СПОДЕЛИ

Да направите сопствена веб страница може да ви изгледа како добра идеја доколку сте ограничени со пари. Па, подоцна откако ќе почнете да правите капитал ќе ангажиратеи дизајнер, и тогаш ќе се грижите за помалку важните работи.

Размислувате така, нели?

Но, дизајнот е многу поважен отколку што може да си замислите, особено на почетокот од работењето кога сакате да го проширите бизнисот. Кога водите online компанија, мислењата на посетителите секогаш се базираат на деталите од вашиот дизајн.

На клиентите треба да им го задржите вниманието. Тие веќе веруваат на неколку големи брерндови, па зошто наеднаш треба да почнат да ви веруваат и вам? Затоа, доколку не сакате да ги изгубите, мора да им го привлечете вниманието и да ги восхитите уште во првите неколку секунди.

Деталите се оние кои ја прават разликата и токму тие мора да се внимателно одбрани доколку сакате да изградите бренд од доверба и да акумулирате приходи. Во овој пост, ќе позборуваме за најчестите грешки во веб дизајнот кои ги прават дизајнерите-аматери. Дури и ако имате ограничени дизајнерски способности, ќе може да ги забележите некои од најчестите дизајнерски грешки кои се провлекле во вашиотѕ веб дизајн.

Забелешка: Примерите кои се употребени во овој пост се компании кои побарале мислење и повратна информација за споменатите веб страници.

1. Несоодветна употреба на образци

1Јас не одобрувам употреба на образци кај големи комании, но кај мали бизниси може да ја разберам потребата од нивната употреба. Меѓутоа, доколку веќе употребувате образец би било пожелно да ангажирате дизајнер кој ќе го прилагоди образецот во согласност со вашето брендирање. Тогаш, може да добиете дури и навистина добар продукт.

Чест проблем на веб страниците изградени со однапред дизајнирани образци е слабата визуелна врска помеѓу логото и остатокот од веб страницата. Најчесто има бои во логото кои не се повторуваат никаде во остатокот од веб страницата, или пак фонтови кои не одговараат со фонтовите на страницата.

Затоа, доколку штедите на пакетот за развивање на брендот, обидете се барем образецот да не е толку очигледен.

2. Употреба на предодредениот изглед

Различна, но сепак подеднакво ужасна грешка е да го употребите предодредениот дизајн за веб страницата на вашата компанија. Никого нема да залажете употребувајќи Open Sans. Тешко може да се направи разлика помеѓу сите веб страници кои употребуваат ист дизајн, и токму тоа може да му штети на вашиот бренд.

Она што ќе ве издаде е Font Awesome, кој, исто како и Bootstrap, доби голема популарност благодарение на опсежната библиотека на скоро сите икони со конзистентен визуелен јазик. Доколку ова го употребувате како дополнение на комплекен интерфејс е сосема во ред, но нели вашата апликација треба да е пооргинална од три генерички икони?

Зошто да не се обидете да најдете друг, подетален сет со икони за да ги илустрирате главните точки на продажба? Или, една луда идеја, зошто не ангажирате илустратор да го направи тоа за вас?

3. Проблеми со контрастот во типографијата

3Фонтовите се многу поважни отколку што повеќето не-дизајнери мислат. Тие може да го надополнат или целосно да го уништат вашиот дизајн.

Најчестиот проблем на веб дизајните кои се од “домашно производство” е тоа што најчесто има многу мал контраст помеѓу буквите во насловот и телото на текстот. Додавањето на различна големина на букви нема да ја заврши работата. Употребете букви со поголема тежина за фонтот во насловот и направете тој да биде очигледно поважен од остатокот од текстот. Ова ќе помогне при градењето на хиерархијата и суптилно ќе го води окото низ содржините на веб страницата.

4. Употреба на темни позадини

4Бојата на позадината го покрива најголемиот дел од вашата веб страница, па затоа внимателно избирајте.

Како по правило, целосно црни позадини никогаш не изгледаат добро, освен ако не се професионално дизајнирани. Белата боја е сигурен избор, но повеќето дизајнери сe повеќе употребуваат светло сива. Имајте на ум дека колку е потемна нијансата на сивата боја, толку потешко се читаат црни букви на неа. Најдобро е да останете под 15% на црна во сивата за да имате светол дизајн.

5. Повеќе еднакви повици за акција (Calls to Action-CTA)

5Секоја страница на вашиот веб сајт треба да има само еден главен повик за акција. Посетителите ќе се збунат доколку не им дадете само една акција која треба да ја завршат. Тогаш најверојатно ќе им треба повеќе време за да донесат одлука и да реагираат, и токму тоа може да е главната причина поради која ќе ја напуштат вашата веб страница.

Задолжително елиминирајте колку што е можно повеќе повици за акција и направете луѓето да донесат одлука без многу да размислуваат. Независно дали тоа ќе биде копче за најавување или избирање, направете го изборот очигледен со тоа што графички ќе го потенцирате само тој дел, додека другите опции направете ги помалку атрактивни и помалку изразени.

6. Проблеми со порамнувањето и празниот простор

6Прилагодувањето на празниот простор може да е тешко. Да оставите доволно, но не и премногу празен простор околу елементите е најтешкиот дел од смислувањето на дизајнот. Но, може да го поедноставиме со неколку едноставни правила. Прво, сите елементи правилно групирајте ги и второ, оставете доволно празен простор околу групите.

7. Непрофесионален текст

7Пишувањето на текстови е тешко, но на интернет е многу важно да успеете да ја пренесете поентата. особено ако се обидувате да продадете нешто. Мора да сте сигурни дека текстот е лесен за разбирање и дека е прегледан од лектор кој ги има поправено сите граматички и правописни грешки.

Често читам чудни реченици по текстовите на веб страниците што изгледа како да се останати прототипи во позиции на кои би требало да има текст од првите етапи од развојот на страницата. Многу е важно некој да го препрочита целиот текст пред веб страницата да се објави.

8. Проблеми со читливост

8Доколку текстот не може да се прочита, веќе не е ни важно колку е добар. Многу мали детали може да влијаат врз тоа како ќе се чита текстот, и следствено на тоа, како ќе се гледа на вашата комапнија.

Внимателно решете ги проблемите како мала висина на редот, ситен фонт или премал контраст помешу содржината и позадината. Иако овие работи реално на повеќето луше не им предизвикуваат вистински проблем при читањето, сепак, самиот факт дека постои проблем на вашата веб страница прави таа да изгледа помалку професионално. Замислете си го Facebook со такви грешки!

9. Неконзистентност

9Би било идеално кога вашиот бренд би бил конзистентен. Секаде каде што ќе се појавите, независно дали тоа било социјален медиум, реклама на Facebook или offline, вашите корисници мора да можат веднаш да го препознаат вашиот бренд.

Но, прво да се вратиме чекор наназад и да сме сигурни дека се е конзистентно на нашата веб страница. Дали имате стилови кои поминуваат врз вашиот фонт? Дали боите на вашето лого совршено се совпаѓаат со оние на веб страницата? Дали ја употребувате истата нијанса и сенка или само нешто доволно приближно? Доколку ги одржувате вашите CSS датотеки организирани и го бришете сиот непотребен код, ќе успеете да го поправите проблемот со неконзистентност.

10. Дизајн кој не е во тренд

10Ни се допаѓало тоа или не, се простивме со скеуморфизмот за сега, и сите веб страници кои употребуваат тешки веб дизајни со сенка и прелевање едноставно изгледаат застарено. Иако може да пробате да се подобрите со додавање на 3Д ефекти, сепак најдобро е да погледнете во креативните опции кои ги нуди рамниот дизајн.

Тоа се 10-те најчести проблеми кои ги сретнав анализирајќи голем број на почетни страници на новоотворени компании. Сега прегледајте ја вашата веб страница уште еднаш и проверете дали ги следи советите дадени во текстот.

Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.