СПОДЕЛИ

Фонтовите и типографијата се важен дел од секој веб дизајн, а во последниве години можностите за веб дизајнерите навистина се зголемија. Постојат многу одлични алатки и ресурси кои би ви помогнале на најразлични начини со типографијата. Во овој пост ќе ви претставам 10 ресурси кои може да ви се од корист во вашата работа. Некои од нив се бесплатни, а некои комерцијални.

Font Squirrel

Font Squirrel е најверојатно ресурсот за фонт кој јас најчесто го употребувам. Станува збор за сајт на кој можете да превземете стотици бесплатни фонтови, а најдобро е тоа што сајтот се фокусира само на фонтови кои се лиценцирани за комерцијална употреба. Иако постојат многу сајтови кои нудат фонтови за бесплатно превземање, ако ги разгледате условите по кои се нудат, ќе забележите дека најголемиот број од нив се бесплатни само за лична употреба. Токму кога ќе помислите дека сте го нашле вистинскиот фонт за вашиот проект, ќе откриете дека истиот не смее да го употребувате комерцијално, туку само за лична употреба. Овој тип на нервози можете да ги избегнете токму со Font Squirrel.

typo-resources-1Фонтовите на Font Squirrel се категоризирани по тип, со категории од типот на serif, sans serif, slab serif, grunge, handdrawn, итн. Исто така, можете да превземете @font-face комплети кои се соодветно лиценцирани, а сајтот, дополнително нуди и веб фонт генератор.

Google Fonts

Google Fonts е уште еден одличен извор за фонтови кои се бесплатни за комерцијални проекти. Сите фонтови кои ви се на располагање на Google Fonts се со отворен код. Станува збор за огромна селекција, во моментов на повеќе од 600 фонтови. Можете да ги превземете фонтовите на вашиот компјутер или едноставно да го земете кодот за да ги употребите во вашите веб дизајни. Имплементирањето на Google Fonts со веб сајт е лесно, и вклучува само копирање и вметнување на неколку реда код кој ви го обезбедува сајтот.

typo-resources-2Кога ги прелистувате фонтовите можете да го стесните изборот по категорија и популарност. Можете да прегледте и споредите неколку фонтови, што е особено корисно кога се обидувате да одлучите кој фонт најдобро одговара на вашиот проект.

Typekit

Typekit, од Adobe, ќе ви дозволи да изберете од стотиците фонтови кои ги нуди за веб дизајн проекти. За да ги употребите фонтовите треба само да додадете ред код. Typekit нуди одлична библиотека на професионални фонтови кои помагаат да го подобрите вашиот дизајн. За да го употребувате Тypekit ќе треба да се претплатите, почнувајќи со 24.99 долари годишно, или ако сте член на Creative Cloud може да пристапите преку таа корисничка сметка.

typo-resources-3

Webtype

Webtype, како Fontdeck и Typefkit, е премиум опција за професионални фонтови. Тие нудат импресивна библиотека на фонтови и бесплатен период од еден месец. Цените почнуваат од 20 долари годишно по фонт, па нагоре, во зависност од прегледите по страница. Webtype ви нуди брзо и едноставно прилагодување, и имаат интересна Font Swapper алатка. Со Font Swapper може да погледнете како веб страницата ќе ви изгледа со различни фонтови од Webtype.

typo-resources-6

Typecast

Typecast е корисна апликација која ви овозможува набрзина да нанесете стил на текстот во прелистувачот, да ги прегледате читливоста и визуелниот приказ. Можете да изберете од 23000 различни фонтови и да споредувате два фонта еден до друг. Typecast ви го креира CSS кодот кој треба да го употребите во вашиот дизајн. Цените почнуваат од 29 долари месечно, што вклучува и free fonts.com претплата.

typo-resources-5

WhatTheFont

WhatTheFont е одличен ресурс за идентификување фонтови. Ако имате слика која употребува фонт и сакате да знаете за кој фонт станува збор, може да ја закачите сликата или да ја специфизирате URL адресата на сликата, а WhatTheFont ќе се обиде да го идентификува фонтот за вас. Други опции за слични задачи се Identifont и What Font Is.

typo-resources-7

Adobe Edge Web Fonts

Adobe Edge Web Fonts е бесплатно хостирана услуга која ви дозволува да додавате фонтови на вашите веб страници. Работи на Typekit, но без сите комерцијални фонтови кои им се обезбедени на корисниците на Typekit. Сепак, станува збор за одлична бесплатна опција. Една од најголемите придобивки е тоа што се интегрира со други алатки на Adobe и услуги како Edge Animate, Edge Reflow, и Edge Code.

typo-resources-8

Awesome Fontstacks

Awesome Fontstacks е одличен бесплатен ресурс кој може да ви помогне брзо и лесно да изберете фонт. Обезбедува повеќе од 600 различни комбинации на фонтови кои одговараат еден на друг и може да се употребуваат заедно. Може да го изберете комплетот на фонтови кој сакате да го употребитесе и да го превземете CSS кодот директно од сајтот. Може да креирате и сопствена комбинација на фонтови од селекцијата на бесплатни фонтови.

typo-resources-9

Wordmark.it

Wordmark.it е апликација (на располагање и како Google Chrome add-on)  која може да ви помогне во изборот на фонтови така што ви дозволува да погледнете зборови и фрази со нанесен фонт по избор. Исто така, можете да прегледувате текстови во секој фонт кој е инсталиран на вашиот компјутер, па ако имате голем број на фонтови кои се инсталирани на вашиот компјутер, оваа алатка може навистина да ви заштеди време.

извор vandelaydesign

Дали сте знаеле…

… дека типографијата (уметност и техника на аранжирање фонтови) е основата на секој дизајн, вклучувајќи го и веб дизајнот? Ако сакате да станете одличен (веб) дизајнер, ова е една од работите која ќе морате да ја совладате.

Типографијата можете да ја совладате како поединечен курс или во рамки на студиската програми за UX дизајн на веб академијата Еверест.

Највредниот дар кој го поседуваат луѓето е грижата и споделувањето.
Споделете го тоа што го имате, грижете се за тие кои ги имате.

Ако ти се допадна статијава, сподели ја со своите пријатели.
Ќе ги израдуваш и нив и нас.

Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.