СПОДЕЛИ

Со оглед на тоа што сме на почеток на годината, сигурен сум дека има многу креативци кои сега седат во агенција и си размислуваат што носи иднината за нивната кариера. Помина сезоната на пофалби и оценувања.

Сигурен сум дека сте размислувате да почнете сами да работите. За сите оние кои сакаат да се обидат го напишав моето искуство од пред 2 години, кога и јас го направив истото.

Јас и мојот деловен партнер ја основавме Article во октомври 2013. И двајцата претходно со години работевме во познати агенции за брендирање во Лондон, а одлуката ја донесовме девет месеци пред да ја отвориме фирмата.

Како и што почнуваат повеќето добри идеи, така и оваа започна од полупијан разговор во бар. И двајцата зборувавме за тоа што не е добро во нашата индустрија, што не нервира, бла, бла, бла. И обично ништо не се случува до следното седнување во кафуле кога одново ќе почнат истите муабети. Но, овој пат не беше така. Ние дури и направивме план.

По само три години станавме петторица во студиото во Далстон, не многу далеку од барот во кој дојдовме до идејата. Нема да го освоиме светот, а и сигурно дека нема да живееме од пензијата со овој профит, но сепак имаме добар почеток.

Затоа си помислив да споделам со вас практични совети од она што го научив на мојов пат досега, бидејќи има уште многу.

1. НАЈДЕТЕ ПАРТНЕР (КОЈ ВИ СЕ ДОПАЃА!)

Полесно е да се каже отколку да се направи, знам. Немаше шанси јас ова да го направам сам. Јас и мојот ко-основач уживаме во нашата деловна соработка уште од првиот ден. Ако моето искуство се зема во предвид, тогаш на почетокот, вашиот деловен партнер е човекот со кој ќе поминувате многу повеќе време отколку со вашиот партнер или семејство. Затоа наоѓањето на вистинскиот партнер е од огромно значење. Мора да сте сигурни дека ќе можете да работите заедно. Колку помало его, толку подобро. Работите одамна ќе се распаднеа ако не знаевме отворено да си ги преиспитуваме идеите и работата.

2. ПРАВЕТЕ РАЗЛИЧНИ РАБОТИ

Често студијата или агенциите почнуваат со два дизајнери кои имаат различен сет вештини, па со тоа и си ја зголемуваат понудата. Дури и кога ја развивме агенцијата, баравме луѓе кои прават нешто што ние не знаеме да го направиме. Така може да учиме еден од друг, и да продолжиме да се развиваме како индивидуалци.

3. НАПРАВЕТЕ МРЕЖА ПОРАНО

Не би биле денес тука, ако не беа луѓето кои ни дадоа работа. Навистина се исплатува да развиете мрежа однапред. Често слушам луѓе кои велат  ‘Ако работиш како што треба, работата сама ќе доаѓа кај тебе’. И тоа е точно, но мора да имате некоја работа за да започнете. Мора да излезете надвор и да се дружите. Да им покажете на потенцијалните клиенти што имате. Не мислите дека некој ќе дојде кај вас. Уживајте во ловот.

4. ВНИМАВАЈТЕ НА РЕЖИСКИТЕ ТРОШОЦИ

Да работиш во областа на технологијата значи дека единствени алатки кои ти се потребни се мозок и лаптоп. Можеби звучи очигледно, но сепак да си кажам. Не се занесувајте да изнајмувате модерно студио. Работете прво од дома, ако треба. Одете во клуб или некоја деловна просторија само кога треба да се сретнете со клиенти. Обидете се да растете органски. Бидете трпеливи. Модерното студио и кутијата со нови компјутери може да почекаат.

5. ТРГНЕТЕ СЕ ОД РАБОТНАТА МАСА

Почнувајќи со двајца, и работејќи од дома, значи целосна промена на работната околина. Го нема дневниот ритуал на патување до работното место. Нема кафе муабети. нема ручек со членовите на тимот по работно време. Понекогаш мора да се присилите да излезете и да комуницирате со други луѓе. Организирајте состаноци насекаде низ градот, едноставно не дозволувајте да направите рутина од седење дома. По секоја цена избегнувајте да паднете во замката на удобноста на домот.

6. БИДЕТЕ ЉУБЕЗЕН

Во минатото сте работеле со фантастични луѓе во некоја агенција, и на заминување си посакавте само сé најдобро. Со тоа што сте пристојни со старите колеги, без многу его може, како нас, старите колеги да сакаат да ви помогнат на почетокот од бизнисот. За нас нивната поддршка беше од непроценливо значење.

7. ТОА ШТО СТЕ МАЛА КОМПАНИЈА НЕКА БИДЕ ВАШАТА ПРЕДНОСТ

Кога почнавме бевме многу нервозни заради несигурноста дали ќе може да добиеме работа. Мислевме дека клиентите повеќе ќе ја бараат сигурноста која ја имаат големите компании. Си мислевме дека е проблем што сме само двајца момци во две празни соби. На почетокот многу се плашевме. Но, сега, фактот што нашата агенција е мала е нашата најдобра реклама. Тоа значи дека нашите клиенти знаат со кого ќе работат. Знаат дека нема да има некој прекомплициран процес, и секако, знаат дека помала агенција значи и помал трошок.

8. ИСКОРИСТЕТЕ ГО ВРЕМЕТО КОГА НЕМАТЕ МНОГУ РАБОТА

За нас работите се менуваа многу брзо. Отидовме од мала соба по дома, во двојно поголем простор. Имавме среќа. Но, јас верувам дека секој си ја создава својата среќа. Е, сега ова може да оди и во спротивниот правец. Може да се мислите како ќе успеете да завршите сé за што сте се нафатиле, но може и да имате премалку клиенти. Подгответе се и за гозба и за гладување. Кога работите се тивки, има некои работи кои може да ги направите за својот бизнис, од себе промовирање, до подобрување на вашиот веб сајт и вашата присутност на интернет, па сé до бркање на нови деловни зделки. Употребете го времето на затишjе мудро.

9. ПАРИТЕ СЕ ВАЖНИ

Креативните работници се познати по тоа што не знаат да работат со финансии. И ние не бевме поинакви. Затоа, најдете си добар сметководител. Нам тоа многу ни помогна, но и ние научивме многу. Сега, дури и уживаме во финансиските работи.

Можеби звучи очигледно, но ставете колку што е можно повеќе готовина во банка. Не се потпирајте на тоа дека фактурите ќе ви бидат навремено исплаќани. Затоа, обидете се да имате некоја сигурносна мрежа за да не паднете. Бизнисите не пропаѓаат затоа што немаат пари, туку затоа што ја потрошиле готовината.

10. ПОЧИТУВАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ ХОНОРАРЦИ

Без нашиот тим на неверојатни таленти ние не би биле овде денес. Секогаш ги третираме со почит, како и што заслужуваат. Секој кој влегува низ нашата врата се третира како да е вработен со полно работно време. Се обидуваме нашите хонорарци да ги ставиме во срцето на нашите проекти. Тие се поангажирани, подобро работат и целата атмосфера во нашето студио е многу подобра. Културата е сé.

Ова се само неколку од работите на кои се сетив, и се надевам дека некому ќе му бидат корисни. Искрено може да кажам дека последниве две години беа најинтересните и најпродуктивните во мојата кариера. Научив многу повеќе од она што можев да го научам како вработен. Стасавме до две години и едвај чекаме да видиме што ќе донесе 2016. Кој знае? Можеби за неколку години ќе имам друго да кажам, но знам дека што и да се случи, никогаш нема да зажалам што се обидов.

А сега, вие сте на ред…

Ако имате своја фирма или агенција, кое е вашето искуство? Имате ли совет кој би сакале да го споделите? На што според вас треба да се внимава на почетокот? Споделете ги вашите размислувања во полето за коментар.

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.