании и дистрибуирани тимови. Иако листата ја сочинуваа компании во секакви форми, големини и индустрии, 5-те ИТ компании се олицетворение на она како вистински изгледа денешната работна сила: брза, колаборативна и најважно, виртуелна.
Покрај тоа што постојат ИТ професии на далечина кои бараат цврсто техничко искуствo и стручност, има и такви професии кои се за почетници или кои ги поддржуваат ИТ компаниите, но не се технички самите по себе.
Ако сакате да запливате во водите на технологијата, еве ви неколку професии од кои може да изберете:
1. ВЕБ И МОБИЛЕН ПРОГРАМЕР
Оваа почетничка позиција од вас ќе бара да развивате код за различни проекти. Покрај програмерски вештини како Ruby on Rails, Drupal, или Coldfusion, оваа професија бара силни комуникациски (говорни и писмени) вештини.
2. IOS ПРОГРАМЕР
Со оваа професија ќе развивате iPad/iPhone апликации. Ќе треба да тестирате софтвер за кориснички интерфејс и употребливост, а потребни ви се вежтини за изработка на софтвер. Повремено, ќе треба лично да присуствувате на состаноци.
3. RUBY ПРОГРАМЕР
Ruby програмерот работи на развивање на проекти кои може да бидат во опсег од мали апликации па сѐ до големи системи. Потребно е претходно професионално и лично искуство.
4. ПОМЛАД ВЕБ ДИЗАЈНЕР И ДЕВЕЛОПЕР
Ќе помагате во дизајнирањето и креирањето на веб апликации и веб страници при тоа употребувајќи го вашето знаење во HTML5, CSS3, C#, и ASP.NET MVC. Идеалните кандидати треба да имаат интерес за jQuery и основни познавања од JavaScript.
5. DEVOPS ИНЖЕНЕР
Ќе работите на cloud програми за да создавате апликации кои работат во различни околини. Треба да имате една година искуство од DevOps и двегодишно искуство со Ruby on Rails.
Доколку пак сте заинтересирани за ИТ индустријата, но повеќе како поддршка отколку како вработен во стручно техничка област, еве ви неколку опции:
6. ТЕХНИЧКИ АВТОР (ПИСАТЕЛ)
Ќе скицирате и прегледувате инструкциски материјали. За оваа позиција на далечина треба да имате претходно искуство и знаење од техничката работа.
7. ПРОЦЕНИТЕЛ НА ПРЕБАРУВАЧИ
Проценителот на пребарувачи (кој се нарекува и Интернет проценител) треба да има големо познавање од социјалната култура, медиумите и веб културата. За оваа позиција треба да сте комуникативен и да имате многу брз интернет. Ова најчесто е хонорарна телекомуникациска позиција.
8. ПРЕТСТАВНИК ЗА УСЛУГА ЗА КОРИСНИЦИ
Како претставник за услуга за корисници ќе ги примате дојдовните повици и електронската пошта, ќе одговарате на чет, ќе внесувате податоци во системот и ќе им помагате на клиентите околу нивните прашања и нарачки и ќе решавате технички проблеми.
9. АНАЛИТИЧАР НА КОРИСНИЧКО ИСКУСТВО
Попознат како UI/UX, аналитичар, ќе ги вреднувате информациите на веб и програмите според грешките кои ги јавуваат и употребливоста, ќе давате извештај и ќе давате препораки за подобрување на дизајнот и развојот.
10. ИНЖЕНЕР ЗА УСПЕХ НА КЛИЕНТИТЕ
Ќе бидете задолжен за привлекување на нови клиенти,ќе помагате во процесот на интеграција, ќе обезбедувате обуки и ќе давате дополнителна поддршка. Оваа позиција бара искуство во веб програмирање и решавање проблеми.
Заклучок
Како што можете и самите да заклучите, работа и работни места има сосема доволно. Главното прашање е: дали сте подготвени?
Ако ве привлекува можноста еден ден и вие да си обезбедите одлично платена работа без да емигрирате, првиот чекор кој би требало да го направите е да го стекнете она што е од суштинско значење – практични знаења и вештини. Еден од начини да го направите тоа е да се запишете на стручни студии на далечина на Еверест каде што ќе учите од дома работејќи на практични задачи и проекти, под водство на искусни ментори. За почеток запишете се на некој од нашите бесплатни воведни курсеви за идни веб специјалисти а потоа разгледајте ги нашите студиски програми.